Каратистот Јакупи - европски јуниорски првак

Берат Јакупи, македонски каратист.

Каратистот Берат Јакупи освои злато на јуниорското Европско првенство во Турција. Тој вели дека сака да стане европски и светски првак во сениорска конкуренција и да биде дел од Олимпијадата во 2020.
Македонскиот каратист Берат Јакупи својот врвен квалитет го потврди и на јуниорското Европско првенство, кое што изминатиот викенд се одржа во турскиот град Коња. Во категоријата борби до 78 килограми за постари јуниори, тој се закити со златниот медал и стана европски првак, што му успева по третпат во кариерата, откако пред 4 години триумфира на кадетското ЕП во Париз (2009 година), а пред три на јуниорското ЕП во Измир (во 2010 година). По тие подвизи и самиот очекуваше највисок пласман во Коња, а овој пат задоволството е поголемо затоа што ...
Мои амбиции се да станам европски и светски првак во сениорска конкуренција и нормално во 2020 година да бидам дел од Олимпијадата и дај Боже да освојам и злато на Олимписките игри. Мислам дека можам да успеам бидејќи во тоа време ќе имам 26-27 години ќе бидам во најдобрата форма и ќе имам и искуство за да бидам олимписки првак.
Берат Јакупи, каратист.

„Ми беше многу тешко бидејќи имав посилна конкуренција и нормално, категоријата до 21 година е исто како да се бориш на сениорско првенство“, изјави Јакупи, кој по овој успех со поголем оптимизам го очекува настапот на јуниорското СП во септември во Гвадалахара (Шпанија).

Членот на карате клубот „Фати“ од Гостивар не крие дека и таму ќе атакува на медал, кој, имајќи ја предвид неговата возраст (20 години), веројатно ќе му биде последен во младите категории. А, потоа ...

„Мои амбиции се да станам европски и светски првак во сениорска конкуренција и нормално во 2020-та година да бидам дел од Олимпијадата и дај Боже да освојам и злато на Олимписките игри. Мислам дека можам да успеам бидејќи во тоа време ќе имам 26-27 години ќе бидам во најдобрата форма и ќе имам и искуство за да бидам олимписки првак“, додаде Берат, кому адут плус за исполнување на големите цели ќе му биде новостекнатиот статус на спортист од меѓународна категорија.
Голема мотивација бидејќи јас досега не сум живеел како професионалец, бидејќи немав такви финансиски можности. Мислам дека во иднина со оваа помош од Агенцијата за млади и спорт, јас ќе продолжам со подобри резултати бидејќи ќе бидам поконцентриран на спортот.
Берат Јакупи, каратист.

Тоа значи финансиска помош од Агенцијата за млади и спорт која во наредните две години месечно ќе му исплаќа по 27.000 денари, што за Јакупи е ...

„Голема мотивација бидејќи јас досега не сум живеел како професионалец, бидејќи немав такви финансиски можности. Мислам дека во иднина со оваа помош од Агенцијата за млади и спорт, јас ќе продолжам со подобри резултати бидејќи ќе бидам поконцентриран на спортот и повеќе ќе се грижам за спортот и ќе дадам се од себе за да освојам и други медали“, истакна на крајот Берат Јакупи, според кого, најзаслужни за неговите досегашни успеси се клупскиот тренер и селектор Арлинт Хусеини, потоа Жарко Арсовски, како и претседателот на Карате федерацијата на Македонија, Драган Стојановски.

Инаку, на кадетското и јуниорско ЕП во Коња во конкуренција на 801 натпреварувач од 44 земји, Македонија освои уште два медала, бронзи, со кои се закитија кадетката Моника Пендаровска (КК „Макпетрол“,во борби до 47 килограми) и јуниорот Виктор Крстевски (КК „Металург“, во борби до 76 килограми).