Во Македонија има 29 Народни кујни, а од социјална помош живеат околу 60.000 луѓе. Корисниците велат дека сакаат да се вработат за да не мора да ги користат кујните.
Четврт леб, чинија манџа и едно овошје по човек добиваат најзагрозените семејства во Шутка кои секојдневно ја посетуваат Народната кујна во општината. Еден од нив е и Бајрам Миљаим кој со социјална помош од 1.000 денари не е во можност да го прехрани семејството. Но, Миљаим се жали дека и храната што ја добиваат во Народната кујна не е доволна.
„Само за една лажица јадење и осмина леб чекаме. Еве сега има банани, јаболки, тоа е, од ова живееме. Со четврт леб дали можеш? Не можеш. И со пола кило не можеш, ама тоа е. Од социјално земам 1.000 денари и со тие пари не можам да издржам. Не останува ни за струја, ни за вода.“
Сличен е случајот и со другите луѓе кои ја посетуваат кујната.
„По една лажичка ни ставаат, по осмина лепче, а многу луѓе сме дома. Син ми не работи, јас не работам, по канти идеме, срамота е. Барем децата да ни се вработат, да имаме за парче леб, да не одиме веќе во Кујната.“
„Нема работа и сами гледате каков е животот тука. По улици сме, натаму наваму, работа нема, сиромаштија е. Кога ќе имаме, децата ќе јадат, кога ќе нема, нема.“
„Од што живееме, еве во кујната одиме да јадеме“, велат корисниците на кујната.
Миљаим се жали дека работа нема, па единствениот избор е да собира хартија и шишиња по кантите за отпадоци и така да заработи некој денар.
„По канти собираме книги, шишиња, продаваме, за да може да јадеме. Да има работа ќе биде добро, ама кога нема, ние собираме шишиња. Па кога собираме шишиња не тепа полиција, не смееш, ќе ти напишат една пријава и ќе мора да платиш 50 евра. А од кого да земеш 50 евра, нема, за тие пари ќе идеш во затвор, ќе лежиш.“
Околу 60 илјади луѓе во Македонија живеат од социјална помош. Во моментов во земјава функционираат 29 кујни во градските средини, чии корисници се повеќе од 3.700 граѓани.
Само за една лажица јадење и осмина леб чекаме. Еве сега има банани, јаболки, тоа е, од ова живееме. Со четврт леб дали можеш? Не можеш. И со пола кило не можеш, ама тоа е. Од социјално земам 1.000 денари и со тие пари не можам да издржам. Не останува ни за струја, ни за вода.Бајрам Миљаим, корисник на Народна кујна во Шуто Оризари.