Честото менување на законите негативно се одразува на стопанството, велат бизнисмените и посочуваат дека поради тоа фирмите не може да си ги планираат активностите и развојот. Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи вели дека законите, односно условите за работа се менуваат многу почесто отколку што е нормално. Тој вели дека честото менување на законите остава лош впечаток кај странските аналитичари на економските состојби во земјата и кај странските инвеститори.
„И странските инвеститори кои можеби имаат интерес за нас како поднебје, како потенцијал, како човечки кадар кој не е многу платен, повторно ќе размислат бидејќи и тие не можат нон-стоп, континуирано да ги менуваат своите бизнис планови врзани со законски одредби.“
Бошков вели дека инвеститорите сакаат да бидат сигурни дека барем на среден рок ќе важат истите правила на игра, како кога почнале да вложуваат.
„Ние се уште може да се вадиме со фактот дека се уште чекаме датум за преговори и понатаму преговори за пристап во ЕУ, што значи дека се уште имаме шанси да ги усогласуваме законите, подзаконските акти и стандардите, меѓутоа тоа не може да трае до недоглед бидејќи на нас во еден момент навистина ќе ни треба стабилна бизнис клима, каква и да е, меѓутоа да биде стабилна“, вели Бошков.
Со сличен став вчера излезе и Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Тој вели дека честото менување на прописите внесува конфузија кај фирмите, но побара менување на Законот за работни односи.
„Ние сме свесни дека честото менување на прописите создава и одредена нестабилност на политиките или правна несигурност, но од друга страна, имаме огромен број забелешки на Законот за работните односи, кој сметаме дека најдобро би се решил само со изготвување на нов закон.“
Тие бараат, сите законски промени во делот на работните односи да се разгледуваат на економско социјалниот совет.
Од друга страна, експертите кои ја следат проблематиката на работните односи укажуваат дека промените најчесто се на штета на работниците, под изговор дека така му се помага на стопанстовото, а праксата во изминативе 20 години покажува дека тоа не допринело за развој на бизнисот.
Владата неодамна најави дека до крајот на месецов ќе излезе со 50-тина мерки за помош на стопанството во кризни услови.
Се уште имаме шанси да ги усогласуваме законите, подзаконските акти и стандардите, меѓутоа тоа не може да трае до недоглед бидејќи на нас во еден момент навистина ќе ни треба стабилна бизнис клима, каква и да е, меѓутоа да биде стабилна.Миле Бошков, Конфедерација на работодавачи.
„И странските инвеститори кои можеби имаат интерес за нас како поднебје, како потенцијал, како човечки кадар кој не е многу платен, повторно ќе размислат бидејќи и тие не можат нон-стоп, континуирано да ги менуваат своите бизнис планови врзани со законски одредби.“
Бошков вели дека инвеститорите сакаат да бидат сигурни дека барем на среден рок ќе важат истите правила на игра, како кога почнале да вложуваат.
„Ние се уште може да се вадиме со фактот дека се уште чекаме датум за преговори и понатаму преговори за пристап во ЕУ, што значи дека се уште имаме шанси да ги усогласуваме законите, подзаконските акти и стандардите, меѓутоа тоа не може да трае до недоглед бидејќи на нас во еден момент навистина ќе ни треба стабилна бизнис клима, каква и да е, меѓутоа да биде стабилна“, вели Бошков.
Ние сме свесни дека честото менување на прописите создава и одредена нестабилност на политиките или правна несигурност, но од друга страна, имаме огромен број забелешки на Законот за работните односи, кој сметаме дека најдобро би се решил само со изготвување на нов закон.Ангел Димитров, Организација на работодавачи.