Македонскиот режисер и продуцент Светозар Ристoвски во април годинава ќе го започне снимањето на својот трет игран филм со работен наслов „Лазар“. Станува збор за копродукциски проект во кој е раскажана приказната за еден млад човек кој е принуден да се бави со криумчарење на илегалци на Запад.
Во периодот кога започнав да развивам сценарио за нов македонски филм, таму некаде 2005 – 2006 година, еден човек што е близок до мене и кого јас лично го познавам, некако се заплетка во целата таа мрежа која што организирано се бави со шверцување на илегалци преку границите на земјите кои не се во Заедницата и оние од Европската унија. Ева вака ќе ја почне приказната за својот нов проект со работен наслов „Лазар“ режисерот и продуцентот Светозар Ристoвски.
„Затоа што Македонија е на маргините на Европската унија е една од транзитните мрежи и заради тоа што, за жал, нашата економија во тој транзициски период беше колабирана имаше цела една генерација на млади луѓе, мојата генерација, која што немаше никаква перспектива. Зборуваме за еден период од 10 години кога луѓето остануваа без работа, кога младите кои ќе завршат какво такво школо влегуваа во она што кај нас се нарекуваше сива економија, а повеќе или помалку станува збор за некаков вид на криминал. Тука некаде е инспирацијата за „Лазар“. Тој се вклучува во еден таков бизнис кој подоцна се претвора во многу сериозна трагедија.“
Објаснувајќи зошто се определил за една ваква сторија Ристовски, кој патем како творец сака да работи филмови од најразличен тип, вели дека за него приказните пред се треба да бидат човечки. Тој дополнува дека „Лазар“ тематски е инспириран од животот што го живееме тука и сега.
„Она што е битно за мене како автор е што јас сакам да се видам себе си од надвор. Значи се одделив од Македонија во 2005 година и успеав, да речеме, да се адаптирам на еден начин на живеење кој што е сосема поинаков од начинот на живеење овде, меѓутоа затоа што потекнувам од оваа средина можам да се видам себе си и од тука и од страна. И гледајќи се од страна многу ми е битно таа претстава да им ја пренесам на луѓето кои што живеат и во Европа
и во Северна Америка. Едноставно поинаква е нивната претстава за нас, но и нашата за себе самите. Така да, јас се обидувам да дадам своја индивидуална претстава за себе си и за нас која што би била една комуникација кон Европа и кон светот и можеби би ги искршила и двете претстави: како ние себе се гледаме и како Европејците нас не гледаат. Се надевам дека тоа ќе биде искрена слика.“
Режисерот дополнува дека иако и во неговата нова филмска приказна можеме да зборуваме за она што ни се случува нам, за политиката со која живееме, сето тоа треба да биде уметнички пласирано на едно поинакво ниво.
„Уметноста е секогаш ангажирана. Уметноста не може да не биде ангажирана затоа што секој индивидуален уметник живее и ја црпи својата инспирација од таму каде што живее, од светот околу себе и од своето духовно и животно искуство. Меѓутоа ангажираноста на уметниците пред се мора да биде хуманистичка, а не дневно-политичка. Дневно-политичката уметност е пропаганда и не е уметност. Уметноста се бави со некои работи кои што се сега, но кои ние се обидуваме да ги ставиме себе си и нив во некоја капсула која ќе остане во времето за генерациите што ќе дојдат да можат според нашата уметност да ја толкуваат историјата. Јас лично како уметник сакам да бидам над она што е дневна политика. Да кажувам приказни кои што се бават со животни проблеми, кои што го отсликуваат времето и човечкото искуство во кое живееме, меѓутоа не сакам да паднам во евтина политичка стапица која што е провинцијална, минлива и која што е географски лоцирана. Нашата уметност, уметноста воопшто, треба да се бави со човечките искуства кои што треба да бидат универзални. Јас се трудам да бидам надвор од било кој политички контекст, меѓутоа ДА јас сум ангажиран како уметник. Мене ми се битни слободата и хуманизмот. Тоа е она за што се борам и за што се залагам цело време“, вели Ристовски.
Инаку, „Лазар“ е копродукција помеѓу „Смол мувс“ од Македонија, „ МП Филмска продукција “ од Хрватска, „Гала Филм“ од Бугарија и „Аризона продакшн“ од Франција. „Еуримаж“, во филмот на Ристевски ќе учествува со 170.000 евра, односно 15,5 отсто од вкупниот буџет на филмот, а проектот досега финансиска поддршка има и од Филмски фонд на Република Македонија, од Хрватскиот аудиовизуелен центар, од СЕЕ Синема нетворк, Бугарскиот национален филмски центар и Аризона дистрибјушн.
