Во обид да изврши притисок врз републиканците околу автоматските буџетски кратења и да ја исплаши јавноста, Белата куќа објави детален извештај за можното нивно влијание во сите 50 американски држави. Ова го пишуваат американските весници, во врска со кратењата кои стапуваат во сила на први март.
Советниците на претседателот одат дотаму што изјавуваат дека кратењата, меѓу другото би значеле и тоа дека 350 учители и нивни помошници ќе ја загубат работата во Охајо, дека скоро 4.200 деца во Џорџија нема да примат вакцини и оти 400 жртви на домашно насилство во Кентаки би можеле да останат без неопходните услуги.
Ова го пишува весникот „Вол стрит џурнал“, наведувајќи дека идејата прецизно да се објаснува што би значело кратењето на 85 милијарди долари од буџетот од над 3,5 билиони долари за обичниот Американец, го демонстрира само реторичкото ниво на желбата на претседателот да постигне политички поени.
Тоа, како што додава весникот, исто така покажува дека Белата куќа и демократите се многу самоуверени оти во оваа битка со републиканците ќе излезат како победници.
„Во битката околу автоматските кратења на трошоците што се предвидени за први март, Обама има двојна предност“, наведува „Лос Анџелес тајмс“, додавајќи:
„Скоро половина од анкетираните Американци велат дека за кратењата, доколку се случат, се виновни републиканците. Само една третина се на мислење дека главен виновник е Барак Обама.“
Згора на тоа, 79 насто од анкетираните изјавија дека доплонителните зголемувања на даноците би требало да бидат дел од новиот договор за намалување на буџетскиот дефицит, а само 19 насто се на страната на републиканците кои заговараат само кратења, а не и поголеми даноци, како претседателот Обама. Белата куќа исто така добро знае дека републиканците не се обединети околу целиот проблем со даноците.
Па дали Белата куќа игра на сопствена рака? Секако, претседателот Обама доби повеќе во преговорите со републиканците околу буџетскиот долг во 2011 година и околу фискалната бездна лани. Но, дали сега работите се поинакви?
Републиканците сметаат дека претседателот Обама преговара со нив неферски, ковертирајќи ги нивните отстапки, за потоа да бара дополнителни. Меѓутоа, за разлика од тогаш, сега републиканците се решени да останат цврсто на земја.
„Републиканците во Претставничкиот дом веќе двa пати гласаа за менување на автоматските кратeња предложени од Обама за попаметни намалувања на трошоците“, изјави портпаролот на спикерот на Дoмот Џон Бенер во текот на изминатиот викенд, порачувајќи:
„Белата куќа треба да троши помалку време во објaснувањe на тоа колку лоши ќе бидат кратењата, а повеќе да работи како да ги стопира.“
Во меѓувреме, Американците само претпоставуваат што конкретно за нив ќе донесат автоматските кратења.
„Мислам дека ќе бидам отпуштена од работа“, вели за „Фајненшал тајмс“ една жителка на Вашингтон, која веднаш потоа додава:
„Па можеби нема да бидам отпуштена, ама сигурно ќе бидам пратена на принуден одмор.“
Идејата прецизно да се објаснува што би значело кратењето на 85 милијарди долари од буџетот од над 3,5 билиони долари за обичниот Американец, го демонстрира само реторичкото ниво на желбата на претседателот да постигне политички поени.Вол стрит џурнал.
Ова го пишува весникот „Вол стрит џурнал“, наведувајќи дека идејата прецизно да се објаснува што би значело кратењето на 85 милијарди долари од буџетот од над 3,5 билиони долари за обичниот Американец, го демонстрира само реторичкото ниво на желбата на претседателот да постигне политички поени.
Тоа, како што додава весникот, исто така покажува дека Белата куќа и демократите се многу самоуверени оти во оваа битка со републиканците ќе излезат како победници.
„Во битката околу автоматските кратења на трошоците што се предвидени за први март, Обама има двојна предност“, наведува „Лос Анџелес тајмс“, додавајќи:
Скоро половина од анкетираните Американци велат дека за кратењата, доколку се случат, се виновни републиканците. Само една третина се на мислење дека главен виновник е Барак Обама.Лос Анџелес тајмс.