Еден удавен, поплавени куќи, урнати мостови, попуштени брани, отсечени села и уништени земјоделски посеви, се последиците од невремето со поројни врнежи од дожд што во изминатото деноноќие ја зафатија источна Македонија. Прекин на наставата има во неколку училишта во струмичко, радовишко и во Свети Николе.
Педесет и едногодишниот Радован С. од кумановското село Цветишница е првата жртва од поплавите. Тој синоќа се удавил обидувајќи се да ја помине реката Длабочица. Телото на починатиот е пронајдено денеска на оддалеченост од околу два километри од местото на настанот, а поради непристапноста на теренот испратени се специјални единици од Министерството за внатрешни работи за да го извадат.
Критична е ситуацијата со браната Пишица кај Пробиштип каде за да се намали опасноста од уривање отворени се два вентили за побрзо испуштање на водата. Во меѓувреме се евакуирани стотина жители на селото Пишица и нивниот добиток. Од Дирекцијата за заштита и спасување испорачани се и 1.500 вреќи со песок за интервенирање на критичните места.
Поплавени се и населените места Пишица и Трипатанци во пробиштипско каде водата е навлезена во домовите и помошните простории. Децата и вработените од овие населени места не заминале на училиште и на работа бидејќи локалниот пат кој води до населбите е поплавен.
Злетовска Река е излеана во атарот на кочанското село Уларци каде што се поплавени голем број куќи, штали и магацини. Од поројните дождови зголемен е водостојот на Кочанска Река, додека акумулацијата Градче е на прелив.
Поради силниот пороен дожд и надојдените води од Радовишка Река, урнати се два моста кај селата Покрајчево и Злеово, а мостот кон селото Јаргулица што ги поврзува со магистралниот пат Струмица - Штип е во критична состојба. Околу 1.500 жители од селото Злеово целосно се отсечени, а поплавено е и Радовишко Поле со големи штети на земјоделските култури. Во селото Ораовица меѓу другото поројниот дожд има однесено и еден автомобил, а направени се и големи штети на земјоделските посеви.
Синоќешното невреме предизвика и излевање на реката Брегалница од нејзиното корито. Поплавени се 30-тина куќи во штипската населба Ново Село. Според првичните информации на директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски, поплавени се и бунарите од коишто градот се снабдува со вода за пиење. Поплавен е и градскиот стадион во Штип, а затворен за сообраќај е регионалниот пат од Штип којшто води кон Радовиш.
Во Свети Николе се поплавени повеќе куќи, а поради прекин на електричната енергија скратени часови во прва смена имало во три основни училишта.
Поплавени се и стотина куќи и стопански објекти во струмичко Дабиле по излевањето на помошниот канал на реката Струмица. Во спасувачката акција на противпожарната единица од Струмица, изнесени се постарите жители од нивните поплавени домови.
Во Кумановско поплавени се повеќе куќи во населбата Средорек, како и домови во Долно Којнаре. Речиси во сите три општини од кумановско се излеани реките, вклучително и Пчиња која поплави дел од куќите во селата Бељаковце,
Довезенце и Јачинце. Водата е излеана и во селата Доброшане и Шупли Камен, а во општината Липково излеана е реката Слупчанка од која поплавени се куќи
во Опае. Поради обилните врнежи наставата е прекината или воопшто не се одржала во неколку училишта. Во струмичко целосно е прекината наставата во основните училиште во Дабиле, Муртино, Босилово, Моноспитово, како и во Турново, Радово и Секирник. Поради урнат мост без настава се и учениците од ридско-планинските Попчево и Рич.
Осум наставници кои предаваат од шесто до осмо одделение во подрачното училиште во село Злеово во општина Радовиш не успеале да пристигнат до училиштето поради урнатиот мост на Стара Река (или Радовишка Река), додека
наставата од прво до петто одделение се одвивала нормално.
