СДСМ денеска најави блокирање на улиците во сите градови во Македонија во следниве неколку дена. Лидерот на опозициската партија Бранко Црвенковски денеска изјави дека секој ден до петок во 18 часот опозициски активисти ќе ги блокираат половина час клучните сообраќајници во секој град во Македонија и дека во сабота на пладне ќе организираат протест пред главното седиште на ВМРО–ДПМНЕ во Скопје.
Црвенковски најави дека СДСМ нема да учествува на ниедни следни избори ако не добие гаранции за нивно фер и демократско одржување. На обвиненијата од власта дека СДСМ се обидела да спроведе државен удар, тој ја префрли топката кај владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера не беше спречен пуч од страна на опозицијата, туку вчера се случи пуч од страна на владејачката партија. Вчера беше узурпиран Уставот, законот, деловникот за работа, демократијата во Република Македонија, тоа е партиско-политички пуч во реализација на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.“
Тој истакна дека опозициската коалиција „Сојуз на иднината“ преминува на поинаков начин на дејствување, како што рече, соодветен на приликите и карактерот на овој режим, односно дека ќе организираат и поддржуваат секаков облик на граѓански отпор и непослушност, митинзи, протести и блокади на сообраќајници.
„Крајната цел е враќање на уставниот поредок и демократијата во Македонија, а за тоа да се случи, овој тоталитарен режим ќе мора да си замине.“
Премиерот Никола Груевски оцени дека Бранко Црвенковски продолжува да се однесува во стилот на Гадафи, да се добие власта по секоја цена.
„Барање по било која цена да се врати на власт и кажува јасно дека доколку нема друг начин ќе оди на сила и на сила ќе се враќа на власт. Не го интересира ни имиџ на држава, ни народ, ни дали некој ќе настрада, дали ќе го загуби животот во некои такви пресметки што се најавуваат. Буквално ништо друго не го интересира, тоа е една патолошка зависност од власт.“
Ставот на Црвенковски дека жали што не бил порадикален во обидите да се смени власта, Груевски ја оцени како опасна.
„Не знам што можело да биде порадикален, дали требало да пука во народот, дали жали што не успеал да го пробие кордонот и да ги нападне луѓето од другата страна, кои беа главно пензионери, земјоделци, приматели на социјална помош.“
Претседателот Ѓорге Иванов изрази жалење за вчерашните случувања во и околу Собранието, кои, како што пишува во соопштението од неговиот кабинет, ги следел со голема загриженост.
„Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми. Но, решенијата мора да се наоѓаат во институциите на државата од страна на оние избрани за тоа. Недозволиво е во третата деценија од нашата независност да сведочиме за насилство насочено кон и во демократските институции и уставниот поредок“, вели претседателот Иванов во соопштението.
Тој изрази особено жалење „за немилите сцени со претставниците на медиумите“.
„Секој во оваа држава има должност да го почитува поредокот, уставот и законите и никој во оваа држава не смее да биде попречуван да си ги врши професионалните обврски, било да се тоа претставници на медиумите, народни избраници, овластени службени лица“, се вели во соопшението.
ДУИ преку соопштение апелира до опозицискиот „Сојуз за иднината“ да ги спушти тензиите, „со цел да се создаде амбиент за продолжување на реформите согласно препораките на ЕУ“.
Во партиското соопштение се наведува дека политичките разлики и спротивставувања на ниту еден начин не смеат да ги загрозуваат основните функции на државата, како и благосостојбата и мирот на граѓаните во земјата.
Донесувањето на буџетот е еден од основните предуслови за функционирање на државата и затоа сметаме дека овој есенцијален документ не смее да биде aлатка за дневно политичко поткусурување и добивање на политички поени“, стои во денешното соопштение.
Пратениците од ДПА велат дека демократијата во земјава оддамна е прекршена и дека не го поддржуваат во целост најавеното блокирање на Собранието.
„Не знам каде беа тие пратеници кога трчаа да гласаат да им се скратат говорите на пратениците Албанци во Комисијата за труд и социјала во случајот со бранителите. А за другите теми ние сме заинтересирани да седнеме, да разговараме, не само за овој буџет, туку за сите буџети кои се дискриминирачки за Албанците“, вели пратеникот на ДПА Зијадин Села.
Група интелектуалци Албанци од Македонија реагираат на како што велат „подмолното и скандалозно усвојување на Буџетот за 2013 година“. Во декларацијата потпишана од неколкумина интелектуалци, се вели дека на тој начин сериозно е повреден интегритетот на демократските институции и слободното изразување и претставување на граѓаните.
