Две руски фирми се појавија како водечки во зделката која на Атина би можело да и донесе над милијарда ипол долари. Но, тоа ја стави грчката влада во голема дилема при нејзиното барање да ги исполни целите од приватизацијата што и ги наметнаа меѓународните кредитори.
Појавувањето на руските Газпром и на Синтез, инаку приватна компанија за природен гас, на првите места во купувањето на грчката државна група за гас доведе до зајакнати предупредувања од Европската унија и САД против отворањето на грчкиот пазар за руските интереси.
„Се поставува прашањето што ако Русите ни дадат понуда која нема да може да ја одбиеме?“, вели еден грчки владин претставник за весникот „Фајненшал тајмс“, додавајќи:
„Ние сме под притисок на Европската комисија, Европската централна банка и ММФ да собереме што е можно повеќе пари од приватизацијата.“
Одборот на агенцијата за приватизација „Таипед“ веќе два пати ја одлага одлуката за конкретизирање на списокот на финалните понудувачи за ДЕПА, државната компанија за трговија со гас и на ДЕСФА, која стопанисува со мрежата за доставување на гасот. Наредниот краен рок е крајот на март.
Продажбата на ДЕПА се смета за предводник во приватизацијата која треба да ја заживее двегодишната програма од 15 милијарди евра што, пак, има за цел намалување на грчкиот дефицит за седум насто од националното производство.
Досега ниту една фирма од Европа, Јапонија или Кина која е одобрена од Агенцијата за приватизација како потенцијален купувач се уште не излезе со конечна понуда, што ги поттикна страхувањата кај повеќето меѓународни инвеститори за можното излегување на Грција од еврозоната.
Една од фирмите кои се заинтересирани е и Сокар, државна компанија од Азербејџан. Газпром учествува со 90 насто во снабдувањето со гас во Грција преку гасоводот од Бугарија, додека Сокар има многу помало учество преку гасоводот во Турција.
Грција, според директорот на Синтез Андреј Королев, има потенцијал да стане центар за транспорт на гас кон Европа.
„Затоа приватизацијата на ДЕПА е можност да се влезе во грчкиот пазар за релативно ниска цена поради кризата. Ќе изградиме интерконектор за соседните земји“, вели Королев, кој наведува дека Газпром е заинтересиран само за купување на ДЕПА, што е во согласност со легислативата на Европската унија со која се бара раздвојување на компаниите кои снабудаваат со гас од оние кои го дистрибуираат.
Неодамна беше отфрлена изградбата на гасовод преку Грција, преку Јадранско Море до Италија како дел од Јужниот тек, што се сметаше како потег на добра волја и знак дека Газпром ќе ја почитува европската регулатива ако победи во Грција.
Од друга страна, постојат страхувања дека и доколку Газпром биде исклучен од зделката, тогаш Синтез која конкурира и за ДЕПА и за ДЕСФА би можела да стане застапник на Газпром во добивањето контрола врз грчкиот пазар со гас.
Грчката агенција за приватизација, според некои наводи, ги игнорирала предупредувањата од Вашингтон дека треба да се обезбедат различни снабдувачи со гас со цел земјата да не стане заложник.
Како и да е, Атина вели дека ќе го продолжи процесот, имајќи предвид дека кој и да ја купи ДЕПА ќе работи во европскиот пазар и ќе биде обврзан да ги почитува законите на Европската унија.
„Се поставува прашањето што ако Русите ни дадат понуда која нема да може да ја одбиеме?“, вели еден грчки владин претставник за весникот „Фајненшал тајмс“, додавајќи:
Се поставува прашањето што ако Русите ни дадат понуда која нема да може да ја одбиеме?Изјава на неименуван грчки функционер за Фајненшл тајмс.
„Ние сме под притисок на Европската комисија, Европската централна банка и ММФ да собереме што е можно повеќе пари од приватизацијата.“
Одборот на агенцијата за приватизација „Таипед“ веќе два пати ја одлага одлуката за конкретизирање на списокот на финалните понудувачи за ДЕПА, државната компанија за трговија со гас и на ДЕСФА, која стопанисува со мрежата за доставување на гасот. Наредниот краен рок е крајот на март.
Продажбата на ДЕПА се смета за предводник во приватизацијата која треба да ја заживее двегодишната програма од 15 милијарди евра што, пак, има за цел намалување на грчкиот дефицит за седум насто од националното производство.
Затоа приватизацијата на ДЕПА е можност да се влезе во грчкиот пазар за релативно ниска цена поради кризата. Ќе изградиме интерконектор за соседните земји.Андреј Королев, директор на Синтез.