Изложба на Маја Кировска во Музеј на град Скопје

Маја Кировска, уметник.

Од 27 декември до 15 јануари, во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, во тек е петтата самостојна изложба на младата македонска уметница Маја Кировска насловена како „Температура, циркулација, гравитација ...“ во која се опсервираат релациите природно – вештачко, органско – неорганско, растително – животинско – човечко...
„За потребите на оваа изложба беа егзекутирани пет листопадни дрва за да се изработи бела тоалетна хартија од чиста целулоза, 20 домати, пет киви и три мандарини и беа малтретирани 20 невини ембриони на грав во експериментални цели. Поборници за заштита на правата на растенијата!!!
Се работи за едно мое размислување за циклусите во животот на човекот, природата... Сите циклуси што не опкружуваат условени да речеме од природните сили. Меѓутоа што се случува тука кога работите ги посматраме од еден таков научен аспект, а што со духовноста на човекот.
Маја Кировска, уметник.

Не сакаме да ги повредиме животните и луѓето, а секојдневно ги повредуваме растенијата.

Маја Кировска, уметник.


Заради парите што беа потрошени за да се купат бескорисна пластика и хартија за создавање на бескорисни уметнички дела останаа гладни 30 луѓе, можеше наместо тоа ДА СЕ КУПАТ 60 леба за чија подготовка ќе беа убиени 30.000 единки житно растение.

Целулозната бела тоалетна хартија да не беше употребена за изработката на ова дело ќе завршеше на многу погрдо место, петте дрва секако ќе беа исечени...”
Кога ги анализираме работите, кога ќе навлеземе во една анализа и математичка дистинкција на нештава со помош на логиката и разумот, не препуштаме нашата интуиција, чувства и доживувања да не обземат и на тој начин да го гледаме сето она што не опкружува.
Маја Кировска, уметник.

Ова ќе го запише Маја Кировска во текстот посветен на нејзината нова, петта по ред, самостојна постановка „Температура, циркулација, гравитација…” што се случува во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје. Изложбата се состои од поголем број асоцијативни дела, колажи, цртежи, објекти и видеа, каде авторката без да се ограничува по кој медиум посега, ги материјализира сите мисли кои спонтано се јавуваат додека размислува за цикличниот тек на нештата.

„Се работи за едно мое размислување за циклусите во животот на човекот, природата... Сите циклуси што не опкружуваат условени да речеме од природните сили. Меѓутоа што се случува тука кога работите ги посматраме од еден таков научен аспект, а што со духовноста на човекот.“

Но, по сè, Кировска го поставува и круцијалното прашање: ...а каде е љубовта?

„Кога ги анализираме работите, кога ќе навлеземе во една анализа и математичка дистинкција на нештава со помош на логиката и разумот, не препуштаме нашата интуиција, чувства и доживувања да не обземат и на тој начин да го гледаме сето она што не опкружува.“

Уметницата дополнува дека изложбата е вовед во нејзиното ново творечко истражување и нагласува дека интерес кај публиката постои, но како и многу години наназад проблем се финансиите.

„Доволно е и да има еден заинтересиран човек што сака да ја види уметноста што ја работиме, но за среќа има помногубројна публика која што е заинтересирана. Значи не дека луѓето не ги интересира, тие си доаѓаат и ги посетуваат изложбите, но проблемот секогаш се финансиите за нивно остварување. Постојано мораме да се снаоѓаме самите!“

Таа дополнува дека наскоро со своите дела ќе патува во Сараево, Босна и Херцеговина, а со проектот „Моми“ кој што го работи заедно со Ана Ивановска, Христина Зафировска, Марија Сотировска, Кристина Хаџиева, Татјана Ристовска и Зорица Зафировска, веќе на 10 јануари ќе се претстават во Сплит - Хрватска, потем следува нивната изложба во Белград, соседна Србија и кругот времено ќе биде затворен со изложба во Охрид.

Инаку, Маја Кировска со неколкумина свои колеги го формираше Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т со што етаблираа нов галериски простор во Скопје, паралелно се бавеше и со модерен балет, а магистерските студии по сликарство ги заврши на Факултетот за ликовна уметност во класата на професор Благоја Маневски. Од минатата година е и на постдипломски студии по филмска и телевизиска камера на Факултетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА, а нејзините уметнички истражувања се насочени кон различни медиуми како инсталација, скулптура, видео, графика... кои се почесто ги комбинира.