И покрај тоа што граѓанските организации од Дебар во соработка со домашни и странски фондации изградија повеќе пристапни рампи за хендикепираните лица кои користат колички, сепак во повеќе институции и објекти во градот рампите сè уште ги нема.
Проблемот со пристапните рампи за лицата со посебни потреби во Дебар и понатаму е актуелен. И покрај тоа што граѓанските организации во соработка со домашни и странски фондации изградија повеќе пристапни рампи за хендикепираните лица кои користат колички, сепак во повеќе институции и објекти во градот рампите сè уште ги нема. Пред извесно време неколку пристапни рампи беа изградени и од страна на локалните и централните институции, но проблемот не е надминат.
„Ние како невладин сектор досега имаме реализирано доста проекти за лицата со посебни потреби. Повеќето од овие проекти беа и за изградба на пристапни рампи во градот Дебар. И покрај тоа што до сега се изградени пристапни рампи во двете основни училишта и во средното училиште, сепак недостигаат пристапни рампи во повеќе значајни институции кои ги користи оваа категорија на лица. Така нема пристапни рампи во дебарската пошта, потоа во дебарската филијала на Стопанска банка, повеќе прехранбени маркети и други јавни објекти“, вели претставникот на невладиниот сектор во Дебар Илми Куртиши.
Куртиши кој е еден од првите активисти на граѓанскиот сектор кој се ангажираше за изградба на пристапните рампи смета дека не е доволно сторено во однос на давањето на целосни можности на оваа категорија на лица да истите немаат бариери во нивното движење. Десетина проекти се реализирани за симнување на овие бариери за лицата со посебни потреби, но целосно овој проблем не е надминат. Заради оваа состојба активностите продолжуваат вели тој.
„Поради надминување на проблемите со недостигот на пристапните рампи во Дебар, имаме редовни контакти со локалната власт, да заедно ги надминеме овие проблеми, и да изградиме пристапни рампи онаму каде ги нема, а се потребни со цел да немаат бариери наведените лица со посебни потреби“, истакнува Куртиши.
Поради силните притисоци врз локалната власт, невладиниот сектор очекува да се постават пристапни рампи за оваа категорија на лица и онаму каде тие недостигаат.
Инаку во Дебар најголемиот дел од тротоарите и улиците ги немаат потребните градежни спустови за движење на лицата со посебни потреби кои користат колички. Заради оваа состојба, локалната власт веќе вети дека со најавената реконструкција на централната улица која ќе се санира ќе се овозможи и спустови на тротоарите во согласност со градежните стандарди.
Ние како невладин сектор досега имаме реализирано доста проекти за лицата со посебни потреби. Повеќето од овие проекти беа и за изградба на пристапни рампи во градот Дебар. И покрај тоа што до сега се изградени пристапни рампи во двете основни училишта и во средното училиште, сепак недостигаат пристапни рампи во повеќе значајни институции кои ги користи оваа категорија на лица. Така нема пристапни рампи во дебарската пошта, потоа во дебарската филијала на Стопанска банка, повеќе прехранбени маркети и други јавни објекти.Илми Куртиши, претставник на невладиниот сектор во Дебар.