Режисерот истакнува дека кастингот за филмот ќе започне некаде на почетокот на март, дека тој најнапред ќе го бара „својот Лазар“ а потем и носителите на останатите улоги во оваа копродукција за кои ќе бидат ангажирани актери од Македонија, Хрватска и од Бугарија. На филмот е предвидено да работи интернационална европска екипа, а засега е познато дека главницата на снимањето ќе биде во Македонија, дека снимател ќе биде Дејан Димевски, сценограф Игор Тошевски, а постпродукцијата ќе биде завршена во Франција.
Роден 1972 година во Велес, Светозар Ристовски најнапред дипломира архитектура, а потем и на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за филмска и телевизиска режија. Уште како студент за „Ловец“ и „Патници во втора класа“ има добиено неколку меѓународни награди на филмските фестивали, а одлично поминува и неговиот документарец „Радост на животот“ од 2002 година ( најдобар документарен филм во меѓународна конкуренција на WCFF во САД и победник на Филмскиот фестивал во Визбаден – Германија).
Тој е и еден од авторите на телевизиската серија за деца „Наше маало“ ( 2000 – 2001 година) и на документарната „Велдпост Балкан“ емитувана на Холандската национална телевизија.
Во 2004 година уметникот го сними „Илузија“(со Владо Јовановски, Мустафа Надаревиќ, Никола Ѓуричко и дебитантот Марко Ковачевиќ во главните улоги), филм кој ја имаше својата премиера на фестивалот во Торонто, и со кој освои неколку награди на режија на светските фестивали, меѓу кои и награда на фестивалот во Ротердам и беше номиниран за Гранпри на Интернационалниот филмски фестивал во Токио, Јапонија.
Во последниве осум години Ристовски живее и работи во Канада, каде во 2010 година го сними филмот „Драг господине Гејси“ со Вилијам Форсајт во главната улога.
Затоа што Македонија е на маргините на Европската унија е една од транзитните мрежи и заради тоа што, за жал, нашата економија во тој транзициски период беше колабирана имаше цела една генерација на млади луѓе, мојата генерација, која што немаше никаква перспектива. Зборуваме за еден период од 10 години кога луѓето остануваа без работа, кога младите кои ќе завршат какво такво школо влегуваа во она што кај нас се нарекуваше сива економија, а повеќе или помалку станува збор за некаков вид на криминал. Тука некаде е инспирацијата за „Лазар“. Тој се вклучува во еден таков бизнис кој подоцна се претвора во многу сериозна трагедија.Светозар Ристoвски, режисер и продуцент.
„Затоа што Македонија е на маргините на Европската унија е една од транзитните мрежи и заради тоа што, за жал, нашата економија во тој транзициски период беше колабирана имаше цела една генерација на млади луѓе, мојата генерација, која што немаше никаква перспектива. Зборуваме за еден период од 10 години кога луѓето остануваа без работа, кога младите кои ќе завршат какво такво школо влегуваа во она што кај нас се нарекуваше сива економија, а повеќе или помалку станува збор за некаков вид на криминал. Тука некаде е инспирацијата за „Лазар“. Тој се вклучува во еден таков бизнис кој подоцна се претвора во многу сериозна трагедија.“
Објаснувајќи зошто се определил за една ваква сторија Ристовски, кој патем како творец сака да работи филмови од најразличен тип, вели дека за него приказните пред се треба да бидат човечки. Тој дополнува дека „Лазар“ тематски е инспириран од животот што го живееме тука и сега.
„Она што е битно за мене како автор е што јас сакам да се видам себе си од надвор. Значи се одделив од Македонија во 2005 година и успеав, да речеме, да се адаптирам на еден начин на живеење кој што е сосема поинаков од начинот на живеење овде, меѓутоа затоа што потекнувам од оваа средина можам да се видам себе си и од тука и од страна. И гледајќи се од страна многу ми е битно таа претстава да им ја пренесам на луѓето кои што живеат и во Европа
Уметноста е секогаш ангажирана. Уметноста не може да не биде ангажирана затоа што секој индивидуален уметник живее и ја црпи својата инспирација од таму каде што живее, од светот околу себе и од своето духовно и животно искуство. Меѓутоа ангажираноста на уметниците пред се мора да биде хуманистичка, а не дневно-политичка. Дневно-политичката уметност е пропаганда и не е уметност. Уметноста се бави со некои работи кои што се сега, но кои ние се обидуваме да ги ставиме себе си и нив во некоја капсула која ќе остане во времето за генерациите што ќе дојдат да можат според нашата уметност да ја толкуваат историјата.Светозар Ристoвски, режисер и продуцент.