Реформите кои се прават во здравството не се суштински, сè што се прави се прави според политичките потреби, наместо да се решаваат проблемите, велат познавачи на состојбите во здравството.
Паднаа во сенка на неколкумесечната затегнатост на односите меѓу лекарите и ресорното министерство околу плаѓањето по учинок, но проблемите во здравството, посочуваат познавачите на состoјбите и луѓе со долгогодишно искуство во фелата, се многу пошироки и нималку допрени од реформските процеси во нивната суштина. А реформите се константа, велат помалку уморни лекарите.
„Начинот на кој се прават некои реформи во здравството се сегментални, недоволно стручно подготвени и заличуваат малку на системот - Како малиот Џокица замислува како треба да изгледа едно современо здравство“, посочува помалку духовито доктор Владимир Борозанов кој зад себе има четириесет години поминати во здравството.
Сè што се прави во здравството како да го стимулира приватното здравство наспроти јавното и во него и натаму сè што се прави се прави според политичките потреби, а не според стручните, регионални или сегментарни потреби во здравството. Реформите секогаш допираат по површината наместо по суштината, а тоа значи се трудат само да ги допрат политичките потреби да се претстави дека нешто се прави наместо да се решаваат проблемите, вели експертот по јавно здравство, Владимир Лазаревик.
„Во суштина нема основа таквата реформска поставеност и тоа се гледа од активностите кои се спроведуваат, доволно е да се навратите наназад неколку месеци, да ги проследите официјалните изјави на претставниците на министерството за здравство и ќе видите дека нема поврзаност меѓу тоа што е најавено и тоа што е реализирано.“
Да се реши прашањето на прекумерната администрација во примарниот здравствен сектор, начинот на финансирање на болниците, да се воведе нивна автономија, е дел од клучните потези кои би ги подобриле ефектите, вели Лазаревик.
„Дај да се фокусираме кон резултатите за пациентите, крајниот исход за пациентите како да го подобриме, како да го подобриме лекувањето и како да успееме да имаме мерливи индикатори и јасно поставени цели, коишто ќе ни покажат дека од денеска до утре е направена разлика во интерес на населението, тоа денеска недостасува.“
Но она што е за доктор Борозанов клучно, а за кое е длабоко убеден е запоставено, дека јавното здравство е суштински поврзано со едукацијата на медицинскиот кадар.
„На факултетот кој е во Скопје, кој е во склопот на Универзитетот „Кирил и Методиј“ се уништува потенцијалот кој треба да создава нови медицински кадри и што за жал рапидно опаѓа.“
Уништувањето на едукативниот систем во здравството наскоро ќе стане многу видлив, додава доктор Борозанов, а не може да се реши со носење доктори од надвор кои ќе го обучуваат домашниот кадар, ниту пак со стотина испратени доктори на специјализација во странство. Клучно во сето тоа е отсуството на комуникација со фелата и транспарентност, но и почитување на минатиот труд, посочуваат експертите.
Начинот на кој се прават некои реформи во здравството се сегментални, недоволно стручно подготвени и заличуваат малку на системот -Како малиот Џокица замислува како треба да изгледа едно современо здравство.Доктор Владимир Борозанов.
„Начинот на кој се прават некои реформи во здравството се сегментални, недоволно стручно подготвени и заличуваат малку на системот - Како малиот Џокица замислува како треба да изгледа едно современо здравство“, посочува помалку духовито доктор Владимир Борозанов кој зад себе има четириесет години поминати во здравството.
Сè што се прави во здравството како да го стимулира приватното здравство наспроти јавното и во него и натаму сè што се прави се прави според политичките потреби, а не според стручните, регионални или сегментарни потреби во здравството. Реформите секогаш допираат по површината наместо по суштината, а тоа значи се трудат само да ги допрат политичките потреби да се претстави дека нешто се прави наместо да се решаваат проблемите, вели експертот по јавно здравство, Владимир Лазаревик.
Дај да се фокусираме кон резултатите за пациентите, крајниот исход за пациентите како да го подобриме, како да го подобриме лекувањето и како да успееме да имаме мерливи индикатори и јасно поставени цели, коишто ќе ни покажат дека од денеска до утре е направена разлика во интерес на населението, тоа денеска недостасува.Доктор Владимир Лазаревик, експерт за јавно здравство.