Пратенички прашања во Собранието, „граѓански парламент“ пред Собранието

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Граѓански парламент - прашања до пратениците

Седница за пратенички прашања во Собранието, а опозицискиот „Сојуз за иднината“ со граѓански парламент пред Собранието. Кој го наредил исфрлањето на новинарите од собранието на 24 декември, кога власта ќе им овозможи на новинарите да работат во интерес на народот и што планира да направи со континуираниот пад на индустриското производство и економијата во целина, беа дел од поставените прашања.
Опозицијата ги продолжи своите протести и денеска пред Собранието го одржа својот отворен Парламент. Додека внатре во Собранието се одвиваше седницата на која на дневен ред беа пратенички прашања, опозицијата и присутните на нејзиниот собир и ги поставија своите прашања на власта однадвор. Како си ги поставува власта прашањата на која го предизвикува саканиот одговор? Наведувачки и манипулативно рече младиот докторант Дане Талески порачувајќи така власта не може да си ја избрише нечистата совест и политичката неодговорност.
Новиот закон за грѓанска оговорност за клевета и навреда во членот 22 се воведува можност за цензура, судот може да забрани привремено да објавувате некакви содржини доколку смета дека клеветите или навредувате некого.
Петрит Сарачини, новинар.

„Ако било кого прашате во Република Македонија дали треба да се почитува редот, секој ќе каже да, но ако ги прашате дали го оправдувате насилното исфрлање на новинари од Собранието на Република Македонија на 24 декември, еве го одговорот...“

Новинарот Петрит Сарачини потсети дека исфрлањето на новинарите од Парламентот на 24 декември е невиден преседан ако се зборува за загрозувањето на слободата на медиумите во земјава, слобода која како што рече драстично опаѓа во последниве години изедначувајќи не со држави во кои владее големо загрозување на правата и слободите.

Она што владата го прави си бара алиби и во меѓувреме се задолжува, нас не задолжува, за да одржи привремен мир. Моето прашање е следното, првиот дел е: Дали има објаснување некое друго некој од владата за тој пад? и уште побитното прашање: Дали има било каков план што ќе се прави во иднина?
Ванчо Узунов, универзитетски професор.
„Новиот закон за грѓанска оговорност за клевета и навреда во членот 22 се воведува можност за цензура, судот може да забрани привремено да објавувате некакви содржини доколку смета дека клеветите или навредувате некого.“

Од пред Собранието денеска беа поставени и прашања кои се однесуваат на економијата и изнесени за илустрација споредби на податоците излезени од заводот за статистика. Состојбите нè водат кон катастрофа па дури и кон економска катаклизма, беше оценката на професорот Ванчо Узунов. Декември беше 16-тиот месец по ред во кој е забележан пад на индустриското производство, но тоа не може да биде објаснето само со постојаните оправдувања на владата дека тоа е последица на кризата во еврозоната, посочи Узунов.

„Она што владата го прави си бара алиби и во меѓувреме се задолжува, нас не задолжува, за да одржи привремен мир. Моето прашање е следното, првиот дел е: Дали има објаснување некое друго некој од владата за тој пад? и уште побитното прашање: Дали има било каков план што ќе се прави во иднина?

Од опозицискиот микрофон денеска се слушнаа и други прашања до власта, но таа ќе ги чуе преку медиумите, автеnтично ги слушаше денеска прашањата на тие што беа присутни во салата.