Во опозициската СДСМ уверуваат дека протестниот митинг ќе биде мирен. МВР уверува дека протестот ќе биде соодветно обезбеден.
Опозицијата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз се подготвува за утрешниот протест пред штабот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Протестот ќе биде мирен, а неговата цел е јасно дефинирана, вели потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Се работи прво за мирен протестен митинг со дефинирана цел пред штабот на владејачката партија од каде што е изворот на наметнување на партиско-полициската диктатура во оваа наша земја. Тоа е целта кон којашто се стремиме и за прв пат после седум години власт на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ протестира пред партијата ВМРО-ДПМНЕ за разлика од нив кои 100 пати досега протестираа пред нашата партија.“
Заев уверува дека СДСМ најголемо внимание посветува на организацијата на протестот и на тоа работите да не излезат од контрола. Вели дека луѓето кои ќе бидат таму немаат намера да направат инциденти и да провоцираат.
„Намерата е одреден период да бидеме таму, да изразиме револт преку свирежи, преку извикувања и слично и до тука. Како што гледате и на последните протести немавме ни гранче во рацете, а не, пак, стап или предмет со којшто би нападнале некого“, вели Заев и додава дека повеќе време и енергија се троши на тоа протестниот митинг да помине во најдобар ред, а не на транспортот и масовноста на истиот.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека, како и секогаш досега при најавени протести, полицијата соодветно се подготвува. Полицијата распореди соодветен број на службеници кои ќе бидат подготвени да реагираат и да спречат какво било вандалско однесување, информираат од ресорното министерство.
Од друга страна, пак, Заев вели дека и членовите на Социјалдемократската младина ќе имаат задача внимателно да следат што ќе се случува и да спречат евентуални несакани реакции од страна на толпата.
Инаку утрешниот протест на здружената опозиција е дел од она што лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски го најави како граѓанска непослушност, откако по понеделничките протести пред законодавниот дом, буџетот беше изгласан во отсуство на македонската опозиција. Во изминатите неколку денови опозицијата ги почна блокадите на клучните сообраќајници во Скопје и во поголемите градови ширум земјава.
Експертите предупредуваат дека доколку не се надмине моменталната ситуација, кризата би можела да се продлабочи, а поделеноста кај граѓаните да биде уште поизразена.
Се работи прво за мирен протестен митинг со дефинирана цел пред штабот на владејачката партија од каде што е изворот на наметнување на партиско-полициската диктатура во оваа наша земја. Тоа е целта кон којашто се стремиме и за прв пат после седум години власт на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ протестира пред партијата ВМРО-ДПМНЕ за разлика од нив кои 100 пати досега протестираа пред нашата партија.Зоран Заев, градоначалник на Струмица и потпретседателот на СДСМ.