Најголемиот дел од граѓаните сметаат дека се потребни отворени кандидатски листи на изборите, бидејќи тоа овозможува подобрување на демократските процеси во државата, покажуваат истражувањата направени во десет општини во Македонија од страна на Националниот демократски институт и Институтот за парламентарна демократија.
Во Република Македонија најголемиот број од граѓаните сметаат дека наместо кандидатските затворени листи, потребно е да се отворени кандидатски листи, бидејќи тоа овозможува подобрување на демократските процеси во државата. Истражувањата направени во десет општини во Македонија од страна на Националниот демократски институт и Институтот за парламентарна демократија покажуваат дека на локално ниво граѓаните бараат промена на начинот на изборот при гласање за кандидатските листи.
„Оваа кампања на Националниот демократски институт и Институтот за парламентарна демократија за отворени кандидатски листи, наспроти затворените кандидатски листи е процес кој започна со научната конференција околу оваа прашање во март 2010 и досега сите истражувања се направени во разговори со граѓани, експерти и политички партии на локално ниво. Од овие истражувања се гледа дека голем е интересот за отворени кандидатски листи. Ние ја промовираме оваа идеја, но не промовираме специјален систем туку даваме можност на граѓаните да размислуваат околу можноста што постои со цел да се подобри процесот во целина“, вели Едип Билал од Националниот демократски институт.
Сите истражувања направени на локално ниво покажуваат дека граѓаните се за промена на актуелниот изборен модел, истакнува Гезим Јашари од Институтот за парламентарна демократија.
„Во нашата кампања која ја имавме заедно со НДИ и со граѓанската организација „Мост“ со финансиска поддршка на Американската амбасада и со поддршка на амбасадите на кралството Холандија и Велика Британија за изборниот систем со отворени кандидатски листи го промовиравме во десет општини во Македонија. Во контактите со политичките партии и граѓаните на локално ниво, поддршката видовме е дека е многу голема. Се надеваме дека со ваква кампања ќе влијаеме во размислувањето на граѓаните да поттикнеме поголема дебата која на крајот би резултирала со поконкретна активност од политичките партии за да тие размислат за промена на сегашниот изборен модел.“
Во дебатата што двата институти ја организираа во Дебар, речиси сите претставници на граѓанските организации, локалните институции и медиумите беа за промена на изборниот модел истакнува Фламур Муладаути од граѓанскиот сектор.
„Мислењата на граѓаните во поголемиот број се дека подобро е решението да имаме отворени кандидатски листи. Тоа овозможува да се изберат кандидатите на кои граѓаните им веруваат.“
По првата фаза на дебати, Институтот за парламентарна демократија и Националниот демократски институт најавуваат и втора фаза на проектот, сè со цел да се продолжи со промовирањето на отворените кандидатски листи. На крајот е јасно дека сè ќе зависи од гласачите и политичките партии.
Од овие истражувања се гледа дека голем е интересот за отворени кандидатски листи. Ние ја промовираме оваа идеја, но не промовираме специјален систем туку даваме можност на граѓаните да размислуваат околу можноста што постои со цел да се подобри процесот во целина.Едип Билал, Национален демократски институт.
Се надеваме дека со ваква кампања ќе влијаеме во размислувањето на граѓаните да поттикнеме поголема дебата која на крајот би резултирала со поконкретна активност од политичките партии за да тие размислат за промена на сегашниот изборен модел.Гезим Јашари, Институт за парламентарна демократија.