Меѓу мноштвото најразлични наслови во онлајн изданијата на весниците, кои во зависност од уредувачката политика се про и контра она што се случуваше во Собранието и пред него, се чини, дневниот Фокус ја погодува поентата како резултат на збиднувањата: „Убиство на демократијата - власта брутално го суспендира Парламентот“. На иста линија се и насловите во Ден, кој пишува: „Трајко со пуч сака да го протне буџетот“ и во дневниот Капитал: „Новинарите и опозицијата надвор, власта ќе го гласа буџетот како ништо да не се случува“.
На друга страна се Дневник, Нова Македонија и Вечер: Дневник го цитира Груевски кој изјави дека „Бранко продолжува во стилот на Гадафи“ и „Нема политички цели што оправдуваат насилство - Црвенковски најавува сценарио на улица и граѓанска непослушност, а премиерот Груевски смета дека се работи за патолошка зависност од власт“. И соопштенијата на МВР и на ВМРО-ДПМНЕ наоѓаат место на страниците на истиот весник: „Спречувавме уривање на државниот поредок“ и „Не помина државниот удар на Црвенковски“.
Нова Македонија навлегува подлабоко во обвинувањата: „Црвенковски сака власт без избори, за да го затвори македонското прашање - прашање на ден е кога неодговорни политичари или профитери ќе ги отворат старите рани на внуците на оние што биле страни во граѓанска војна. Дотолку е поголема одговорноста на оние од врвот на СДСМ што допрва сакаат да нè втурнат во таков судир“, пишува Нова Македонија. Вечер оди со наслов: „Кога опозиција гази полиција - Полицијата со видео-записи за дивеењето на СДСМ“ и „Нема дилеми - снимките и сликите покажуваат, СДСМ предизвика општа тепачка и непослушност“.
Информацијата за насилното отстранување на новинарите од местото од каде што ги следат седниците на Собранието, Утрински го насловува: „ЗНМ бара итен одговор кој ги избркал новинарите“ и „ЗНМ го прекина дијалогот со Владата“. Утрински ја објавува и реакцијата на ВМРО-НП нејзиниот лидер Георгиевски дека „Се случија преседани кои се реткост во светската демократија, а полицијата насила го одзеде мандатот на пратениците добиен на избори за кои гласале 370 000 граѓани“.
Весниците информираат и за ставањето на штрајкот на лекарите во мирување, по делумниот договор со Тодоров, а Утрински ни дава вест за нашата рубрика „Македонија и се' е можно“: „Пациентка оперирана од рак на дојка мора да го купува лекот кој чини 500 евра, бидејќи државата сè уште го нема ставено на листата која се покрива со здравствено осигурување“.
Убиство на демократијата - власта брутално го суспендира Парламентот.Фокус.
На друга страна се Дневник, Нова Македонија и Вечер: Дневник го цитира Груевски кој изјави дека „Бранко продолжува во стилот на Гадафи“ и „Нема политички цели што оправдуваат насилство - Црвенковски најавува сценарио на улица и граѓанска непослушност, а премиерот Груевски смета дека се работи за патолошка зависност од власт“. И соопштенијата на МВР и на ВМРО-ДПМНЕ наоѓаат место на страниците на истиот весник: „Спречувавме уривање на државниот поредок“ и „Не помина државниот удар на Црвенковски“.
Црвенковски сака власт без избори, за да го затвори македонското прашање - прашање на ден е кога неодговорни политичари или профитери ќе ги отворат старите рани на внуците на оние што биле страни во граѓанска војна. Дотолку е поголема одговорноста на оние од врвот на СДСМ што допрва сакаат да нè втурнат во таков судир.Нова Македонија.