Македонските лидери, како оние на власт така и оние во опозиција, имаат свечена обврска пред своите сограѓани да се однесуваат на начин што нема да ја поткопа довербата на јавноста во демократските институции на земјата, е една од пораките што ги испратија меѓународните претставници до македонските политичари. Покрај ова, амбасадорот Волерс вчера порача дека зрел политички дијалог ослободен од провокации и обвинувања е суштествен во оваа ситуација. Ваквиот исход го гледаат како единствен и незаменлив излез и експертите, иако засега не веруваат дека постои подготвеност кај клучните партиски претставници од власта, а особено од опозицијата за вакво нешто.
„Сметам дека во моментов е превжештена атмосферата и не верувам дека кај опозицијата има спремност во моментов за да се седне. И да се седне мислам дека претходно треба да се утврдат некои правила на игра и секако изнесување на барањата кои на некој начин доведоа до ескалација на состојбата“, вели аналитичарот Насер Зибери.
Кај лидерите на помалите партии во парламентот страстите се сепак помалку изразени, па оттаму и според изјавите, дијалогот е можен и неопходен, иако со одредени услови.
„Дека е потребно таквиот дијалог да произведе нова влада, дека е потребно нормално, со сопствената оставка, Трајко Вељаноски да го отпочне дијалогот во име на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Ивон Величковски од либералната партија.
„Мислам дека дијалогот треба да почне преку формирање на парламентарна комисија. Само на тој начин можеме да дојдеме до одговорноста, до причините“, изјави Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.
Најголемата опозициска партија, пак, како што вели Зибери, засега е очигледно фокусирана единствено кон тоа да ги анимира јавноста и граѓанството преку изразување на револт вонинституционално, а се со намера да докаже пред јавноста колку државата е ставена во опасност од зајакнување на елементи на една мека диктатура која ги руши правниот систем и институциите на државата. Во вакви услови, како што анализира Зибери, вжештените страни на маса може да ги седне само одреден меѓународен фактор.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски веќе најави дека опозицијата нема да се повлече од своите најавени активности и дека нема да учествува на какви било избори, туку само на фер и демократски кои ќе ги организира некаква експертска, техничка или влада на широка коалиција. Власта по вжештената атмосфера околу начинот на донесувањето на буџетот, нема повлечено никакви потези за смирување на состојбата, изјавувајќи дека станува збор за сценарио на опозицијата.
Сметам дека во моментов е превжештена атмосферата и не верувам дека кај опозицијата има спремност во моментов за да се седне. И да се седне мислам дека претходно треба да се утврдат некои правила на игра и секако изнесување на барањата кои на некој начин доведоа до ескалација на состојбата.Насер Зибери, аналитичар.