Локалната самоуправа во Куманово формира три комисии кои ќе ја утврдуваат штетата во земјоделието и домаќинствата, како последица на неодамнешниот пороен дожд, град и силен ветер, вели Зоран Павловски.
„Едната комисија ќе проценува штети од поплави и атмосферската
канализација од вода која влегла во домовите,подрумите и направила штета. И две комисии составени од земјоделски инженери-агрономи кои се на терен по земјоделските насади и култури.“
За сега се поднесени над двесте барања. Бројот е уште поголем, ако се додадат и индивидуалните пријави, вели Павловски.
„По усвојување на извештајот на општинскиот Совет ќе го понудиме на Владата на РМ, со проценка која во моментот не знам колку изнесува. Потоа ќе биде надлежна Владата да ги обесштети граѓаните.“
За проценката на штетите постои посебна процедура, односно пооделни обрасци зависно од оштетениот имот.
„Се проценува, има посебна методологија, посебни табели, за градинарски култури, за згради, за патишта. Се прави елаборат, се документира со количество на врнежи и се доставува до Влада и тука завршува официјалниот дел на локалната самоуправа. Колку ќе бидат обесштетени граѓани и во колкав процент одлучува посебна комисија при Министерство за финансии“, вели Павловски.
Според него Општината Куманово во буџетот има предвидено резервен фонд за сите вонредни потреби. Од тоа може еден дел да се исплати, но не доволно за целосно да им се помогне на граѓаните.
А поплавените занаетчии и трговци на кои надојдената вода им нанесе големи штети не можат многу да очекуваат помош бидејќи нивните имоти:
„Не, ништо не е осигурано.“
По поплавата тие изјавија дека:
„Општинатат треба да организира, бидејќи несоодветно се поставени шахтите.“
„Имаме штета.Околу 600 евра.“
Штети на земјоделските култури има и во соседните Општини Старо Нагоричане и Липково. Жителите од козајчко-пчињскиот регион чии земјоделски површини минатата година неколку пати беа поплавувани и претрпеа големи штети годинава добија минимален надоместок. Тие се незадоволни од обесштетувањето, а дел од нив пак годинава не ги обработуваа своите ниви,бидејќи сметаат дека по поплавите тие се необработливи барем за извесен период.
„Едната комисија ќе проценува штети од поплави и атмосферската
Едната комисија ќе проценува штети од поплави и атмосферската канализација од вода која влегла во домовите,подрумите и направила штета. И две комисии составени од земјоделски инженери -агрономи кои се на терен по земјоделските насади и култури.
За сега се поднесени над двесте барања. Бројот е уште поголем, ако се додадат и индивидуалните пријави, вели Павловски.
„По усвојување на извештајот на општинскиот Совет ќе го понудиме на Владата на РМ, со проценка која во моментот не знам колку изнесува. Потоа ќе биде надлежна Владата да ги обесштети граѓаните.“
За проценката на штетите постои посебна процедура, односно пооделни обрасци зависно од оштетениот имот.
„Се проценува, има посебна методологија, посебни табели, за градинарски култури, за згради, за патишта. Се прави елаборат, се документира со количество на врнежи и се доставува до Влада и тука завршува официјалниот дел на локалната самоуправа. Колку ќе бидат обесштетени граѓани и во колкав процент одлучува посебна комисија при Министерство за финансии“, вели Павловски.
Според него Општината Куманово во буџетот има предвидено резервен фонд за сите вонредни потреби. Од тоа може еден дел да се исплати, но не доволно за целосно да им се помогне на граѓаните.
А поплавените занаетчии и трговци на кои надојдената вода им нанесе големи штети не можат многу да очекуваат помош бидејќи нивните имоти:
„Не, ништо не е осигурано.“
Се проценува, има посебна методологија, посебни табели, за градинарски култури, за згради, за патишта. Се прави елаборат, се документира со количество на врнежи и се доставува до Влада и тука завршува официјалниот дел на локалната
самоуправа.