Достапни линкови

Стибера ставена на археолошката мапа


Античкиот локалитет Стибера кај Прилеп.
Античкиот локалитет Стибера кај Прилеп.

Министерството за култура, иако минатите години со скромни средства ги поддржуваше истражувањата, годинава одлучи целосно да ја финансира Програмата за конзервација на откриените објекти досега. Дел од нив, особено оние кои се оштетени при откривањето ќе бидат реконструирани, збогатени во волумен и содржина и адаптирани за туристички посети.

Античкиот локалитет Стибера еден од најатрактивните археолошки наоѓалишта во државава наскоро ќе биде ставен на окото на туристите. Министерството за култура, иако минатите години со скромни средства ги поддржуваше истражувањата, годинава одлучи целосно да ја финансира Програмата за конзервација на откриените објекти досега. Дел од нив, особено оние кои се оштетени при откривањето ќе бидат реконструирани, збогатени во волумен и содржина и адаптирани за туристички посети.
Оваа година имавме среќна околност, кога е прифатена апликацијата во целост во 2.5 милиони денари. Во целост се прифатени за прв пат во толку голем обем, и финансирани со толкави средства. Имавме и минатите 2 години мали зафати, но тие беа финансирани во склоп на археолошките ископувања.
Кире Јованоски, архитект, конзерватор и советник на прилепскиот Завод и музеј.

„Оваа година имавме среќна околност, кога е прифатена апликацијата во целост во 2,5 милиони денари. Во целост се прифатени за прв пат во толку голем обем, и финансирани со толкави средства. Имавме и минатите 2 години мали зафати, но тие беа финансирани во склоп на археолошките ископувања“, изјави Кире Јованоски, архитект, конзерватор и советник на прилепскиот Завод и музеј.

Конзерваторските активности се веќе во тек. Најдоцна до почетокот на октомври треба да завршат овие зафати и Стибера да биде ставена на туристичката мапа на Прилеп, и воопшто на археолошката мапа на Македонија.

Најзначаен објект на локалитетот е гимназионот, којшто се состои од две одделни градби: Хероон со светилиште и Перистил со предворје и екседра.
Тука е гимназионот, каде што и Стибера се издвојува затоа што единствените можеби досега може да се каже има гимназион или објект каде што младите ефиби вежбале тука или ги обликувале своите тела за потребите на војувањето или за други потреби.
Кире Јованоски, архитект, конзерватор и советник на прилепскиот Завод и музеј.

„Тука е гимназионот, каде што и Стибера се издвојува затоа што единствените можеби досега може да се каже има гимназион или објект каде што младите ефиби вежбале тука или ги обликувале своите тела за потребите на војувањето или за други потреби. Тука исто така е откриен атриум и проатриум“, додава архитектот конзерватор Јованоски.

Стибера се наоѓа во непосредна близина на прилепското село Чепигово. Егзистирала од 3-ти пред, до 3 век од наша ера, со преку 20.000 жители. Градот бил обиколен со кршен камен, а во внатрешноста се откриени темелите од некогашниот храм посветен на божицата на судбината – Тихе.

Предвидено е 4 месеци да се вршат конзерваторските работи, со тоа што ќe бидат дефинирани сите објекти кои што се ископани моментално или секторот гимназион ќе биде целосно спремен за презентација, иако е тоа мал опфат во однос на големината на градот. Во подножјето на бедемот, над патеката имало седишта од каде публиката можела да ги следи натпреварите: разни трки, фрлање диск, стрели, копје...Овие настани на градот му давале посебна убавина и свечена атмосфера. Ризницата подвижни археолошки материјали како керамички садови, монети, мермерни споменици, дваесетина постаменти и плочи со натписи и голем број на мермерна пластика се веќе изложени во прилепскиот музеј, во Музејот во Скопје,додека дел од 30-ината статуи и бисти на угледни граѓани се изложени пред зградата на Владата, а некои одама се наоѓаат музеите во Белград.

Сите архитектонски градби во ова наоѓалиште говорат за економското богатство и моќта на семејствата. Укажуваат на важноста и угледот што градот го поседувал во тој период од неговата историја.

Од античкиот град Стибера досега е откриен само еден мал дел. Жителите на Чепигово, кои имаат ниви во ова заштитно подрачје, откриваат цели или делови од статуи, а во дворовите речиси по секој дожд монети и други предмети. Некогаш доаѓа до спор со државата, затоа што сметаат дека откриените предмети се нивна сопственост, или пак инсистираат на многу поголеми суми за откуп на артефактите отколку што предвидува законот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG