Вработување во администрација се чини дека е желба на голем процент од младата популација во земјава, покажуваат истражувањата на невладиниот сектор. За таму, пак, бараат партиска книшка.
Приказната со која ќе започнеме не е невообичаена за македонската реалност. Но малкумина од оние што доживеале слична судбина се одлучуваат јавно да проговорат за тоа. Се работи за една скопјанка која пред три години се вработила во едно средно училиште. Секоја следна година нејзиниот работен однос се продолжувал со договор на определено време, сè до август минатата година, кога директорот на училиштето ја повикал за да и го соопшти тоа што најмалку сакала да го слушне.
„Прво договорот беше на три месеци, секаде така прво мора да биде, а потоа се продолжува до крајот на тековната школска година и така работев три години. Секој септември се продолжуваше договорот, сè до овој септември, кога директорот ми рече дека повеќе нема финансирање, нема часови за мене и од следниот ден да не доаѓам на работа, а веќе беше почната школската година. Буквално беше навечер, а ми рече од утре не доаѓај на работа, тоа за мене беше шок“, раскажува професорката.
Откако поминал првичниот шок од лошата вест, професорката добила уште една поразителна вест. Набрзо потоа, на нејзино место биле вработени двајца нови колеги. Таа тврди дека се работи за партиски вработувања, иако признава дека и таа има партиска книшка и тоа токму од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„На моето место беа вработени двајца професори, најверојатно ги поделиле часовите, јас имав полн фонд на часови. Тоа сигурно е по партиска линија, а кратко после тоа вработија и трет човек.“
Скопјанката вели дека не постои правен механизам со кој може да се заштити од ситуацијата во која се нашла, зошто работела со договор кој по волја на директорот или на некој друг, не бил продолжен, иако тврди дека работата ја извршувала одговорно и совесно, била добро прифатена од колегите и учениците, а немала ниту проблеми во комуникацијата со одговорниот директор. Неколку месеци по отказот, таа се уште е невработена.
Правичната застапеност изроди џаболебари
Иако македонската администрација важи за преобемна и недоволно ефикасна, сè почести се огласите за вработување во истата. Агенцијата за администрација неодамна објави огласи за нови 260 работни места за државни службеници во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, нови вработувања на 34 државни службеници во Министерство за труд и социјална политика, како и 14 во Министерството за транспорт и врски, 12 во Агенцијата за храна и ветеринарство, 9 во детската градинка 11 Октомври во Бутел и 5 во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Веднаш потоа претседателот на Собранието Трајко Вељановски ги распиша локалните избори. Граѓаните се сомневаат во регуларноста на ваквите огласи. Сè поединствени се во констатацијата дека пресуден фактор за да се вработите во јавната администрација не е знаењето и соодветната диплома, туку партиската книшка.
„Сега е дојдено време кога можеш да се вработиш само ако имаш партиска книшка, на времето не беше така. Сега само со партиска книшка или некој да ве „подбутне“. Јас сум во државна администрација и знам како ги вработуваат сега колегите. Процент од оваа популација, процент од онаа процент од друга и џаболебари колку сакате, вработени се, а не работат ништо.“
„Не е само за администацијата, туку и секаде, значи очигледно е дека човек треба да биде партиски определен, за жал тоа е. Партиската книшка е 90 проценти, а стручноста 10 проценти пресудна за вработување и тоа се провлекува без оглед кој и да е на власт. Ова ме асоцира на Госпоѓа Министерка од Бранислав Нушиќ. Ме ставаат за министерка и кој ќе стигне се вработува, дали знае два и два колку се, не е важно.“
„Сега партиски сè е врзано, некој си влегува, некој си излегува, кој како ќе си најде местенце поубаво таму си оди.“
„Да имаш партиска книшка па да те вработат, инаку вака да учиш па да очекуваш шанса е многу тешко.“
„Во Македонија требаат пред сè врски за вработување.“
„Најмногу врски, да имаш пријатели и партиска книшка. Знам повеќе луѓе што така се вработиле, доста пријатели така влегоа во државна администрација и тоа некој од нив без завршен факултет“, велат анкетираните граѓани.
Вработувањата во администрацијата пред избори
Според експертите, новите огласи за вработување во администрација ги подгреваат сомнежите дека се вработуваат луѓе кои на изборите ќе треба да гласаат за власта.
„Зголемувањето на бројот на администрацијата во вакви услови, во услови на енормно висок број на јавни службеници, на службеници во државната администрација не е ништо друго, туку еден од начините за добивање на повеќе поени на локалните избори кои претстојат“, вели универзитетскиот професор Темелко Ристевски.
И според професор Здравко Савески вработувањата пред избори за секоја власт претставуваат механизам за обезбедување дополнителни гласови. Тоа е испробан рецепт кој во последните неколку години се покажал како ефективен, вели тој.
„Бидејќи на тој начин се добива не само сигурен глас на оној што е вработен, туку многу често и на неговите поблиски од семејството, дури и некогаш и пошироко, а исто така се придобиваат и луѓе да гласаат кои имаат само бледа надеж дека би можеле да добијат вработување, ако гласаат или ако се членови на одредена партија.“
Иако Македонија е земја со висок процент на невработеност, новите вработувања во администрацијата не се економски оправдани, вели професорот Јонус Абдулау од Факултетот за јавна администрација при Штуловиот универзитет.
„Треба еднаш веќе да прекинат овие партиски вработувања, овие листи, и да се води една поинаква кадровска политика во државата, а не во политичките партии.“
Во меѓувреме државната комисија за спречување на корупцијата побара да запрат постапките за вработувања во администрацијата до завршувањето на локалните избори. Во врска со зголемениот број на огласи за вработувања цениме дека се работи за активности ставени во контекст на претстојните локални избори, соопштија од комисијата
.
Владата тврди дека не се работи за партиски вработувања, туку за пополнување на испразнети работни места.
Регрутирањето на нови гласачи со пари на сите граѓани е модел што го применува секоја владејачка гарнитура. Тоа, велат познавачите, ги става партиските интереси пред економската оправданост и потребата од новите административци кои ќе чекаат плата од буџетот. Речиси 400 милиони евра, пари на граѓаните и на стопанството на годишно ниво завршуваат за финансирање на платите на администрацијата. Во буџетот за 2013 година се предвидени 23 милијарди и 136 милиони денари за плати и надоместоци.
„Во јавната администрација двајца или тројца работници работат едно работно место, едноставно се преполнува јавната администрација и сето тоа има голема штета на буџетот и на економскиот перформанс на Република Македонија“,
вели професор Савески.
На веб-страницата на Државната агенција за администрација пишува дека мисијата на агенцијата е да овозможи развој на стручна, професионална и ефикасна државна и јавна служба, која е целосно деполитизирана, сервисно ориентирана и етична, преку законито, навремено и објективно давање на согласности на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места на органите на државната служба, спроведување на постапките за селекција и вработување на државен и јавен службеник и одлучувајќи во втор степен по жалби и приговори на државните и јавните службеници.
Но, според експертите, реалноста е поинаква.
„Проблемот со партизирана администрација ќе го решиме на начин со кој кога се вработуваат задолжително да се оди на конкурс и кога согласно нормативи и стандарди оној т.н. мерит систем да се влегува и да се напредува во администрацијата, за жал тој проблем тешко се решава и тешко ќе го надминеме во денешно време“, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски.
Тој вели дека за да се направи реформа во администрацијата неопходно е да се направи јасно дефинирање на статусот на луѓето што работат во неа.
„Да видиме колку се и да димензионираме“, вели тој.
Неодамна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски соопшти дека подготовките на законот за администрација се во завршна фаза. Уверува дека на него работеле голем број странски и домашни експерти, кои ги имале предвид странските искуства. Законот треба да донесе многу новини, а според министерот истиот ќе обезбеди поефикасна и поквалитетна администрација. Новиот закон треба да го регулира и делот што се однесува на евиденцијата на сите вработени во регистарот за државна и јавна администрација.
Државната работа, единствена шанса за вработување
Вработувањата во администрацијата е тема на која редовно се препукуваат и партиските опоненти. Владејачките партии обвинуваат за масовни вработувања во општинските администрации каде градоначалниците се од опозицијата. Опозицијата, пак, тврди дека сите вработувања на централно и локално ниво од 2006 година наваму биле партиски и со предизборни цели и дека обвинувањата за вработувања на партиски лица во општините со кои раководат градоначалници на СДСМ, е префрлање на одговорноста за партизација на јавната администрација од страна на ВМРО–ДПМНЕ.