Синоптичарите најавуваат дека поројните дождови ќе продолжат и во текот на денов, особено во источна Македонија. Поради топлото време можно е забрзано топење на снежната покривка на планините, што доплнително може да ја влоши состојбата со поплавите.
Намалување на интензитетот на врнежите, според метеоролозите, може да се очекува од утре.
Владата на денешната седница ја разгледа состојбата со поплавите и презема мерки и активности за превенирање и менаџирање од последиците, а испрати и свои претставници да ги увидат состојбите на терен.
Владиниот портпарол Александар Георгиев денеска изјави дека водните коти на акумулациите и езерата, според последните информации со кои располагаат, во овој момент се под границите на највисоката кота. Ситуацијата се следи и јавноста ќе се информира доколку се појави потреба за реакција.
АД „Електрани на Македонија“ соопшти дека секојдневно внимателно ја следи состојбата и оти се преземаат превентивни мерки за целосно прифаќање и искористување на хидропотенцијалот што се слева во хидроакумулациите.
Педесет и едногодишниот Радован С. од кумановското село Цветишница е првата жртва од поплавите. Тој синоќа се удавил обидувајќи се да ја помине реката Длабочица. Телото на починатиот е пронајдено денеска на оддалеченост од околу два километри од местото на настанот.
Педесет и едногодишниот Радован С. од кумановското село Цветишница е првата жртва од поплавите. Тој синоќа се удавил обидувајќи се да ја помине реката Длабочица. Телото на починатиот е пронајдено денеска на оддалеченост од околу два километри од местото на настанот, а поради непристапноста на теренот испратени се специјални единици од Министерството за внатрешни работи за да го извадат.
Критична е ситуацијата со браната Пишица кај Пробиштип каде за да се намали опасноста од уривање отворени се два вентили за побрзо испуштање на водата. Во меѓувреме се евакуирани стотина жители на селото Пишица и нивниот добиток. Од Дирекцијата за заштита и спасување испорачани се и 1.500 вреќи со песок за интервенирање на критичните места.
Поплавени се и населените места Пишица и Трипатанци во пробиштипско каде водата е навлезена во домовите и помошните простории. Децата и вработените од овие населени места не заминале на училиште и на работа бидејќи локалниот пат кој води до населбите е поплавен.
Злетовска Река е излеана во атарот на кочанското село Уларци каде што се поплавени голем број куќи, штали и магацини. Од поројните дождови зголемен е водостојот на Кочанска Река, додека акумулацијата Градче е на прелив.
Поради силниот пороен дожд и надојдените води од Радовишка Река, урнати се два моста кај селата Покрајчево и Злеово, а мостот кон селото Јаргулица што ги поврзува со магистралниот пат Струмица - Штип е во критична состојба. Околу 1.500 жители од селото Злеово целосно се отсечени, а поплавено е и Радовишко Поле со големи штети на земјоделските култури. Во селото Ораовица меѓу другото поројниот дожд има однесено и еден автомобил, а направени се и големи штети на земјоделските посеви.
Поради силниот пороен дожд и надојдените води од Радовишка Река, урнати се два моста кај селата Покрајчево и Злеово, а мостот кон селото Јаргулица што ги поврзува со магистралниот пат Струмица - Штип е во критична состојба.
Синоќешното невреме предизвика и излевање на реката Брегалница од нејзиното корито. Поплавени се 30-тина куќи во штипската населба Ново Село. Според првичните информации на директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски, поплавени се и бунарите од коишто градот се снабдува со вода за пиење. Поплавен е и градскиот стадион во Штип, а затворен за сообраќај е регионалниот пат од Штип којшто води кон Радовиш.
Во Свети Николе се поплавени повеќе куќи, а поради прекин на електричната енергија скратени часови во прва смена имало во три основни училишта.
Поплавени се 30-тина куќи во штипската населба Ново Село. Според првичните информации на директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски, поплавени се и бунарите од коишто Штип се снабдува со вода за пиење.