За да ги остварат своите права Македонците од Грција, Албанија и Бугарија, бараат многу поголема соработка со Владата и со државните институции.
Македонците кои живеат како малцинства во соседните држави, Грција, Албанија и Бугарија и натаму не можат да ги остварат своите основни човечки права. Смеат да се декларираат како Македонци, но при тоа треба да бидат свесни дека ќе ги носат сите реперкусии, ако се одлучат на овој чекор. Тоа значи дека ќе бидат дискриминирани при вработувањето, и воопшто при остварување на сите други права низ институциите на системот.
„Албанија не дава можност да се истакне секое малцинство. Нас, споредено со другите држави, малку или минорно не признава како Македонци. Иако е потписник на многу меѓународни документи, сепак не ги исполнува барањата“, вели Ефтим Митрески, уредник на весникот Преспа во Албанија.
За да ги остварат своите права и на следниот попис да може без поголеми реперкусии, јавно, без страв и поголеми притисоци, да ја покажат својата националност, Македонците од овие трите соседни држави, бараат многу поголема соработка со Владата и државните институции. Велат оваа Влада, им излегува пресрет, но треба уште многу да се работи на ова прашање.
„Македонската Влада треба посилно да вика и да ги бара правата. Ако тоа не го прават денес и ако утре они нешто сакаат да се реши проблемот, да седнат да разговараат, не ќе имаат докажни аргументи“, вели архимандрит Царкњас од Грција.
„Треба да имаме поддршка од македонската власт и од владините и од невладините институции“, вели Иван Хаџиев, од здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден.
Но, од македонскиот Институт за национална историја забележуваат.
„Институтите во Македонија имаат свои проекти, работат на нив, но за историјата на Македонија, меѓутоа кога би дошле иницијативи од нивна страна, она што нив ги интересира во тој регион каде што живеат, тогаш мислам дека таа комуникација би можела да биде воспоставена на едно повисоко би рекол научно ниво“, вели Драги Ѓорѓиев од Институтот за национална историја.
Македонци кои во Хрватска ги остваруваат сите свои права, годинава доставуваат проект до македонското Министерство за надворешни работи.
„Голема помош очекуваме во обрзованието на овие дечиња во Хрватска, значи школите се во Пула, Загреб, Сплит, во Осијек, Винковци и Вуковар“, вели Орце Ламбевски, претседател на Заедницата на Македонците во Хрватска.
Овие се проблемите, забелешките, но и пораките до македонската власт од овој годинешен 9-ти по ред Семакедонски собир, што во организација на Граѓанската асоцијација за национално, културно и духовно обединување НЕ- ИМА се одржа во Прилеп. Претседателот на оваа невладина организација , упати уште една порака и до македонските здруженија во соседните држави,но и македонските политичари во земјава.
„Поголемото присуство на нашите институции, истражувачи, во медиумите во соседните држави, значи нашето испитување покажува дека не се толку затворени медиумите, може да се анимираат и да се најде меѓусебна соработка, да се слушне и нашата страна“, апелира Борис Темоски, претседател на невладината организација „НЕ ИМА“.
Албанија не дава можност да се истакне секое малцинство. Нас, споредено со другите држави, малку или минорно не признава како Македонци. Иако е потписник на многу меѓународни документи, сепак не ги исполнува барањата.Ефтим Митрески, уредник на весникот Преспа во Албанија.
„Албанија не дава можност да се истакне секое малцинство. Нас, споредено со другите држави, малку или минорно не признава како Македонци. Иако е потписник на многу меѓународни документи, сепак не ги исполнува барањата“, вели Ефтим Митрески, уредник на весникот Преспа во Албанија.
За да ги остварат своите права и на следниот попис да може без поголеми реперкусии, јавно, без страв и поголеми притисоци, да ја покажат својата националност, Македонците од овие трите соседни држави, бараат многу поголема соработка со Владата и државните институции. Велат оваа Влада, им излегува пресрет, но треба уште многу да се работи на ова прашање.
Институтите во Македонија имаат свои проекти, работат на нив, но за историјата на Македонија, меѓутоа кога би дошле иницијативи од нивна страна, она што нив ги интересира во тој регион каде што живеат, тогаш мислам дека таа комуникација би можела да биде воспоставена на едно повисоко би рекол научно ниво.Драги Ѓорѓиев, Институт за национална историја.