Македонската машка карате репрезентација е новиот европски првак во вадорју стил.
До овој подвиг сениорите стигнаа на 39-тото ЕП кое изминатиот викенд се одржа во италијанскиот Лигнано - Сабиадоро. Таму, околу 350 каратисти од 16 држави, се натпреваруваа во сите возрасни и тежински категории во поединечна и во екипна конкуренција, а 26 члената македонска експедиција (составена од членовите на скопските клубови „Цветан Димов“ и „Маваши“,од штипска „Македонка“ и од „Бучим Феникс“ од Радовиш) освои 14 медали - 5 златни, 6 сребрени и 3 бронзени.
Општа оценка е дека највредно е златото во екипна конкуренција за кое се изборија Сашко Патраклиев, Томе Тодоровски, Никола Рилак и Горан Иванов. Тие, по победите од 2-0 над селекциите на Република Ирска и на Украина, во финалето, благодарение на повеќето освоени бодови во поединечните борби ја совладаа и Русија (резултатот во победи беше 1-1), за што најзаслужен беше членот на „Македонка“, Патраклиев. Тој сите борби ги доби со резултат 8-0, со што ги надмина и сопствените најоптимистички очекувања.
„Најискрено, ова што се случи во екипниот дел, беше за мене големо изненадување. Јас бев спремен, но не очекував дека така ќе ги завршам своите борби. Сепак, коцките се споија, па направивме голем успех за Македонија, за мене лично и за мојот карате клуб Македонка од Штип“, изјави Сашко Патраклиев, кој се закити и со сребрено одличје, во категоријата до 84 килограми.
Покрај него, во поединечна конкуренција најмногу се истакнаа освојувачите на златни медали Никола Рилак (сениор, до 67 килограми), Горан Иванов (сениор, над 84 килограми), Мишко Мишев, (јуниор, 16-17 години, до 76 килограми) и Христаки Давитковски (ветеран, над 40 години, до 75 килограми). Иако го изненадија, овие резултати, дополнети и со останатите 8 освоени трофеи (вкупно 14), според селекторот Јован Лазарев се само потврда плус за континуираниот напредок на каратето кај нас.
„Македонското карате е во подем. Наташа Илиевска беше европска првенка и спортист на Македонија во последните две години. Сашко Арсовски, Жарко Арсовски, Огнен Груевски, Берат Јакупи... Сето тоа се освојувачи на медали на официјалните карате првенства. И како дел од таа целина и вадокаи каратето во Македонија е исто така врвно карате и овие медали дојдоа како резултат на сето тоа“, истакна Лазарев, кој очекува серијата успеси да продолжи и на претстојните две Светски првенства.
Првото, на кое нема дилеми дека ќе освоиме барем еден медал, е за десетина дена (17-19 ноември) во Париз, каде што ќе се одржи сестилскиот Мундијал. Кога е во прашање пак, собирот на најдобрите вадорју каратисти на планетава, кој е закажан за наредната година...
„Мислам дека ако СП се одржува многу далеку, во Јапонија, тогаш се проблем финансиите и не може да одиме во најјак состав. Значи прашањето е дали ние ќе успееме да отидеме на тоа првенство во најсилен состав. Ако отидеме во најјак состав, она што се најдобрите вадорју каратисти во Македонија, тогаш успехот е загарантиран“, додаде Лазарев.
Најискрено, ова што се случи во екипниот дел, беше за мене големо изненадување. Јас бев спремен, но не очекував дека така ќе ги завршам своите борби. Сепак, коцките се споија, па направивме голем успех за Македонија, за мене лично и за мојот карате клуб Македонка од Штип.Сашко Патраклиев, каратист.
Општа оценка е дека највредно е златото во екипна конкуренција за кое се изборија Сашко Патраклиев, Томе Тодоровски, Никола Рилак и Горан Иванов. Тие, по победите од 2-0 над селекциите на Република Ирска и на Украина, во финалето, благодарение на повеќето освоени бодови во поединечните борби ја совладаа и Русија (резултатот во победи беше 1-1), за што најзаслужен беше членот на „Македонка“, Патраклиев. Тој сите борби ги доби со резултат 8-0, со што ги надмина и сопствените најоптимистички очекувања.
Мислам дека ако СП се одржува многу далеку, во Јапонија, тогаш се проблем финансиите и не може да одиме во најјак состав. Значи прашањето е дали ние ќе успееме да отидеме на тоа првенство во најсилен состав. Ако отидеме во најјак состав, она што се најдобрите вадорју каратисти во Македонија, тогаш успехот е загарантиран.Јован Лазарев, селектор на карате репрезентацијата.