Eвропската банка за обнова и развој предвидува дека стапката на економски пораст во земјите од јужна и источна Европа годинава ќе изнесува еден процент.
Тоа е повеќе од половина процентен поен под минатогодишното ниво. Џеромин Цетелмајер, директор за истражување во Европската банка за обнова и развој вели:
„Најлошо влијание од кризата во еврозоната очекуваме да има во југоисточна Европа. Причината за тоа е што тие земји се многу интегрирани во еврозоната преку трговски и финансиски канали. Затоа очекуваме, всушност ние веќе гледаме, дека позатегнатите финансиски услови и намаленото кредитирање од еврозоната се прелива и во овој регион.“
На Балканот, повеќето земји со еврозоната се поврзани преку Грција која, пак, е во епицентарот на кризата. Затоа, според Цетелмајер, тие се надеваат дека пакетот на Европската унија за спасување на Грција ќе ги намали и нивните болки.
Општо земено, сите трговски партнери на еврозоната страдаат од нејзиниот намален апетит за увоз на производи.
Европската банка за обнова и развој предвидува дека годинава порастот во еврозоната ќе биде со негативен предзнак.
Цетелмајер додава дека и подалечените соседи на Европската унија, како Украина, ќе ги почувствуваат ефектите од намалените побарувачки.
Европската банка за обнова и развој смета дека годинашната стапка на украинскиот раст ќе падне од ланските 5 на 2,5 насто.
„Украина многу извезува во Европската унија, а има и големо присуство на европски банки во нејзиниот банкарски систем што ја става земјата во многу ранлива позиција.“
Ова особено важи за Грузија чиј економски развој најмногу зависи од директните западни инвестиции во таа држава.
Единствено Азербејџан, земја која е богата со природен гас, нема да почувствува негативни последици од кризата во еврозоната.
Европската банка за обнова и развој исто така предвидува дека Русија во оваа година ќе забележи пораст од 4,2 насто, додека во Централна Азија порастот би изнесувал до 7 проценти.
И во двата случаи развојот ќе биде воден од зголемената побарувачка на стоки, пред се на енергијата.
Се додека глобалната економија продолжува да расте на сегашно ниво, не се очекува побарувачката за енергија да се намали толку многу за да им донесе тешкотии на оние што ја извезуваат.
Најлошо влијание од кризата во еврозоната очекуваме да има во југоисточна Европа. Причината за тоа е што тие земји се многу интегрирани во еврозоната преку трговски и финансиски канали. Затоа очекуваме, всушност ние веќе гледаме, дека позатегнатите финансиски услови и намаленото кредитирање од еврозоната се прелива и во овој регион.Џеромин Цетелмајер, директор за истражување во Европската банка за обнова и развој.
Тоа е повеќе од половина процентен поен под минатогодишното ниво. Џеромин Цетелмајер, директор за истражување во Европската банка за обнова и развој вели:
„Најлошо влијание од кризата во еврозоната очекуваме да има во југоисточна Европа. Причината за тоа е што тие земји се многу интегрирани во еврозоната преку трговски и финансиски канали. Затоа очекуваме, всушност ние веќе гледаме, дека позатегнатите финансиски услови и намаленото кредитирање од еврозоната се прелива и во овој регион.“
На Балканот, повеќето земји со еврозоната се поврзани преку Грција која, пак, е во епицентарот на кризата. Затоа, според Цетелмајер, тие се надеваат дека пакетот на Европската унија за спасување на Грција ќе ги намали и нивните болки.
Општо земено, сите трговски партнери на еврозоната страдаат од нејзиниот намален апетит за увоз на производи.
Украина многу извезува во Европската унија, а има и големо присуство на европски банки во нејзиниот банкарски систем што ја става земјата во многу ранлива позиција.Џеромин Цетелмајер, директор за истражување во Европската банка за обнова и развој.