Цената на нафтата и нафтените деривати на светските пазари се намалува, но пазарите на нафтени деривати на Западен Балкан не го следат тој тренд.
Цената на нафтата на светските пазари се намалува. Нафтата на њујоршката берза го достигна најниското ниво во изминативе неколку години од 90 долари за барел додека на лондонската берза изнесува 111 долари за барел. Берзанските аналитичари очекуваат дека годинава цената на нафтата на светските пазари ќе продолжи да паѓа со оглед на тоа што снабдувачката ја надмина побарувачката.
Но, земјите од Западниот Балкан вклучувајќи ја и Македонија не го следат овој тренд. Според истражувањата на новинската агенција Анадолија и покрај падот на цената на нафтата, во тој регион не е регистрирано поевтинување на горивата, туку напротив забележано е поскапување за околу еден отсто.
Поранешниот министер за економија Џевдет Хајредини коментирајќи го ваквиот тренд на Балканот, вели дека земјите од регионов не ги поврзува пазарната логика туку интересите на властите.
„Земјите од Западен Балкан ги поврзува една сличност, на власт се режими кои по пат на цената на дериватите го полнат буџетот. Поголем извор на приходи од дериватите нема. Има пад на производството, има секакви негативни движења во стопанството, им останало како приход за финансирање за буџетските расходи, за кои тие сметаат дека им се потребни, остануваат само акцизите и данокот на додадена вредност на дериватите.“
Поскапувањето на нафтата неминовно ќе значи и поскапување на останатите производи, а со тоа и намалување на животниот стандард на граѓаните, вели Хајредини.
„Ги осиромашуваат граѓаните, го товарат бизнисот со огромни трошоци, меѓутоа тоа не им е битно, битна им е васта.“
На прв удар од скапата нафта во Западниот Балкан се транспортерите. Генералниот секретар на Асоцијацијата на превозници „Макам- транс“ Билјана Муратовска, вели дека поради трендот во Западен Балкан на зголемување на цените на нафтата, превозниците често се обидуваат да се снабдат со поевтино гориво од други европски држави, но не секогаш им успева тоа.
„Не ни успева секогаш затоа што зависи од дестинацијата на движење на возилото. Во овие три последни години се работи со минимум заработувачка, или понекогаш без заработувачка, само со калкулирање на ДДВ-то кое што треба да ни се врати како еден вид на средства кои ни се заштедени.“
Таа додава дека со високата цена на нафтата стануваат помалку конкурентни на европскиот пазар, а од друга страна размената на производите меѓу државите е многу намалена.
„Дури и под цената некогаш да возиме за да можеме да ги задржиме клиентите. Во последните ти години веќе амортизација не пресметуваме, многу наши газди одново станаа шофери со цел на некој начин да заштедат средства и да можат да опстанат на овој пазар.“
За споредба кога цената на суровата нафта на светските берзи изнесуваше рекордни 148 долари за барел цената на бензинот во Македонија беше 73 денари, но пред неколку дена кога цената на светските берзи е драстично намалена во земјава се купува бензин за 82 денари. Речиси половина од платената цена за литар гориво оди во Владата – преку акцизи, ДДВ и давачката од еден денар за литар бензин што оди во Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.
Земјите од Западен Балкан ги поврзува една сличност, на власт се режими кои по пат на цената на дериватите го полнат буџетот. Поголем извор на приходи од дериватите нема.Џевдет Хајредини, поранешен министер за економија.
Но, земјите од Западниот Балкан вклучувајќи ја и Македонија не го следат овој тренд. Според истражувањата на новинската агенција Анадолија и покрај падот на цената на нафтата, во тој регион не е регистрирано поевтинување на горивата, туку напротив забележано е поскапување за околу еден отсто.
Поранешниот министер за економија Џевдет Хајредини коментирајќи го ваквиот тренд на Балканот, вели дека земјите од регионов не ги поврзува пазарната логика туку интересите на властите.
Дури и под цената некогаш да возиме за да можеме да ги задржиме клиентите. Во последните ти години веќе амортизација не пресметуваме, многу наши газди одново станаа шофери со цел на некој начин да заштедат средства и да можат да опстанат на овој пазар.Билјана Муратовска, Асоцијацијата на превозници „Макам- транс“.