Македонија е за забрзување на преговорите за името

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.11 јануари 2013

Нимиц по посетата на регионот, закажа средба со преговарачите за името. Тоа динамизирање ни одговара и нас, велат во македонското МНР.
Веста дека медијаторот Нимиц по нецели 20 дена од посетата на регионов закажува средби со преговарачите на двете земји, Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис во Њујорк се коментира поприлично воздржано од страна на македонските медиуми.
Новата средба која ја закажа Нимиц е директно поврзана со процедурата која ја започна ЕК за нов извештај некаде во март месец, значи и некаде, здравје боже, до јуни да се добие и датум за преговори, ова работа е апсолутно во функција на Европската Комисија.
Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

Единствената реакција е дека средбата е очекувана затоа што се реализира иницијатива на Нимиц за динамизирање на процесот за доаѓање до решение за спорот за името, а тоа динамизирање ни одговара и нас, велат во македонското МНР. Познавачите на состојбите ваквото динамизирање на преговорите го гледаат во директна корелација со процесот кој го започна ЕК.

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.


„Новата средба која ја закажа Нимиц е директно поврзана со процедурата која ја започна ЕК за нов извештај некаде во март месец, значи и некаде, здравје боже, до јуни да се добие и датум за преговори. Оваа работа е апсолутно во функција на Европската комисија“, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
Разговорите за името се закажани за 29-ти и 30-ти месецов кога медијаторот Нимиц прво ќе има одделни средби со Јолевски и Василакис, а потоа сите тројца ќе седнат заедно да разговараат за проблемот помеѓу Грција и Македонија.
Соопштение од Канцеларијата на Нимиц.

Како што соопштија од канцеларијата на Обединетите нации, разговорите за името биле закажани за 29-ти и 30-ти месецов кога медијаторот Нимиц прво ќе има одделни средби со Јолевски и Василакис, а потоа сите тројца ќе седнат заедно да разговараат за проблемот помеѓу Грција и Македонија. Нимиц најави динамизирање на процесот по завршувањето на посетата на регионов охрабрен од како што рече зголемениот интерес и сериозниот пристап што го забележал кај двете страни.

Според Никовски двете страни и натаму само играат дипломатска игра. Многу од таа игра и е недостапна на јавноста но ќе добива на интензитет во наредниве месеци.

„Многу неизвесности и опасности за нас се кријат зад тоа, така да целиот овој период ќе биде исклучително драматичен и исклучително опасен за Македонија.“

Со оглед на изјавите на Нимиц дека на разговорите во Скопје и во Атина не се разговарало за нови идеи и предлози туку за нови формулации и контексти, во тоа според Никовски не лежи поволен контекст за Македонија, па оттука и треба да се биде многу внимателен во наредните месеци во кои меѓународната стратегија очигледно ќе се гради околу исполнување на роковите кои есенва ни ги постави.

Новите закажани средби од страна на Нимиц следуваат по неговата посета на Атина и на Скопје каде деновиве тој имаше средби со највисоките државници на двете земји, а со кои разговараше околу можностите да се најде прифатливо решение за двете страни.