Скоро 40 отсто од честитките по моето стапување на функцијата доаѓаат од граѓани кои не и припаѓаат на албанската заедница, вели новиот министер за одбрана Талат Џафери во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Џафери, во што се состоеше вашиот предизвик да застанете на чело на Министерството за одбрана?
Човек којшто скоро сиот свој работен век, интелектуално и физички, професионално го посветил на работите од областа на одбраната и безбедноста, покрај сето тоа што го поминал во животот, сметав и сметам дека е предизвик да му се даде можноста да се справи и со овој предизвик -да биде првиот човек во одбраната, за да може да го заокружи сиот придонес со оваа должност. Во секој случај како пратеник во три мандати директно сум бил вклучен со случувањата во законодавството околу уредувањето на правната рамка на статусот на Министерството за одбрана и сите придружни организации вклучувајќи ги АРМ, Воена академија, порано воена болница, сега Воено-медицинскиот центар и другите организациони единици кои се во склоп на Министерството за одбрана. И во тој контекст, сметам дека би било и е предизвик за мене, имајќи предвид дека определено време, од 2004-2006 година, го поминав како заменик министер овде во Министерството за одбрана.
Уште од самиот старт по вашето назначување имаше многу реакции во јавноста. Ги очекувавте ли тие реакции, господине Џафери?
Во секој случај, за мене беа очекувани реакциите. Во јавноста се гледаат реакциите коишто се претставуваат во негативна конотација, но лично имам примено доста реакции во позитивна конотација. За волја на вистината, сите оние пораки коишто сум ги добил од назначувањето ги чувам. Ги чувам од една проста причина што скоро 40 отсто од пораките или од честитките се честитки кои доаѓаат од граѓани кои не и припаѓаат на заедницата на која што и припаѓам јас, односно не и припаѓаат на албанската заедница.
Значи, господине Џафери, јасно ви е дека за многумина е неспоиво вашето дејствување како командант на ОНА и прв човек на одбраната сега. Како вие ги споивте тие ваши два ангажмани?
Тие што сметаат дека е неспоива функцијата министер за одбрана со претходното мое искуство како командант во ОНА, покажува дека тие луѓе, односно тие поединци коишто ја пропагираат оваа констатација, сметам дека се заостанати во времето за најмалку една декада. Непобитен факт е дека во случувањата во 2001 година, јас бев еден од командантите во единиците на ОНА, но непобитен факт е дека настаните од 2001 година се окончани со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, по кој договор Собранието ги изгласа измените на Уставот на Република Македонија, по кој договор Собранието на Република Македонија во првите месеци, односно во првото тримесечие од 2002 година донесе два битни закони. Едниот беше Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и другиот закон беше Законот за амнестија на припадниците на ОНА. Тие два закони беа во склоп на Охридскиот рамковен договор и како такви овозможија да се пристапи кон примена и извршување на основните определби на Охридскиот рамковен договор за реинтеграција на сите оние припадници на ОНА коишто можеа да се интегрираат во институциите на државата. За овие 10 години, грото луѓе коишто претходно, како и јас, беа во редовите на Армијата, а се приклучија кон ОНА, како резултат на таа определба на Охридскиот рамковен договор повеќето се вратија и делуваат во рамките на АРМ и држат функции и должности спрема формацијата којашто впрочем е потпишана од врховниот командант, односно од претседателот на државата. Во тој контекст, непобитна е мојата номинација и именувањето за министер. Затоа, оние што пропагираат противење на моето номинирање, сметам дека се заостанати во тоа време.
Како се чувствувавте овие денови на протести и дали воопшто помисливте на оставка во тие денови, господине Џафери?
Јас се однесувам професионално во секоја задача што ја добивам. Оваа задача, како и задачата пратеник е задача што ми е дадена од граѓаните. Велам ми е дадена од граѓаните затоа што како пратеник избран на слободни избори во третиот мандат на предвремените парламентарни избори во 2011 година, од граѓаните на изборната единица 6 добив доверба да ги претставувам во Собранието. Собранието изгласа моја номинација од страна на владата за извршување на должноста министер. Во демократски системи, во демократски држави, непобитна е можноста да се отповика номинацијата, односно изборот, затоа што индиректно значи ова е волја на граѓаните. Во однос на размислувањата за оставка, и професионално, и карактерно и како човек никогаш не сум се повинувал пред никоја пречка која што ме следела во животот. Сметам дека сум подготвен и емоционално и професионално и човечки да го поднесам сиот товар, без оглед на можните притисоци коишто се вршат од надвор. Впрочем, и уставно и законски немам никаква пречка да ја обавувам оваа функција.
Кој мислите дека стои зад таа експлозија на тие меѓуетнички чувства, тие тензии што се создадоа деновиве?
