Од кабинетот на претседателот Иванов потврдија дека тој не планира да организира нова лидерска средба. За дел од аналитичарите, со тоа претседателот се однесува како портпарол на владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и натаму молчат што ќе преземат за надминување на политичката криза во земјата. Сè уште нема информации што конкретно еврокомесарот Штефан Филе им порачал на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски и на претседателот Ѓорге Иванов.
Од кабинетот на Иванов единствено потврдија дека шефот на државата не планира да организира нова лидерска средба. Од таму соопштуваат дека нема промена во ставот на Иванов и на она што го изјавил пред недела дена, односно дека нема потреба да се одржуваат такви средби, туку дијалогот треба да се врати во институциите.
Од партиски извори дознаваме дека СДСМ ќе се држи до договореното да не излегува со информации во јавноста и неофицијално, според нив, посетата на Филе и начинот на кој беше изведена, само говори за сериозноста на ситуацијата и на политичката криза.
Политичкиот аналитичар Арсим Синани вели дека препораките од меѓународната заедница се јасни дека не сакаат политичка криза и дека проблемите треба да се решат, а Иванов треба да биде посредник.
„Мислам дека не се коректни изјавите на претседателот на државата. Тој треба да биде интермедијатор меѓу политичките партии во Македонија, а не да стане портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.“
Синани додава дека партиите ги кријат предлозите или барањата од Филе од тактички причини.
„Мислам дека ова е една политичка тактика, и од премиерот Груевски и од господинот Црвенковски. Тие сакаат да видат колку се силни и внатре во нивните политичките партии. Другиот аспект е дека тактизирањето сакаат да го користат за политички маркетинг за да придобијат што повеќе гласови“, вели Синани.
Експертите предупредуваат дека поради молкот на партиите се јавуваат шпекулации во јавноста кои негативно ќе се одразат.
Не се коректни изјавите на претседателот на државата. Тој треба да биде интермедијатор меѓу политичките партии во Македонија, а не да стане портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсим Синани, политички аналитичар.
Од кабинетот на Иванов единствено потврдија дека шефот на државата не планира да организира нова лидерска средба. Од таму соопштуваат дека нема промена во ставот на Иванов и на она што го изјавил пред недела дена, односно дека нема потреба да се одржуваат такви средби, туку дијалогот треба да се врати во институциите.
Од партиски извори дознаваме дека СДСМ ќе се држи до договореното да не излегува со информации во јавноста и неофицијално, според нив, посетата на Филе и начинот на кој беше изведена, само говори за сериозноста на ситуацијата и на политичката криза.
Oва е една политичка тактика, и од премиерот Груевски и од господинот Црвенковски.Арсим Синани, политички аналитичар.