Барак Обама вчера и јавно положи заклетва за неговиот втор мандат како претседател на Соединетите Држави. Во говорот по заклетвата тој не изнесе конкретни мерки што ќе ги преземе, туку уште еднаш апелира на заедништво во земјата. Истото го порача и пред четири години. Но, дали Обама сега е и истиот политичар?
Во неговиот говор на скалите на американскиот Конгрес во Вашингтон, Обама побара од поделената Америка да се обедини во една нација и еден народ.
„Секогаш кога се собираме да инаугурираме претседател, ние сме сведоци на силата на нашиот Устав. Го афирмираме ветувањето за нашата демократија. Она што ја поврзува оваа земја не е бојата на нашата кожа или начелата на нашата вера или потеклото на нашите имиња. Она што не прави исклучителни, што не прави Американци, е нашата приврзаност кон идејата на Декларацијата за независност пред повеќе од два века.“
Обама вети и обнова на силни сојузи низ светот, наведувајќи дека Соединетите Држави се посветени да изнајдат сигурност без постојани војни.
„Декадата на војна завршува. Економската обнова штотуку почна. Американските можности се неограничени, бидејќи ги поседуваме сите квалитети што овој свет без граници ги бара: младост, решителност, разновидност, отвореност. Ние сме создадени за овој момент и ние ќе го искористиме, се додека тоа го правиме заедно.“
Говорот на Барак Обама, за Брајан Балох, професор по историја на Вирџинија универзитетот, бил дефинирачки момент, бидејќи тој ги објаснил иделошките и филозофските идеи што го мотивираат.
„Ова беше храбар говор, бидејќи претседателот го изложи основното образложение за сите програми што ги има предложено. А тоа е: Америка е посилна кога дејствува колективно, и покрај тоа што тој збор е опасен во американската историја, бидејќи потсетува на сликите на комунизмот и на социјализмот.“
Како и да е, според експертите, вторите четири години од претседателскиот мандат секогаш се разликуваат од претходните четири минати во Белата куќа. Исто така, како што оценуваат, банална вистина е дека американските претседатели кои добиваат втор мандат бараат особено од надворешните работи, полирање на нивното наследство.
Претседателот Обама, и покрај тоа што ги има истите цели, овој пат би можело да се разликува во стратегијата и стилот како да ги постигне. Тој има претпазлив темперамент, но и голема имагинација. Затоа тој ги дефинира своите цели во грандиозна смисла, иако е подготвен да преземе многу мали чекори за да дојде до нив.
Овој пат Обама ќе има и некои цврсти белешки, како и потсетување до неговите противници дека гласачите му испратија јасна порака.
Тој, според некои аналитичари, веќе научил дека конфронатцијата некогаш е поефикасна од помирувањето, дека е подобар во водење кампањи отколку во преговарање и дека не треба да се биде преамбициозен.
Обама можеби е истиот човек од пред четири години, но по се изгледа нема да биде и истиот политичар.
Она што ја поврзува оваа земја не е бојата на нашата кожа или начелата на нашата вера или потеклото на нашите имиња. Она што не прави исклучителни, што не прави Американци, е нашата приврзаност кон идејата на Декларацијата за независност пред повеќе од два века.Барак Обама, претседател на САД.
„Секогаш кога се собираме да инаугурираме претседател, ние сме сведоци на силата на нашиот Устав. Го афирмираме ветувањето за нашата демократија. Она што ја поврзува оваа земја не е бојата на нашата кожа или начелата на нашата вера или потеклото на нашите имиња. Она што не прави исклучителни, што не прави Американци, е нашата приврзаност кон идејата на Декларацијата за независност пред повеќе од два века.“
Обама вети и обнова на силни сојузи низ светот, наведувајќи дека Соединетите Држави се посветени да изнајдат сигурност без постојани војни.
Декадата на војна завршува. Економската обнова штотуку почна. Американските можности се неограничени, бидејќи ги поседуваме сите квалитети што овој свет без граници ги бара: младост, решителност, разновидност, отвореност. Ние сме создадени за овој момент и ние ќе го искористиме, се додека тоа го правиме заедно.Барак Обама, претседател на САД.