Сенка во оправданоста на вработувањата фрла и привременото вработување на кадар. Ваквите вработувања во многу случаи не соодветствуваат со законот.
Една од причините за превработеноста во администрацијата, според експертите, е лошата економска ситуација во земјава. Слабиот економски раст и неотворањето на нови работни места во приватниот сектор придонесува единствените слободни места да бидат оние во јавниот сектор, велат експертите.
„Нормално е секој да сака да си обезбеди услови, начин за егзистенција и во вакви услови тоа го прави на начини кои од морално-етичка гледна точка недозволени. Со додворување на владејачките гарнитури, со прифаќање на работа за која не е стручен, не е квалификуван, по пат на партиски книшка“, изјави професор Ристевски.
Според експертите, една од алатките со кои секоја власт се обидува да ги држи вработените под контрола се договорите на определено време и договорите на дело, со кои од службениците се создаваат партиски послушници и се изигруваат законите. Голем број луѓе, најчесто партиски војници, работат со договор на дело, а токму пред избори партиите на власт ги вршат трансферите од договорен во работен однос.
„Договорите на ограничено време и договорите на дело се механизам кои го имаат работодавците во однос на работниците, за да ги држат покорни, да не се бунат, да не креваат врева кога им доцни платата или им ја намалуваат и слично“, вели професор Савески.
Она што според експертите треба исто така да не загрижи е способноста и стручноста на нашата администрација да ги задоволи нашите интереси.
„Во администрацијата, и државна и јавна, треба со конкурс да се влегува, со компетитивност и сега кога ние ќе ги почнеме вистинските преговори ќе се види капацитетот на нашата администрација“, вели универзитетската професорка Гордана Силјановска.
Професорот Ристевски вели дека ефикасноста на администрацијата ќе се подобри со ангажирање на стручен и компетентен кадар кој ќе има капацитет да одговори на потребите на граѓаните.
Бројот на вработени во администрацијата во изминативе 10-тина години е зголемен за неколку илјади. Ако во 98-мата година администацијата броеше 94 илјади вработени, во 2000-тата 98 илјади, минатата година, според податоците на министерот Ивановски, таа брои 118 илјади. Неофицијално, според упатените овој број е многу поголем.
Реформите во администрација беа дел и од претпристапниот дијалог на високо ниво на Владата со ЕУ. Во последниот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија, пофален е и напредокот во администрацијата. Сепак, Комисијата забележува дека се „потребни дополнителни напори за да се гарантира транспарентноста, независноста и професионализмот во јавниот сектор“. Во извештајот се нагласува и потребата од вработување или напредување „врз основа на заслуги“.
Сега е дојдено време кога можеш да се вработиш само ако имаш партиска книшка, на времето не беше така. Сега само со партиска книшка или некој да ве „подбутне“. Јас сум во државна администрација и знам како ги вработуваат сега колегите. Процент од оваа популација, процент од онаа процент од друга и џаболебари колку сакате, вработени се, а не работат ништо.Анкетиран граѓанин.
Откако поминал првичниот шок од лошата вест, професорката добила уште една поразителна вест. Набрзо потоа, на нејзино место биле вработени двајца нови колеги. Таа тврди дека се работи за партиски вработувања, иако признава дека и таа има партиска книшка и тоа токму од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Не е само за администацијата, туку и секаде, значи очигледно е дека човек треба да биде партиски определен, за жал тоа е. Партиската книшка е 90 проценти, а стручноста 10 проценти пресудна за вработување и тоа се провлекува без оглед кој и да е на власт. Ова ме асоцира на Госпоѓа Министерка од Бранислав Нушиќ. Ме ставаат за министерка и кој ќе стигне се вработува, дали знае два и два колку се, не е важно.Анкетиран граѓанин.
„На моето место беа вработени двајца професори, најверојатно ги поделиле часовите, јас имав полн фонд на часови. Тоа сигурно е по партиска линија, а кратко после тоа вработија и трет човек.“
Скопјанката вели дека не постои правен механизам со кој може да се заштити од ситуацијата во која се нашла, зошто работела со договор кој по волја на директорот или на некој друг, не бил продолжен, иако тврди дека работата ја извршувала одговорно и совесно, била добро прифатена од колегите и учениците, а немала ниту проблеми во комуникацијата со одговорниот директор. Неколку месеци по отказот, таа се уште е невработена.