Не се оптоварувам со настаните, во смисла не е моја надлежност и не е моја потреба да се бавам кој би бил, односно да идентификувам кој е организаторот, кој е носителот, зошто би било тоа така. Правото на протест е загарантирано со Уставот и законите, но како право за искажување на мирен протест. Сè друго е во надлежност на други институции и на други органи и одговорноста е на тие коишто ги организираат, односно ги иницираат.
Толку ли беше невозможно да се најде некакво решение, некаков договор со вашиот коалиционен партнер околу Законот за бранителите околу кој се создадоа сите тие блокади во Собранието?
Ние сме на став дека законот треба да биде инклузивен, сеопфатен, а предлог-законот е раздвојувачки и дискриминирачки и од тој аспект не може да биде прифатен од нас како пратеничка група и уште на почетокот кога беше поставен како предлог, ние се изјаснивме дека институционално ќе ги искористиме сите можности предлог-законот да не може да помине од причина што повеќе ќе и наштети на Република Македонија отколку што ќе може да придонесе за самите тие што се засегнати со предлог-законот. Имено, и постоечкиот закон од 2002 година од икс причини е неспроведлив во пракса, а новиот предлог-закон од финансиски аспект ќе беше неспроведлив и од таа причина, плус и другите политички причини коишто ги кажав, се решивме тој предлог-закон да не може да помине, затоа што не придонесува за меѓуетничките односни во Република Македонија, односно негативно влијае на меѓуетничките односи и во тој контекст беше напорот да се попречува донесувањето на тој закон.
Тоа значи дека тој и натаму ќе остане еден потенцијален блокатор на работата на Собранието? Нема никакви изгледи да се најде решение?
Сега засега, како што стојат работите, изгледите се мали, но како што одминува времето мислам дека повеќето од засегнатите во оваа постапка сфаќаат дека начинот на којшто е донесен предлогот пред Собранието и начинот на којшто се предлагаат решенијата би биле несоодветни и сметам дека се креира една критична маса којашто би одела во полза, во догледно време да се најде законско решение коешто ќе ги опфати сите засегнати страни и еднаш засекогаш ова прашање да се стави ад акта, за добробит на граѓаните, односно за добробит на оние на коишто им се неопходни одредбите од такво можно законско решение.
Господине Џафери, гледате ли можност да се отклони пречката за влез во НАТО и како?
Што се однесува до зачленувањето во НАТО во делот на Министерството за одбрана и армијата, уште во 2008 година е констатирано на Самитот на НАТО во Букурешт дека Република Македонија ги исполнува сите професионални критериуми што се однесува до Министерството за одбрана и другите институции. Проблемот за името е надвор од ингеренциите на Министерството за одбрана и тоа е во надлежност на државните институции коишто кореспондираат и коишто се ангажирани во изнаоѓање на решение. Како што знае јавноста, интензивирани се напорите на претставникот на ОН Метју Нимиц околу контактите со претставниците и на Република Македонија и на Република Грција, и во тој контекст сметам дека надлежноста на Министерството за одбрана завршува со исполнувањето на обврските и моментот на декларирање на изнаоѓање соодветно решение за двете страни, за Република Македонија, односно за Министерството за одбрана би значело на еден состанок како што беше и последниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, е институција којашто може да ја дистрибуира поканата за членство. На Македонија не и е потребен посебен Самит за проширување на НАТО за да ја очекува поканата.
Дали очекувате некакви проблеми или инциденти во текот на предизборната кампања за локалните избори со оглед на сите настани кои им претходеа на изборите?
Како министер, како член на политичка партија, сме ги преземале сите неопходни мерки тоа да не се случи и ете и јас да ја искористам оваа можност да апелирам до сите граѓани да не потпаднат под влијание на провокации коишто ќе ги доведат во ситуација да дојдат во спротивност со законските одредби. Граѓаните знаат дека поединци коишто беа учесници во немирите во 2008 година тоа го платија и со соодветни судски пресуди. Во тој контекст би требало да биде јасно за секој што ќе се реши да несоодветно се однесува во процесот на изборите, да очекува и соодветна казна. Според Кривичниот законик, кривичните дела за избори и некои други не подлежат на амнестија, значи не може да очекува никој дека може ова да го прави, а за догледно време институциите надлежни за амнестирање да можат да ги амнестираат. Изборот е личен, секој којшто ќе се нафати да влезе во дејства коишто се косат со законските одредби, треба јасно да очекува и контра-реакција на соодветните институции. Според законот, за спроведување на овие аспекти на Изборниот законик е надлежно Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда и други институции за гонење на казниви дела и во тој контекст не би имал што повеќе да кажам во врска со изборниот процес.