Достапни линкови

Системски против корупцијата во администрацијата


Бројот на граѓани што сметаат дека корупцијата во јавната администрација е намалена за разлика од пред четири години е нешто поголем од бројот на оние што мислат дека корупцијата е зголемена, покажува истражувањето на ОБСЕ, Државната комисија за спречување на корупција и Транспаренси интернејшнал.

Јавното мислење во Македонија е поделено во однос на успехот во борбата против корупцијата во јавната администрација. Ова е заклучокот од истражувањето на ОБСЕ, Државната комисија за спречување на корупција и Транспаренси интернејшнал. Според извештајот, бројот на граѓани што сметаат дека корупцијата во јавната администрација е намалена за разлика од пред четири години е нешто поголем од бројот на оние што мислат дека корупцијата е зголемена. Најголем дел од нив сметаат дека корупцијата е најмногу распространета на централно ниво и при склучување на големи зделки.
За седум години е направен сериозен исчекор. Двојно се намалени случаите кадешто граѓаните говорат дека се дел или жртви на корупција и коруптивно однесување.
Воислав Зафировски, член на Државната антикорупциска комисија.

Воислав Зафировски од Државната комисија вели дека функцијата на јавниот сектор е да биде сервис на граѓаните и таквата негова позиција остава простор и ризик за корупција. Според него, во однос на претходните извештаи кога 13,5 насто од испитаниците истакнале дека им било побарано или понудиле мито, сега таа бројка изнесува 6,5 насто.
Воислав Зафировски, член на антикорупциската комисија.
Воислав Зафировски, член на антикорупциската комисија.

„Ако споредиме, тоа значи дека за седум години е направен сериозен исчекор. Двојно се намалени случаите кадешто граѓаните говорат дека се дел или жртви на корупција и коруптивно однесување.“
Оттука може да влечеме поуки и заклучоци како треба да се делува во услови кога корупцијата попримила ендемски форми и кога навлегла во сите сфери на општественото живеење, значи само со систематско делување на повеќе полиња.
Слаѓана Тасева, Транспаренси интернејшнал.

Слаѓана Тасева од Транспаренси интернејшнал вели дека очигледно мерките што се преземаат даваат резултати.

„Оттука може да влечеме поуки и заклучоци како треба да се делува во услови кога корупцијата попримила ендемски форми и кога навлегла во сите сфери на општественото живеење, значи само со систематско делување на повеќе полиња.“

Секој трет граѓанин смета дека владата се залага за спречување на корупцијата во јавната администрација, но 42 насто од нив не се согласуваат дека борбата се води праведно и објективно. Според Зафировски, ваквите извештаи се неопходни за спроведување на наредните чекори.

„Мерките кои се преземаат во насока на ИСО стандардизација во институциите даваат резултати. Мислам дека клучните фактори за намалување на процентот на оние лица кои велат дека биле вклучени во корупција и коруптивни активности да се намали е токму таквиот сериозен системски пристап во креирањето на односите во институциите.“

Според извештајот, 56,5 насто од граѓаните сметат дека казните се ефикасни, но 62 насто истакнале дека службениците не се плашат од можните последици заради нивната корумпираност.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG