Стихозбирката „Остаток од друг век“ на Никола Маџиров се најде меѓу петте најдобри поетски книги за 2012 година во САД според тамошниот престижен книжевен магазин „Манархи“. Во меѓувреме на македонскиот автор во Албанија му е преведена „Преместен камен“, а тој пролетва ќе одржи поетски читања во Лос Анџелес, Њујорк и уште во неколку други големи американски градови.
Едвард Ратке, уредникот на листата на петте најдобри поетски книги објавени во САД во текот на изминатата 2012 година според „Манахри“ каде што се најде и „Остатокот од друг век“, за песните на Никола Маџиров вели дека тоа се песни што ја допираат и обземаат вашата душа, кои продираат длабоко во неа, песни кои ги носите со себе со денови, месеци и години. „Прекрасна и хипнотизирачка, оваа стихозбирка го обнови мојот интерес за современата поезија со која изгубив контакт во последниве години. И мило ми е што се случи тоа, бидејќи без оваа книга, листата немаше да постои“, ќе запише Ратке.
„Додека пишуваш за она што го живееш, за она што се надеваш, за она што го сонуваш, доаѓа ехо од она што веќе си го напишал. Претпоставувам затоа и тишината е важна, тој дијалог помеѓу авторот и читателот кој секогаш е дијалог со доцнење навидум, меѓутоа мислам дека поезијата и пишувањето воопшто никогаш не доцни“, истакнува Никола Маџиров.
Тој е особено среќен затоа што неговата „Остаток од друг век“, како издание на „Бо едишнс“ и во превод на Пеги и Греам Рид и Магдалена Хорват и Адам Рид, живее во дијалог со „Недовршен рај“ на Нобеловецот Томас Транстромер кој е едно од маркантните имиња на оваа листа.
„Од големо значење за мене е тоа што книгата се најде во избор заедно со книгата на Нобеловецот Транстромер кој е поет на обоената тишина, поетот на боите на молкот. Неговите книги стојат на моите рафтови и голема чест е сега заедно да се најдат на едно место.“
Од друга страна, „Преместен камен“ за која Маџиров во 2011 година ја доби европската награда „Хуберт Бурда“ која им се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа, деновиве во превод на Милена Селими излезе за издавачката куќа „Поетека“ од Тирана. Тој наскоро заминува за Албанија на промоцијата на ова дело и на неколку поетски читања.
„Од големо значење за мене е тоа што книгата се појавува на албански јазик со оглед на тоа што ќе можам таа книга да ја споделам и со читателите таму во Албанија, но секако и со неколку мои драги пријатели албански поети кои живеат во Македонија како што се Љуљзим Хазири или, пак, Салајдин Салиху и многу други творци чиј мајчин јазик е албанскиот.“
Никола Маџиров важи и за вистински современ литературен номад. За поет кој одамна расчистил со припадноста и нечието ставање во одредени рамки и контексти.
„Отсекогаш во истовреме сум копнеел меѓутоа и сум се плашел од некаква припадност. Тоа веројатно важи и за самата поезија. Со секој напишан збор, со секоја напишана тишина, мислам дека поезијата бега од припадноста а ние упорно се трудиме да ја ставиме во одредени временски рамки, во одреден историски контекст, национален контекст и мислам дека во овој случај е обратно. Се трудам самиот да ја следам поезијата, тоа нејзино бегство, отколку поезијата да го следи моето бегство. А колку тоа бегство е предвидено, колку е намерно или случајно на некој начин тоа го кажуваат минатите граници. Замислете да ги нема тие граници, административните, границите на јазикот, тогаш ќе се чини дека секогаш сум на исто место а вака се стекнува впечаток дека секогаш не сум дома. Значи зборот дом и феноменот дом е прашање на поделби.“
Говорејќи, пак, за процесот на пишување поетот нагласува дека секогаш постои миг на креативна тишина.