Правичната застапеност изроди џаболебари
Зголемувањето на бројот на администрацијата во вакви услови, во услови на енормно висок број на јавни службеници, на службеници во државната администрација не е ништо друго, туку еден од начините за добивање на повеќе поени на локалните избори кои претстојат.Темелко Ристевски, универзитетски професор.
Иако македонската администрација важи за преобемна и недоволно ефикасна, сè почести се огласите за вработување во истата. Агенцијата за администрација неодамна објави огласи за нови 260 работни места за државни службеници во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, нови вработувања на 34 државни службеници во Министерство за труд и социјална политика, како и 14 во Министерството за транспорт и врски, 12 во Агенцијата за храна и ветеринарство, 9 во детската градинка 11 Октомври во Бутел и 5 во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Веднаш потоа претседателот на Собранието Трајко Вељановски ги распиша локалните избори. Граѓаните се сомневаат во регуларноста на ваквите огласи. Сè поединствени се во констатацијата дека пресуден фактор за да се вработите во јавната администрација не е знаењето и соодветната диплома, туку партиската книшка.
„Сега е дојдено време кога можеш да се вработиш само ако имаш партиска книшка, на времето не беше така. Сега само со партиска книшка или некој да ве „подбутне“. Јас сум во државна администрација и знам како ги вработуваат сега колегите. Процент од оваа популација, процент од онаа процент од друга и џаболебари колку сакате, вработени се, а не работат ништо.“
Бидејќи на тој начин се добива не само сигурен глас на оној што е вработен, туку многу често и на неговите поблиски од семејството, дури и некогаш и пошироко, а исто така се придобиваат и луѓе да гласаат кои имаат само бледа надеж дека би можеле да добијат вработување, ако гласаат или ако се членови на одредена партија.Здравко Савески, универзитетски професор.
„Не е само за администацијата, туку и секаде, значи очигледно е дека човек треба да биде партиски определен, за жал тоа е. Партиската книшка е 90 проценти, а стручноста 10 проценти пресудна за вработување и тоа се провлекува без оглед кој и да е на власт. Ова ме асоцира на Госпоѓа Министерка од Бранислав Нушиќ. Ме ставаат за министерка и кој ќе стигне се вработува, дали знае два и два колку се, не е важно.“
„Сега партиски сè е врзано, некој си влегува, некој си излегува, кој како ќе си најде местенце поубаво таму си оди.“
„Да имаш партиска книшка па да те вработат, инаку вака да учиш па да очекуваш шанса е многу тешко.“
„Во Македонија требаат пред сè врски за вработување.“
„Најмногу врски, да имаш пријатели и партиска книшка. Знам повеќе луѓе што така се вработиле, доста пријатели така влегоа во државна администрација и тоа некој од нив без завршен факултет“, велат анкетираните граѓани.
Вработувањата во администрацијата пред избори
Проблемот со партизирана администрација ќе го решиме на начин со кој кога се вработуваат задолжително да се оди на конкурс и кога согласно нормативи и стандарди оној т.н. мерит систем да се влегува и да се напредува во администрацијата, за жал тој проблем тешко се решава и тешко ќе го надминеме во денешно времеБорче Давитковски, универзитетски професор.
Според експертите, новите огласи за вработување во администрација ги подгреваат сомнежите дека се вработуваат луѓе кои на изборите ќе треба да гласаат за власта.
„Зголемувањето на бројот на администрацијата во вакви услови, во услови на енормно висок број на јавни службеници, на службеници во државната администрација не е ништо друго, туку еден од начините за добивање на повеќе поени на локалните избори кои претстојат“, вели универзитетскиот професор Темелко Ристевски.
И според професор Здравко Савески вработувањата пред избори за секоја власт претставуваат механизам за обезбедување дополнителни гласови. Тоа е испробан рецепт кој во последните неколку години се покажал како ефективен, вели тој.
„Бидејќи на тој начин се добива не само сигурен глас на оној што е вработен, туку многу често и на неговите поблиски од семејството, дури и некогаш и пошироко, а исто така се придобиваат и луѓе да гласаат кои имаат само бледа надеж дека би можеле да добијат вработување, ако гласаат или ако се членови на одредена партија.“
Во администрацијата, и државна и јавна, треба со конкурс да се влегува, со компетитивност и сега кога ние ќе ги почнеме вистинските преговори ќе се види капацитетот на нашата администрација.Гордана Силјановска, универзитетски професор.