Дијалог мора да има, па макар и формален, велат аналитичарите, оти ако двете страни останат на максималистичките ставови кои вчера ги презентираа, тоа ќе биде пораз за Македонија.
Доколку лидерите на двете најголемите македонски партии по вчерашната средба останат и во иднина на максималистичките ставови, тоа ќе биде погубно за државата и за демократијата оценуваат аналитичарите. Дел од нив се скептични дека партиите ќе останат докрај цврсти во своите ставови и сметаат дека може да се очекува постепено омекнување од двете страни.
Од една страна владеjaчката партија ВМРО-ДПМНЕ е под притисок затоа што ја има политичката одговорност за оддржување на демократијата во земјава и треба да организира демократски локални избори, а од друга страна пак опозициската СДСМ е под притисок за евентуални, кои може да следуваат доколку ги бојкотираат локалните избори.
Политичкиот аналитичар Алајдин Демири смета дека вчерашното прво бетонирање на позициите на власта и опозицијата укажува дека тешко ќе се дојде до решение за политичката криза, но самото тоа што седнаа на маса, пак покажува дека тоа е почеток на еден вид квази дијалог кој мора да се одвива.
„Ако првата средба беше фијаско односно не внесе плод, сметам дека ќе следат некои средби на кои формално ќе се отворат некои работи пред се локалните избори да не се бојкотираат и евентуалното враќање на опозицијата во Парламнтот.“
Тој додава дека мора и двете страни да започнат со омекување на нивните ставови затоа што проблемите кои ги поставија на маса можат да се решат само преку избори. За него најлошото сценарио кое може да се очекува е опозицијата да продолжи со протести и бојкотирање на парламентот, а власта сама да си организира локални избори, при што работите ќе излезат од контрола. Додека пак најоптимистичко сценарио е продолжување на преговори меѓу двете страни па макар тие биле и само формални и при што би се договориле за изборниот процес и за гарантирање на фер избори. Демири смета дека лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Бранко Црвенковски создадоа големо непријателство кое ги пречекорува сите политички граници.
„Тоа непријателство ќе се омекне, пред се поради политиката, поради Македонија и одговорноста. И двајцата лидери се однесуваат како Македонија да им е своина, нешто приватно, нешто лично, оваа логика е многу штетна.“
Поранешниот премиер Владо Бучковски смета дека самиот факт што двајцата лидери седнаа на заедничка маса е успех и сега се влегува во фаза каде може да се очекува втора рунда на разговори, при што е убеден дека СДСМ ќе постапи рационално и ќе прифати да учествува на изборите.
„Со гаранции дека ќе бидат фер и демократски, тоа според мене е рационален пристап затоа што сметам дека евентуалниот успех на локалните избори е патот како да се дојде со предвремени парламентарни избори, се друго се гледа дека во овој момент нема поширока поддршка, не само кај ВМРО-ДПМНЕ, туку и кај другите политички партии кои се застапени во Парламентот.“
Но, доколку и двете страни останат на максималистичките ставови кои вчера ги презентираа тоа ќе биде пораз за Македонија оценува Бучковски.
„Локалните избори ќе се одржат во законски предвидениот термин. Ако опозицијата ги бојкотира Македонија нема да ја реши политичката криза, туку ќе се соочи со едно ново искуство кое досега сме го немале, биле бојкотирани парламентарни избори. Некој свесно да се откаже од влијанието во локалната самоуправа за следните 4 години, според мене, е погубно и мислам дека нема да се случи.“
Груевски по вчерашната средба изјави дека добил ултиматум за предвремени парламентарни избори и дека локални избори ќе има со или без СДСМ, додека,пак, Црвенковски изјави дека доколку нема парламентарни избори партијата нема да се врати во собранието и дека со тоа нема да учествуваат на локални избори.
Тоа непријателство ќе се омекне, пред се поради политиката, поради Македонија и одговорноста. И двајцата лидери се однесуваат како Македонија да им е своина, нешто приватно, нешто лично, оваа логика е многу штетна.Алајдин Демири, политички аналитичар.
Од една страна владеjaчката партија ВМРО-ДПМНЕ е под притисок затоа што ја има политичката одговорност за оддржување на демократијата во земјава и треба да организира демократски локални избори, а од друга страна пак опозициската СДСМ е под притисок за евентуални, кои може да следуваат доколку ги бојкотираат локалните избори.
Политичкиот аналитичар Алајдин Демири смета дека вчерашното прво бетонирање на позициите на власта и опозицијата укажува дека тешко ќе се дојде до решение за политичката криза, но самото тоа што седнаа на маса, пак покажува дека тоа е почеток на еден вид квази дијалог кој мора да се одвива.
Локалните избори ќе се одржат во законски предвидениот термин. Ако опозицијата ги бојкотира Македонија нема да ја реши политичката криза, туку ќе се соочи со едно ново искуство кое досега сме го немале, биле бојкотирани парламентарни избори. Некој свесно да се откаже од влијанието во локалната самоуправа за следните 4 години, според мене, е погубно и мислам дека нема да се случи.Владо Бучковски, поранешен премиер.