„Тоа може да се појави во вид на перцепција. Или во вид на долготрајно набљудување. Или ,пак, пишување а не објавување. Или, пак, патување и акумулирање. Би го дал случајот со композиторот Арво Перт кој имаше три години на креативна тишина додека не ја напиша веќе класиката „За Алина“. И навистина сметам дека секој автор секогаш, пред секое седнување пред белиот екран на компјутерот треба да се преиспита самиот себе си. Да се праша самиот себе си каде ќе патува во овој миг. И затоа сметам дека таа тишина може да помогне авторот да се осознае преку она што веќе го создал, да се осознае самиот себе си преку сопствениот ракопис на тој начин што од таа археологија на свеста тој ќе ископа уште еден пласт, уште еден слој од сопственото присуство. На тоа веќе неколку години работам и се надевам дека наскоро, временски не можам да одредам меѓутоа работам на тоа, ќе се појави и новиот ракопис, ќе се појави и новата книга која ќе биде, се надевам, само еден разоткриен пласт од моето присуство во вид на зборови, во вид на тишина.“
Роден 1973 година во Струмица, Никола Маџиров е поет, есеист и преведувач. Неговата поезија е преведена на триесет јазици и објавувана во списанија и антологии во Европа, Азија и Америка. За поезијата од книгата „Преместен камен“ (2007) покрај европската поетска награда „Хуберт Бурда“ ја доби и најпрестижната македонска поетска награда „Браќа Миладинови“. За книгата „Заклучени во градот“ (1999) му е доделена наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга, а за книгата „Некаде никаде“ (1999) наградата „Ацо Караманов“. Според неговите стихови музика компонирал авангардниот американски џез-композитор и саксофонист Оливер Лејк, соработник на славниот Лу Рид од култните „Велвет андеграунд“ и на Исланѓанката Бјорк.
Згора на тоа тој настапувал на многубројни книжевни фестивали и добитник е на неколку меѓународни награди и стипендии: „International Writing Program“ (IWP) на Универзитетот во Ајова во САД; „Literarisches Tandem“ во Берлин; „KultuKontakt“ стипендијата во Виена; „Internationales Haus der Autoren“ во Грац; „Literatur Haus NÖ“ во Кремс и „Villa Waldberta“ во Минхен, а координатор е на светската поетска мрежа „Лириклајн“ за Македонија.
Инаку, неговата поезија е објавена и во најновиот број на „Преари Скунер“, едно од најстарите американски книжевни списанија кое во Небраска се печати од 1926 година, а напролет тој е планирано да одржи поетски читања во Лос Анџелес, Њујорк и во неколку други американски мегалополиси.
Додека пишуваш за она што го живееш, за она што се надеваш, за она што го сонуваш, доаѓа ехо од она што веќе си го напишал. Претпоставувам затоа и тишината е важна, тој дијалог помеѓу авторот и читателот кој секогаш е дијалог со доцнење навидум, меѓутоа мислам дека поезијата и пишувањето воопшто никогаш не доцни.Никола Маџиров, поет.
Тој е особено среќен затоа што неговата „Остаток од друг век“, како издание на „Бо едишнс“ и во превод на Пеги и Греам Рид и Магдалена Хорват и Адам Рид, живее во дијалог со „Недовршен рај“ на Нобеловецот Томас Транстромер кој е едно од маркантните имиња на оваа листа.
„Од големо значење за мене е тоа што книгата се најде во избор заедно со книгата на Нобеловецот Транстромер кој е поет на обоената тишина, поетот на боите на молкот. Неговите книги стојат на моите рафтови и голема чест е сега заедно да се најдат на едно место.“
Од друга страна, „Преместен камен“ за која Маџиров во 2011 година ја доби европската награда „Хуберт Бурда“ која им се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа, деновиве во превод на Милена Селими излезе за издавачката куќа „Поетека“ од Тирана. Тој наскоро заминува за Албанија на промоцијата на ова дело и на неколку поетски читања.
Од големо значење за мене е тоа што книгата се појавува на албански јазик со оглед на тоа што ќе можам таа книга да ја споделам и со читателите таму во Албанија, но секако и со неколку мои драги пријатели албански поети кои живеат во Македонија како што се Љуљзим Хазири или, пак, Салајдин Салиху и многу други творци чиј мајчин јазик е албанскиот.Никола Маџиров, поет.