Треска - постојана закана за кичевскиот регион

Жителите од поплавените села од регионот на Кичево се жалат дека водата им го уништи родот на земјоделците, им ги поплави куќите и патиштата. Бараат властите да преземат мерки за чистење на речните канали, но и темелно решавање на проблемите.
Ватан Иваноски е земјоделец од кичевското село Бигор Доленци. Но, последните поројни дождови, кои предизвикаа излевање на водата од коритото на реката Треска, му го уништија родот. Вели и тој и сите жители на селото кои живеат од земјоделство трпат големи штети.
Па имаме проблем најмногу со реката, често излегува од коритото и ни го поплавува полето, оваа година полето е 50 отсто поплавено. Има штети на нивите, на ораниците, на ливадите.
Ватан Иваноски, земјоделец од кичевско.

„Па имаме проблем најмногу со реката, често излегува од коритото и ни го поплавува полето, оваа година полето е 50 отсто поплавено. Има штети на нивите, на ораниците, на ливадите“, вели Иваноски.

Неговото село територијално припаѓа на Општина Вранештица. А, соседното Лисичани, кое се наоѓа на само неколку километри, на Општина Пласница. Приближно 2.000 жители на ова населено место, живеат под постојат стрес при секој дожд. Најизложен на поплави е долниот дел од селото. Водата од Треска се излева надвор, па дворовите на куќите личат на базени, каде се собира нечистотија и отпадоци што со себе ги носи речната вода.
Ние секогаш ќе бидеме изложени на опасности и ќе бидеме во рацете на Бог во случајов. Да се молиме да на заврнат дождови, да не се топат снеговите и да не се случи нешто несакано и да немаме порадикални поплави. Во една таква поплава, ако се случи како во 1962 година, може да се случи да имаме уништување на куќите, на училиштето и на инвентарот.
Сами Исмаил, директор на училиштето Мирче Ацев.

„Поплави се случуваат кај нас, скоро секогаш кога има поројни дождови, претежно по два до три дена кога врне, се случуваат овие поплави. Посевите се поплавуваат, претежно сега житните посеви. Треба државата сега да има предвидено средства во буџетот на Република Македонија за кризни случаи, за поплави, за обештетување на земјоделците, кои со крајни напори ги сеат нивите “, вели Авнија Бафтир, претседател на месната заедница на селото Лисичани.

Поплавен е и дворот на основното училиште Мирче Ацев. И родителите и наставниците стравуваат дека со следниот пороен дожд водата може да навлезе во училниците, и да го оштети и инвентарот и архивата. Сите бараат проблемот еднаш за секогаш да биде решен.

Училиштето Мирче Ацев.


„Не е само на овој простор, туку од потегот Вранештица, кон Пласница и на потегот кон долниот дел од Македонски Брод, за овој проблем еднаш за секогаш да се реши. Ние секогаш ќе бидеме изложени на опасности и ќе бидеме во рацете на Бог во случајов. Да се молиме да на заврнат дождови, да не се топат снеговите и да не се случи нешто несакано и да немаме порадикални поплави. Во една таква поплава, ако се случи како во 1962 година, може да се случи да имаме уништување на куќите, на училиштето и на инвентарот“, истакнува Сами Исмаил, директор на училиштето.

И жителите на Вранештица, Челопеци, Пласница, Атишта и селото Стаорец, се соочуваат речиси со исти проблеми. Водата е постојана закана за нивните домови и патишта, не ретко овие населени места се отсечени од цивилизација, до моментов додека по природен пат не се повлечат водите.

Месното население веќе не знае каде да се обрати за помош, ниту кој има ингеренции за решавање на овој проблем. Сега велат се очекува нова територијална поделба, па сите помали општини ќе влезат во кичевската. Затоа и сите нивни надежи се вперени кон Кичево. Бараат и се надеваат дека локалните власти и надлежното министерство конечно ќе преземат опсежни мерки за чистење на речните канали, но и темелно решавање на проблемите.