Општините Долнени и Кривогаштани се судираат со бројни проблеми. Според експертите, ова се земјоделски општини и тука треба да ја бараат својата економска иднина.
Кадровска недоволна екипираност, недостиг на средства, наследени долгови кои со години се кочница во реализација на бројни проекти, недостиг на кадри, но и недостиг на вистински работници се само дел од бројните проблеми со кои се соочуваат двете рурални општини Долнени и Кривогаштани во нивните напори за локален економски развој. Според оценките на експертите, овие се земјоделски општини и тука треба да ја бараат својата економска иднина.
„Во однос на целокупниот откуп на земјоделски производи, околу 46 отсто е вредноста на тутунот, од тука доаѓа дека замена и алтернатива за тутунот нема!, тврди д-р Кирил Филипоски, експерт за тутунопроизводство, вработен во прилепскиот Институт за тутун, единствен во државата.
Експертите исто така сметаат дека отворањето на новите слободни економски зони кои се тренд последнава деценија имаат свои слабости.
„За да се реализираат тие проекти треба да биде потребен урбанистички план, односно локалитети каде што тоа ќе се реализира. Популарни последиве години во државава се тие слободни економски зони, меѓутоа повеќе со погодности за странски инвеститори и се димензионирани за реализација, што многу тешко паѓа за малите инвеститори“, оценува Кирил Настески, експерт за просторно планирање.
Надлежните во двете рурални општини забележуваат дека станува збор за сиромашни локални самоуправи кои никако не се во можност да платат за нив астрономски суми за изработка на еден детален урбанистички план, кој чини од 200 до 500 евра за метар квадратен.
„Како државата планира да го реши овој проблем, после законскиот рок пак си се градат дивоградби, општините се немоќни, судот не ги штити и како сега, како тоа ќе го решаваме. Бараме прилив на пари во Општинава, а во краен случај нема од кого да ги земеш“, реагира Абдула Бајрамоски, градоначалник на Општина Долнени.
Градоначалникот на Општина Кривогаштани се жали и дека во одделот за ЛЕР едноставно не може да вработи стручен кадар, бидејќи нема средства. А, кога станува збор за работно ангажирање на физички работници тогаш и нема интерес, иако невработеноста е голем проблем и во оваа рурална средина.
„Во 2009 година ни беше овозможено да примиме 24 лица во „Зелена Македонија“, 24 дена ги баравме не можевме да ги најдеме, никој не иди да работи“, вели градоначалникот Гоце Дуртаноски.
Но, според експертите за локален економски развој, економските кочници во една Општина се последица на партизацијата на администрацијата.
„Ако еден партиски член седи во партијата и не се припрема за еден ден кога ќе дојде на власт да биде корисен, а вие сте сите свесни дека тоа се случува, тогаш на функција ќе дојдат луѓе кои нити знаат да планираат, нити знаат стратегиски да планираат, ниту имаат чувство, ниту имаат чувство за граѓаните“, вели Александар Цветкоски, експерт за локален економски развој и претседател на невладината организација АГТИС, која го реализира проектот „Градоначалникот не е златна рипка“, со цел да ги промовира програмите на кандидатите за градоначалници и да ги мониторира реалните можности за остварување на ветувањата, кои според досегашните искуства на ниво на држава, во голема мера останаа само како добри идеи затворени во фиока.
Во однос на целокупниот откуп на земјоделски производи, околу 46 отсто е вредноста на тутунот, од тука доаѓа дека замена и алтернатива за тутунот нема!Кирил Филипоски, експерт за тутунопроизводство.
„Во однос на целокупниот откуп на земјоделски производи, околу 46 отсто е вредноста на тутунот, од тука доаѓа дека замена и алтернатива за тутунот нема!, тврди д-р Кирил Филипоски, експерт за тутунопроизводство, вработен во прилепскиот Институт за тутун, единствен во државата.
Експертите исто така сметаат дека отворањето на новите слободни економски зони кои се тренд последнава деценија имаат свои слабости.
Како државата планира да го реши овој проблем, после законскиот рок пак си се градат дивоградби, општините се немоќни, судот не ги штити и како сега, како тоа ќе го решаваме. Бараме прилив на пари во Општинава, а во краен случај нема од кого да ги земеш.Абдула Бајрамоски, градоначалник на Општина Долнени.