Жителите на Тополчани ја предадоа античката статуа

Жителите на прелепското село Тополчани ја прададоа мермерната статуа на жена на Прилепскиот музеј. Тие викендов при копањето на темелите на некогашната црква во селото пронајдоа римска статуа која датира од II век од нашата ера.
Мермерна статуа без глава со димензии од 1,80 см, која датира од 2 век од наша ера откриле жителите на прилепското село Тополчани. Случајно откопувајќи ги темелите на селската црква „Свети Спас“ во атарот на селото, тие го откриле овој вреден експонат и веднаш пријавиле во полиција и во прилепскиот Завод и Музеј, свесни за неговата вредност. Но, желни да обезбедат средства за повторна изградба на селската црква, тие два дена не им ја предаваа статуата на надлежните од Музејот, кои веднаш пристигнале во Тополчани.
„Бараме средства само да го заградиме ова како такво, и кога ќе имаме можност да се изгради ако ни дадат црква, да се обнови како, нашето село секогаш било чисто, православно, доста имаме наши луѓе што се во странство. Тука немаме ограничени средства, ќе најдеме средства за да се изгради.
Јован Балабаноски, член на Црковниот одбор на селото.

„Бараме средства само да го заградиме ова како такво, и кога ќе имаме можност да се изгради ако ни дадат црква, да се обнови како, нашето село секогаш било чисто, православно, доста имаме наши луѓе што се во странство. Тука немаме ограничени средства, ќе најдеме средства за да се изгради“, вели Јован Балабаноски, член на Црковниот одбор на селото.

Статуата потекнува од римско царско време и наликува на другите преку 10 статуи откриени на археолошкиот локалитет Стибера што се наоѓа на 5 километри до Тополчани.

„Откриен е наод којшто е многу вреден, кој датира од втори век од наша ера. Сега ова се први наши согледувања дека овој репертоар на статуи, го имаме и на локалитетот Стибера кадешто се најдени голем број во гимназионот итн и тие дел се наоѓаат во лапидариумот во Куршумли ан во Скопје и во Музејот во Прилеп“, истакнува Ѕвонимир Николоски, советник инспектор за археолошки локалитети во Управата за заштита на културното наследство.
Откриен е наод којшто е многу вреден, кој датира од втори век од наша ера.
Ѕвонимир Николоски, Управата за заштита на културното наследство.

Од Управата потенцираат дека дополнително ќе се утврди дали местото каде е откриена статуата ќе биде прогласено за локалитет.

„А со местово понатаму стручните лица ќе оценат, значи дали да извршат рекогносцирање, евентуално да се види, дали овој наод е случаен или дали има околу и други вакви наоди“, вели Илчо Бојчески, раководител на одделот за превенција во Управата.

По двочасовни натегања, во присуство на полиција и инспекторите од Управата за заштита на културното наследство, жителите на Тополчани сепак се сложија, дозволија статуата непречено да биде подигната од местото каде што е откриена. Експонатот е веќе сместен и заштитен во прилепскиот Музеј. А, жителите велат дека веќе добиле ветување од Општина Прилеп,дека наскоро ќе добијат соодветна помош за изградба на селската црква.