Според Министерството за финансии, зголемениот дефицит се должи на отплатата на долговите кон странство, но и кон домашните фирми, но опозицијата обвинува дека е поради изборите.
Во јануари е остварена буџетска дупка од 46,8 милиони евра, односно остварените приходи изнесувале 173 милиони евра, а расходите 219,8 милиони евра. Буџетската дупка овој јануари, изнесувала двојно повеќе отколку во јануари минатата година.
Според Министерството за финансии, зголемениот дефицит се должи на отплатата на долговите кон странство, но и кон домашните фирми. Во јануари беше исплатена еврообврзницата од 183 милиони евра, а истиот месец владата се задолжи кај Светска банка за 50 милиони долари и кај Дојче банк за 250 милиони евра.
Но економскиот аналитичар Висер Адеми вели дека дефицитот се должи на тоа што сме во изборна година.
„Нормално дека се трошат многу повеќе пари од тоа што е предвидено со буџетот за оваа година, затоа што владејачката гарнитура троши пари на промоција и пропаганда на активности.“
Според него, реперкусиите ќе бидат големи, бидејќи државата во најголем дел го полни буџетот од казни и даноци.
„Тоа е многу лошо ако не се запрат овие капитални расходи, тогаш ќе се доведеме до тоа оваа дупка да биде уште поголема, затоа што со вакви некапитални трошења на буџетските пари може да се доведеме до ситуација повторно да мора да позајмиме пари од странски или од домашни банки, а тоа е многу скапа активност.“
Адеми додава дека не се исклучува ни ребаланс на буџетот, затоа што, како што вели, владата секогаш прави ребаланс околу март, април.
И професор Ванчо Узунов, кој е член на СДСМ, вели дека буџетскиот дефицит ќе биде голем во првите месеци од годината се додека не поминат изборите.
„После тоа очигледно буџетските дефицити ќе се намалат, ќе дојде потешка ситуација за граѓаните. Оваа година ќе биде многу тешка за граѓаните, бидејќи имаме политичка криза од која владата сака да извади добри резултати на избори, а таа веќе е покажана како влада која многу троши пред избори за да ги добие изборите. Како ќе ја завршиме до крај годината е прашање на погодување. Прво ќе имаме големи дефицити, потоа тие ќе се намалат, но не може да ги снема, така што на крај очигледно ќе имаме многу поголем дефицит отколу планираниот.“
Според Узунов, последиците од сето ова ќе се почувствуваат кон крајот на годината.
„Претпоставувам дека некаде на есен мора да има ребаланс и фактички тогаш ќе видат граѓаните дека оние дебати дека предлог буџетот за оваа година не чини, ќе видат во септември дека тие дискусии биле точни, дека ние живееме во нереални услови во однос на трошењето на буџетот и тогаш ќе мора да се соочиме со големи проблеми.“
Според буџетот за оваа година, владата треба да потроши 2,7 милјарди евра, а да собере приходи од 2,41 милијарди евра, односно предвиде буџетски дефицит од 290 милиони евра. Ако се земе предвид дефицитот остварен во јануари, тогаш испаѓа дека владата само во првиот месец од годината потрошила над 16 отсто од планираниот дефицит.
Тоа е многу лошо ако не се запрат овие капитални расходи, тогаш ќе се доведеме до тоа оваа дупка да биде уште поголема, затоа што со вакви некапитални трошења на буџетските пари може да се доведеме до ситуација повторно да мора да позајмиме пари од странски или од домашни банки, а тоа е многу скапа активност.Висат Адеми, економски аналитичар.
Според Министерството за финансии, зголемениот дефицит се должи на отплатата на долговите кон странство, но и кон домашните фирми. Во јануари беше исплатена еврообврзницата од 183 милиони евра, а истиот месец владата се задолжи кај Светска банка за 50 милиони долари и кај Дојче банк за 250 милиони евра.
Но економскиот аналитичар Висер Адеми вели дека дефицитот се должи на тоа што сме во изборна година.
„Нормално дека се трошат многу повеќе пари од тоа што е предвидено со буџетот за оваа година, затоа што владејачката гарнитура троши пари на промоција и пропаганда на активности.“
Според него, реперкусиите ќе бидат големи, бидејќи државата во најголем дел го полни буџетот од казни и даноци.
Прво ќе имаме големи дефицити, потоа тие ќе се намалат, но не може да ги снема, така што на крај очигледно ќе имаме многу поголем дефицит отколу планираниот.Ванчо Узунов, универзитетски професор.