Темелите на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром, најави за отворање на уште четири економски зони, поевтинување на лековите, зголемување на пензиите...
Најавеното намалување на цените на околу 200 лекови од средината на овој месец и зголемувањето на февруарската пензија за 550 денари се само дел од повластиците со кои беа почестени деновиве граѓаните токму во периодот на изборната кампања. Јасно е дека станува збор за една веќе востановена практика од типичен карактер за нашиот политички амбиент која само добива сè погруби и појасни облици, анализираат експертите.
„Тие мислат дека имаат право да прават одредени потези кога тие сметаат дека е најповолниот момент и не случајно секогаш поволните моменти се одбираат во предизборието. Тоа е оној дегутантен дел во кој власта не се грижи многу за опозицијата и за народот“, изјави професор Алајдин Демири.
Јасно е дека сите овие потези се планирани поодамна да се случат токму во текот на изборната кампања, вели професор Никола Дујоски и до некаде според него логиката е јасна, владата им обезбедува логистика на своите кандидати во рамките на нивната борба за победа на изборите, иако, како што и тој и Демири сметаат, станува збор за невообичаена практика за развиените демократии.
„Некако последните изборни циклуси во Македонија тоа стана практика и пополека веројатно станува нормално. Сепак, светското и особено европските искуства во западните демократии не се такви, кампањите не се толку ригидни како кај нас и владејачките партии не го користат секој можен момент за да промовира, во време на изборна кампања, вакви дела“, вели Дујоски.
Проблемот или добрата основа за преземање на вакви активности е и тоа што кај граѓаните тоа има добар прием и сè уште ја постигнува целта, додаваат експертите и сè додека е тоа така, власта нема да пропушти да ги користи.
„И народот ги прифаќа, добри се, ги голта и како да гледа оптимизам во тоа“, вели Демири.
„Јас се надевам дека граѓаните сè повеќе и повеќе ќе ги препознаваат ваквите работи како некарактеристични за период на предизборна кампања“, вели Дујовски.
Списокот на активности од ваков тип се зголемува. Деновиве е најавено отворање на уште четири економски зони. Вчера беа удрени темелите на грандиозниот спортски центар „Јане Сандански“ во населбата Аеродром.
Тие мислат дека имаат право да прават одредени потези кога тие сметаат дека е најповолниот момент и не случајно секогаш поволните моменти се одбираат во предизборието. Тоа е оној дегутантен дел во кој власта не се грижи многу за опозицијата и за народот.Алајдин Демири, универзитетски професор.
Јасно е дека сите овие потези се планирани поодамна да се случат токму во текот на изборната кампања, вели професор Никола Дујоски и до некаде според него логиката е јасна, владата им обезбедува логистика на своите кандидати во рамките на нивната борба за победа на изборите, иако, како што и тој и Демири сметаат, станува збор за невообичаена практика за развиените демократии.
Некако последните изборни циклуси во Македонија тоа стана практика и пополека веројатно станува нормално. Сепак, светското и особено европските искуства во западните демократии не се такви.Никола Дујоски, универзитетски професор.