„Се дистанцираме од албанските пратеници кои беа присутни на седницата на која се изгласа буџетот и останатите правни акти на наведениот начин, од албанските претставници во Владата кои гласаа за суспендирање на правната држава, од сите албански претставници во власт или во опозиција кои преку пасивното однесување и молчење помогнаа во инсталирањето на насилството и ограничување на слободата на организирање и инфомрирање“, изјави аналитичарот Едмонд Адеми.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги повикува сите партии да ја почитуваат функцијата на Парламентот како место за мирен политички дискурс како и да се воздржат од секакво насилство и да изнајдат мирно решение за актуелните политички несогласувања.
Вчера не беше спречен пуч од страна на опозицијата, туку вчера се случи пуч од страна на владејачката партија. Вчера беше узурпиран Уставот, законот, деловникот за работа, демократијата во Република Македонија, тоа е партиско-политички пуч во реализација на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
Црвенковски најави дека СДСМ нема да учествува на ниедни следни избори ако не добие гаранции за нивно фер и демократско одржување. На обвиненијата од власта дека СДСМ се обидела да спроведе државен удар, тој ја префрли топката кај владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера не беше спречен пуч од страна на опозицијата, туку вчера се случи пуч од страна на владејачката партија. Вчера беше узурпиран Уставот, законот, деловникот за работа, демократијата во Република Македонија, тоа е партиско-политички пуч во реализација на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.“
Тој истакна дека опозициската коалиција „Сојуз на иднината“ преминува на поинаков начин на дејствување, како што рече, соодветен на приликите и карактерот на овој режим, односно дека ќе организираат и поддржуваат секаков облик на граѓански отпор и непослушност, митинзи, протести и блокади на сообраќајници.
„Крајната цел е враќање на уставниот поредок и демократијата во Македонија, а за тоа да се случи, овој тоталитарен режим ќе мора да си замине.“
Премиерот Никола Груевски оцени дека Бранко Црвенковски продолжува да се однесува во стилот на Гадафи, да се добие власта по секоја цена.
Барање по било која цена да се врати на власт и кажува јасно дека доколку нема друг начин ќе оди на сила и на сила ќе се враќа на власт. Не го интересира ни имиџ на држава, ни народ, ни дали некој ќе настрада, дали ќе го загуби животот во некои такви пресметки што се најавуваат. Буквално ништо друго не го интересира, тоа е една патолошка зависност од власт.Никола Груевски, премиер.
„Барање по било која цена да се врати на власт и кажува јасно дека доколку нема друг начин ќе оди на сила и на сила ќе се враќа на власт. Не го интересира ни имиџ на држава, ни народ, ни дали некој ќе настрада, дали ќе го загуби животот во некои такви пресметки што се најавуваат. Буквално ништо друго не го интересира, тоа е една патолошка зависност од власт.“
Ставот на Црвенковски дека жали што не бил порадикален во обидите да се смени власта, Груевски ја оцени како опасна.
„Не знам што можело да биде порадикален, дали требало да пука во народот, дали жали што не успеал да го пробие кордонот и да ги нападне луѓето од другата страна, кои беа главно пензионери, земјоделци, приматели на социјална помош.“
Претседателот Ѓорге Иванов изрази жалење за вчерашните случувања во и околу Собранието, кои, како што пишува во соопштението од неговиот кабинет, ги следел со голема загриженост.
Не знам каде беа тие пратеници кога трчаа да гласаат да им се скратат говорите на пратениците Албанци во Комисијата за труд и социјала во случајот со бранителите. А за другите теми ние сме заинтересирани да седнеме, да разговараме, не само за овој буџет, туку за сите буџети кои се дискриминирачки за Албанците.Зијадин Села, ДПА.
„Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми. Но, решенијата мора да се наоѓаат во институциите на државата од страна на оние избрани за тоа. Недозволиво е во третата деценија од нашата независност да сведочиме за насилство насочено кон и во демократските институции и уставниот поредок“, вели претседателот Иванов во соопштението.
Тој изрази особено жалење „за немилите сцени со претставниците на медиумите“.
„Секој во оваа држава има должност да го почитува поредокот, уставот и законите и никој во оваа држава не смее да биде попречуван да си ги врши професионалните обврски, било да се тоа претставници на медиумите, народни избраници, овластени службени лица“, се вели во соопшението.
ДУИ преку соопштение апелира до опозицискиот „Сојуз за иднината“ да ги спушти тензиите, „со цел да се создаде амбиент за продолжување на реформите согласно препораките на ЕУ“.
Политичките разлики и спротивставувања на ниту еден начин не смеат да ги загрозуваат основните функции на државата, како и благосостојбата и мирот на граѓаните во земјата.ДУИ.