Младите се уште сонуваат за работа во јавната администрација, оти работењето и притисокот таму не се исти како и во приватниот сектор, велат стопанствениците. Тие додаваат дека поради исполитизираноста на македонското општество проектите за вработување на младите во мали и средни претпријатија не се покажале успешни како механизми за решавање на невработеноста.
По препораката на Светската банка земјава да овозможи нова динамика за отворање на нови работни места, односно нивниот број да биде трипати поголем, претставниците на приватниот сектор велат дека малите и средни претпријатија имаат волја и капацитет за нови вработувања, но дека постојат други фактори кои го успоруваат степенот на развој на работни места. Напорите да се отвораат повеќе работни места во приватниот сектор е правилна определба, но нивното одржување е условено од типот и успешноста на бизнисот, вели Савка Димитрова, директор на фабрика за кондиторски производи.
„Јас не би можела да кажам на крајно едноставен начин еве сега да има толку пари и еве одма толку работни места отвораат, значи дефинитивно треба да се има целосна идеја, тоа е жива материја која треба секојдневно да работи.“
И според стопанственикот Зоре Темелковски ваквите проекти вработувања во мали и средни претпријатија се добри, но поради исполитизираноста на македонското општество истите не се покажале успешни како механизми за решавање на невработеноста.
„Политиката е премногу застапена во медиумските простори и затоа младите имаат желба да влезат во царина, во полиција, иако кога ќе излезат на пазарот со своите идеи добро се позиционираат, ама немаат сигурност.“
Економските експерти предупредуваат дека пазарот на работна сила во земјава е статичен, односно дека е потребна поголема активност од младите, кои зафаќаат голем процент од невработените. Според Димитрова пак младите се уште сонуваат за работа во јавната администрација оти како што вели работењето и притисокот таму не се исти како и во приватниот сектор.
„Кај нас на пример инженери од 6 наутро доаѓаат на работа, во администрација оди од 8, од 9 на работа, значи ако ги гледаме вообичаените услови се многу поразлични, да не зборуваме за дисциплина, барање на одговорност од вработените.“
Темелковски не се сомнева во вештините на младите генерации успешно да се вклучат во работниот процес. Според него, потребно е подигнување на свеста кај младите дека нивната иднина е во економијата, а не политиката.
„Ние ако доволно финансираме таму кај што треба и ако одвоиме доволно време ќе добиеме прекрасна нова генерација која навистина ќе се справува на европскиот пазар.“
Според упатените, поради светската економска криза, креирањето на работните места во земјава забави и македонската економија во изминатите три години создава околу 8.000 работни места. Се смета дека оваа е многу мала бројка со оглед на фактот дека годишно има 10.000 лица кои дипломираат на универзитетите.
Политиката е премногу застапена во медиумските простори и затоа младите имаат желба да влезат во царина, во полиција, иако кога ќе излезат на пазарот со своите идеи добро се позиционираат, ама немаат сигурност.Зоре Темелковски, бизнисмен.
„Јас не би можела да кажам на крајно едноставен начин еве сега да има толку пари и еве одма толку работни места отвораат, значи дефинитивно треба да се има целосна идеја, тоа е жива материја која треба секојдневно да работи.“
И според стопанственикот Зоре Темелковски ваквите проекти вработувања во мали и средни претпријатија се добри, но поради исполитизираноста на македонското општество истите не се покажале успешни како механизми за решавање на невработеноста.
Кај нас на пример инженери од 6 наутро доаѓаат на работа, во администрација оди од 8, од 9 на работа, значи ако ги гледаме вообичаените услови се многу поразлични, да не зборуваме за дисциплина, барање на одговорност од вработените.Савка Димитровска, стопанственик.