Населбите со станбени објекти во Прилеп се потенцијален извор на инфекции предизвикани од глодари.
Населбите со станбени објекти во Прилеп се потенцијален извор на инфекции предизвикани од глодари. Колку поради глобалното затоплување кое создава поволни услови за нивно размножување, толку и поради несовесноста на дел од граѓаните при чување на намирниците и отстранување на отпадоците, овде е забележано големо присуство на глодари. За да се спречат низата заболувања што ги предизвикуваат, Центарот за јавно здравје во соработка со локалните власти спроведува превентивна систематска дератизација, со која е опфатена секоја шахта во Прилеп.
„Најкритични реони се колективните станбени згради, каде што на метар квадратен имаме поголема густина на население. Пред се проблем во Општина Прилеп претставува населбата Димо Наредникот, населбата Точила, Егејските згради и оние населени места покрај речното корито на Градската река, каде што постојат услови за раст и разножување на глодарите. Затоа со овој проект целиме токму на тие урбани блокови и кога се изведува дератизацијата се обрнува поголемо внимание“, вели доктор Горан Кузески, раководител на одделот за ДДД заштита во Центарот.
Покрај офанзивните хемиски мерки, медицинските стручњаци апелираат и до граѓаните за поголема нивна вклученост во решавање на овој проблем.
„Граѓаните со секојдневното свое однесување може да преземат превентивни мерки како би ја намалиле густината на глодарите, со правилна диспозиција на органскиот отпад, правилно складирање и чување на храната и намирниците, затворање на сите отвори од доводни и одводни инсталациони мрежи во станбените објекти,поставување на сифони во канализационата мрежа“, истакнува д-р Кузески.
Градските власти во Прилеп 5-та години по ред, перманентно во пролет и есен ја финансираат оваа превентивна активност, а резултатот е видлив велат медицинските стручњаци, намален е степенот на инфестираност на објектите од 13 до 17 отсто, во однос на периодот пред тоа.
Но, ова не е случај со дел други општини од поширокиот регион, што не ја исполнуваат законската обврска за превентивна дератизација против појава на можни епидемии од глодари.
„Од 2010 година овие мерки се задолжителни со закон за локална самоуправа, но сепак свеста на градоначалниците се уште не е тоа ниво, и не се грижат доволно за овие превентивни здравствени мерки, за здравството и за здравјето на населението, туку имаат очигледно побитни работи за санирање“, вели доктор Гоце Инглизов, директор на Центарот за јавно здравје.
Тој посочува на последиците, од нерешавање на овој проблем. Од една страна се потенцијалните епидемии на чума (болест што се сметаше за искоренета), туларемија, лептоспироза, салмонелози,разни видови контаминации на храната и други труења, а од друга страна се огромните економски штети.
Најкритични реони се колективните станбени згради, каде што на метар квадратен имаме поголема густина на население. Пред се проблем во Општина Прилеп претставува населбата Димо Наредникот, населбата Точила, Егејските згради и оние населени места покрај речното корито на Градската река, каде што постојат услови за раст и разножување на глодарите.Горан Кузески, Центарот за јавно здравје, Прилеп.
„Најкритични реони се колективните станбени згради, каде што на метар квадратен имаме поголема густина на население. Пред се проблем во Општина Прилеп претставува населбата Димо Наредникот, населбата Точила, Егејските згради и оние населени места покрај речното корито на Градската река, каде што постојат услови за раст и разножување на глодарите. Затоа со овој проект целиме токму на тие урбани блокови и кога се изведува дератизацијата се обрнува поголемо внимание“, вели доктор Горан Кузески, раководител на одделот за ДДД заштита во Центарот.
Покрај офанзивните хемиски мерки, медицинските стручњаци апелираат и до граѓаните за поголема нивна вклученост во решавање на овој проблем.
„Граѓаните со секојдневното свое однесување може да преземат превентивни мерки како би ја намалиле густината на глодарите, со правилна диспозиција на органскиот отпад, правилно складирање и чување на храната и намирниците, затворање на сите отвори од доводни и одводни инсталациони мрежи во станбените објекти,поставување на сифони во канализационата мрежа“, истакнува д-р Кузески.
Од 2010 година овие мерки се задолжителни со закон за локална самоуправа, но сепак свеста на градоначалниците се уште не е тоа ниво, и не се грижат доволно за овие превентивни здравствени мерки, за здравството и за здравјето на населението, туку имаат очигледно побитни работи за санирањеГоце Инглизов, директор на Центар за јавно здравје.