Кај љубителите на спортот, синоќешниот пораз го намали оптимизмот.
Македонската машка ракометна репрезентација не успеа да го положи првиот посериозен испит на СП во Шпанија, откако синоќа во третото коло од групата во Севиља доживеа пораз од Исланд (19-23). Со тоа, не само што паднаа во вода оправдувањата дека во дуелите со Чиле и со Катар значајно било да се победи, а не како ќе се одигра, туку дефинитивно на сите им стана јасно дека националниот тим е во сериозна криза, најмногу поради немањето креативност во нападот. Тоа, пак, според поранешниот селектор Илија Темелковски е резултат на фактот што противниците ја имаат прочитано нашата игра.
„Не му дозволуваат на Кире Лазаров активно да учествува во нападот. Со излегување на Кире Лазаров како фластер или некој полуфластер, доста ни ја пореметува таа наша игра и не знаеме во која насока да тераме. Дали да играме со Кире или да играме без Кире. И тоа создава една конфузија, ни бега концентрацијата и се должи на таа реализација“, изјави Темелковски.
Ваквиот развој на настаните не ни го загрози учеството во осминафиналето, но сериозно ни ги намали шансите за подобар пласман од четвртото место во групата, а со тоа и за избегнување на светскиот и олимписки шампион Франција во битката за влез меѓу осумте најдобри. За исполнување на таа цел, сега ќе мора да освојуваме бодови против фаворитите во групата, Данска (в петок) и, пред се попладнево во 5.45 часот со Русија, против која ќе бркаме и победа од 4 голови разлика (за да бидеме најмалку втори во евентуалниот круг меѓу нас, Русија и Исланд). Интересно, токму со Темелковски како селектор, на Мундијалот во Хрватска пред 4 години, славевме и поубедлива победа над „Зборнаја“ (36-30), поради што, тој верува дека Кирил Лазаров и другарите имаат сили за нов триумф над Русите.
„Мора да се подготват на фластер на Кире, со Дебиров напред во некоја си 5-1 одбрана. И помалку да размислуваат на играта на Кире, туку да размислуваат на својата игра. А имаме играчи во таа дуел игра, каде што е поширока одбраната, каде што се Миркуловски, каде што е Наумче Мојсовски, имаме добар пикер имаме добри крилни играчи, да нападот биде многу потечен. И со добар напад, а имаме добра одбрана, мислам дека шансите ни се многу поголеми против Русија да забележиме победа“, додаде Темелковски.
Кај љубителите на спортот, пак, синоќешниот пораз го намали оптимизмот. Сепак, има и такви кои попладнево очекуваат позитивен резултат.
„Наместо да ги победиме слабите Исланѓани, ние изгубивме. Шанса ни беше Исланд да го победиме, а со Русите, едно 5-7 разлика ќе изгубиме.“
„Се надевам на победа.“
„Посакуваме победа, ама по вчерашниот натпревар не сме многу оптимисти.“
„Најискрено ќе изгубиме. Слаба игра, некоординираност...“
„Русија би требало да ги тепаме. Со еден гол, два разлика“, изјавија анкетираните граѓани.
Инаку, во нашата група Б, по три кола прва со максимални 6 бодови е Данска. Селекциите на Исланд, Русија и на Македонија имаат по 4, а Катар и Чиле се без бодови.
Не му дозволуваат на Кире Лазаров активно да учествува во нападот. Со излегување на Кире Лазаров како фластер или некој полуфластер, доста ни ја пореметува таа наша игра и не знаеме во која насока да тераме. Дали да играме со Кире или да играме без Кире. И тоа создава една конфузија, ни бега концентрацијата и се должи на таа реализација.Илија Темелковски, поранешен селектор.
„Не му дозволуваат на Кире Лазаров активно да учествува во нападот. Со излегување на Кире Лазаров како фластер или некој полуфластер, доста ни ја пореметува таа наша игра и не знаеме во која насока да тераме. Дали да играме со Кире или да играме без Кире. И тоа создава една конфузија, ни бега концентрацијата и се должи на таа реализација“, изјави Темелковски.
Ваквиот развој на настаните не ни го загрози учеството во осминафиналето, но сериозно ни ги намали шансите за подобар пласман од четвртото место во групата, а со тоа и за избегнување на светскиот и олимписки шампион Франција во битката за влез меѓу осумте најдобри. За исполнување на таа цел, сега ќе мора да освојуваме бодови против фаворитите во групата, Данска (в петок) и, пред се попладнево во 5.45 часот со Русија, против која ќе бркаме и победа од 4 голови разлика (за да бидеме најмалку втори во евентуалниот круг меѓу нас, Русија и Исланд). Интересно, токму со Темелковски како селектор, на Мундијалот во Хрватска пред 4 години, славевме и поубедлива победа над „Зборнаја“ (36-30), поради што, тој верува дека Кирил Лазаров и другарите имаат сили за нов триумф над Русите.
Наместо да ги победиме слабите Исланѓани, ние изгубивме. Шанса ни беше Исланд да го победиме, а со Русите, едно 5-7 разлика ќе изгубиме.Анкетиран граѓанин.