Достапни линкови

Што мора да избегне Обама во идниот мандат


Aмериканскиот претседател Барак Обама.
Aмериканскиот претседател Барак Обама.

Слушнавме многу за она што треба американскиот претседател Барак Обама да направи во новиот мандат, но иднината ќе биде детерминирана од она што тој не треба да го прави. Ова се наведува во анализата на „Форин полиси“ во која се наведуваат 12 катастрофи кои идната администрација би требало подобро да ги измери за да ги избегне отколку да се справува со нивните последици.

Во анализата, како прво се наведува избегнувањето на војната со Иран, но и трката во нуклеарното вооружување на Блискиот Исток. Притоа се констатира дека запирањето на иранската нуклеарна програма ќе бара покредибилна закана со воена акција од страна на светските сили. Тоа, пак, ќе доведе до неопходноста од евентуалното гаснење на регионалниот пожар од Тунис до Пакистан, со посебен осврт врз прелевањето на сиријскиот конфликт.

Додека Европа во изминативе месеци направи извесен прогрес во смирување на берзите, мерките за штедење би можело да продуцираат политички уназадувања од потенцијално екстремистичка природа во наредните неколку години. Тоа може да ги обнови дискусиите за распаѓање на Европската унија што неминовно ќе ги погоди и Соединетите Држави.
Форин полиси.
Како трета катастрофа која треба да ја избегне претседателот Барак Обама е ескалацијата на американската инволвираност во Африка со цел да се избегне можна војна како онаа во Виетнам. Обама треба да избегне уште еден напад како оној на 11 септември 2001 година. Притоа, како што се додава, не е доволно само неутрализирање на терористите.

„Форин полиси“ како други можни катастрофи што треба да ги избегне Обама во новиот мандат ги наведува и трговската војна со Кина, американската фискална катастрофа, стагнација на Соединетите Држави од јапонски стил, нови глобални финансиски кризи, како и економските шокови од еврозоната.

„Додека Европа во изминативе месеци направи извесен прогрес во смирување на берзите, мерките за штедење би можело да продуцираат политички уназадувања од потенцијално екстремистичка природа во наредните неколку години. Тоа може да ги обнови дискусиите за распаѓање на Европската унија што неминовно ќе ги погоди и Соединетите Држави“, оценува „Форин полиси“ во текстот во кој додава дека новата администрација треба да работи и на избегнување на социјалните немири какви што во земјата имало во текот на шеесетите години од минатиот век.

„Секое општество кое постојано ги оддалечува сиромашните од богатите е неуспешно“, констатира весникот кој додава дека можеби е предоцна да се поправат промените во животната околина кои доведуваат до природни катастрофа, но тоа не значи и да не се зголемат напорите да се избегнат последиците од таквите климатски удари.

Како 12 катастрофа што мора да се избегне е ерата на постојана војна, односно онаа во сајбер просторот. Таа е тајна и може да предизвика помалку човечки жртви од традиционалната војна, но токму затоа е попривлечна за водење. Сајбер нападите можат да предизвикаат штети кои ќе бараат одмазда, а тоа може да доведе до нарушување на стабилноста во светот, се наведува во анализата на „Форин полиси“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG