Со дела од Бах, Зографски, Моцарт, Франк и Ваксман, утревечер од 20 часот, во Салон 19.19 при Културно информативниот центар од Скопје, ќе се претстават виолинистката Софија Никоска и нејзината сестра и пијанистка Христина Никоска, две млади и талентирани уметници пред кои е убава интернационална кариера.
Младата Софија Никоска е една од најдобрите виолинистки во Македонија и во регионов. Родена 1991 година во Прилеп, таа по завршувањето на средното музичко образование (ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“) дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Контраденко со највисока оценка – „кум лауде“. Досега реализирала бројни настапи во земјава и во странство и добитник е на повеќе награди на државните и меѓународни натпревари. Сега е студент на Кралскиот колеџ за музика во Мадрид во класата на славниот Захар Брон и од таму не чуди кога вели:
„Тоа што сум имала секогаш биле соништата. Јас секогаш сонував дека ќе свирам на светски подиуми. Моја животна желба беше дека ќе студирам во класата на професор Захар Брон каде што студирам денес затоа што неговите студенти се светски познати виолинистки кои што ми биле идоли и примери за тоа како треба да се изведува некое дело. Неговата класа и неговиот начин на предавање и гледање на музиката за мене е многу интересен, многу интелегентен и естетски проанализиран и мислам дека јас се најдувам во тие негови принципи.“
Во однос на одбирот на делата за програмата на нејзините солистички настапи на интернационалните натпревари Софија истакнува дека тоа сеуште го прават нејзиниот професор и неговите асистенти, но дека кога станува збор за рециталите со нејзината сестра Христина или со разни оркестри тогаш одлучува самата при што милува, покрај другите композитори, често да го свири Бах.
„Мислам дека се' почнува и завршува со Бах. Бах е почеток и крај. Бах за мене како сензибилитет е многу духовна музика и мене ми дава некој посебен мир и спокој.“
Во однос, пак, на сопствениот перформанс виолинистката истакнува дека најбитното нешто притоа и е контактот, остварената интеракција со публиката.
„Ако не успее уметникот да воспостави релација со публиката, да ја допре публиката на некој начин и да ја задржи, мислам дека тогаш тоа не може да се нарече едно уметничко дело.“
Од друга страна, две години постарата Христина Никоска тајните на пијаното започнала да ги открива под надзор на Људмила Романова, за да потем дипломира на Факултетот за музичка уметност во класата на професорката Марија Ѓошевска. Учесник е на бројни семинари раководени од еминентни педагози од земјава и од странство и добитник на повеќе награди и признанија на државните и меѓународни натпревари. Освен како солист, таа има и бројни настапи како камерен музичар.
Кон ова само уште информацијата дека Софија Никоска во април наредната година ја очекува и настапот со Македонската филхармонија со која ќе го свири концертот на Брух, а потем планира и учества на неколку семинари и интернационални компетиции.
Јас секогаш сонував дека ќе свирам на светски подиуми. Моја животна желба беше дека ќе студирам во класата на професор Захар Брон каде што студирам денес затоа што неговите студенти се светски познати виолинистки кои што ми биле идоли и примери за тоа како треба да се изведува некое дело. Неговата класа и неговиот начин на предавање и гледање на музиката за мене е многу интересен, многу интелегентен и естетски проанализиран и мислам дека јас се најдувам во тие негови принципи.Софија Никоска, виолинистка.