Од 6 до 9 декември во Битола ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на светска музика на кое e планирано да настапат македонската пејачка Каролина Гочева, бендот на пијанистот Васил Хаџиманов и култниот турски состав „Баба Зула“.
Македонија, покрај веќе етаблираниот „Оф-фест“, полека но сигурно добива уште еден квалитетен фестивал на кој во центарот на вниманието е т.н „светска музика“ и нејзините најразлични звуковни модалитети.
Имено, по минатогодишното издание од кое посебно бележити останаа настапите на пејачката Јола Калифе (сопругата на славниот Марсел Калифе кој неодамна настапи со Македонската филхармонија), прочуениот турски инструменталист Ибрахим Мети Онур и визуелно атрактивната Марла Блуменблад, овојпат на четвртиот Фестивал на музика од светот што во деновите од претстојниот викенд ќе се одржи во Битола се очекуваат интернационални артисти чија музика и е добро позната на домашната публика, но кои се секоја своја нова пројава успеваат да донесат многу енергија, позитивни вибрации и искрена радост од повторната средба.
Така, програмата официјално ќе започне в четврток со промоцијата на проектот „Љубојна брас фантази“, за да веќе наредната вечер се случат перформансите на Каролина Гочева и „Васил Хаџиманов бенд“. Притоа македонската пејачка во родниот град ќе го изведе својот „интимен концерт“ базиран на музиката од албумот „Македонско девојче“ зад кој своевремено со својот авторски кредибилитет застана Златко Ориѓански, а пијанистот по втор пат годинава на еден од домашните фестивали ќе музицира со матичната белградска група која сопственото творештво распослано на дури четири албумски објави („11 разлога за...“ - 2001, „Кафанки“ - 2003, „3“ - 2007 и „Живота ми!“ - 2009) го потпира на фузијата на балканските ритми со џезот.
Длабоко во ноќта, во клубот „Порта џез“, пак, ќе се случи уште едно чествување на непарните ритми со изблиците на најслободарската музичка форма. Во „оф-програмата“ на Фестивалот на светска музика ќе настапи квартетот што го чинат неколкумина врвни македонски инструменталисти – саксафонистот Гоце Мицанов, гитаристот Сашо Поповски, Александар Секуловски на тапани и басистот Оливер Јосифовски.
Конечно, тридневното звуковно патешествие е најавено да кулминира со истанбулската атракција или ако милувате Хероите од Босфор -„Баба Зула“, составот што од 1996 наваму со успех настапува по светот нудејќи го својот уникатен микс на психоделија со традиционалните инструменти и со електрониката. Како и во Скопје пред неколку години на „Оф-фест“, покрај Мурат Ертел и неговите музички собеседници ќе биде и нашата Елена Христова ( „Баклава“) која како автор и изведувач учествуваше во снимањето на нивната последна студиска објава „Gece kondu“ од 2010 година.
„Луѓето се многу заинтересирани за програмата и со една посебна возбуда очекуваат како сето тоа ќе изгледа на сцена, така да со нетрпение го очекуваме сите настанот кој што се вика Музика од светот 2012 – фестивал во Битола“, истакнува Јосифовски, кој втора година по ред е селектор на програмата на оваа манифестација.
Инаку, фестивалот како организатор го потпишува Центарот за култура од Битола, а директорот Борче Димитровски истакнува дека нивната идеја е случувањето со својата специфичност да се етаблира и да го достигне соодветното ниво за музички настан не само на мапата за фестивали што постојат на локално ниво туку и воопшто во Република Македонија.
„Овие досега одржани три изданија укажаа на потребата, просторот и можноста еден ваков фестивал да опстои и да се етаблира, а со тоа веруваме дека догодина на јубилејот ќе имаме можност да направиме културен настан што ќе трае повеќе од три дена и кој ќе понуди многу повеќе музички проекти со интернационален предзнак.“
Кон ова само уште информацијата дека Фестивалот на музика од светот финансиски е подржан од Министерството на култура.
Луѓето се многу заинтересирани за програмата и со една посебна возбуда очекуваат како сето тоа ќе изгледа на сцена, така да со нетрпение го очекуваме сите настанот кој што се вика Музика од светот 2012 – фестивал во Битола.Оливер Јосифовски, басиси, селектор на програмата.
Имено, по минатогодишното издание од кое посебно бележити останаа настапите на пејачката Јола Калифе (сопругата на славниот Марсел Калифе кој неодамна настапи со Македонската филхармонија), прочуениот турски инструменталист Ибрахим Мети Онур и визуелно атрактивната Марла Блуменблад, овојпат на четвртиот Фестивал на музика од светот што во деновите од претстојниот викенд ќе се одржи во Битола се очекуваат интернационални артисти чија музика и е добро позната на домашната публика, но кои се секоја своја нова пројава успеваат да донесат многу енергија, позитивни вибрации и искрена радост од повторната средба.
Овие досега одржани три изданија укажаа на потребата, просторот и можноста еден ваков фестивал да опстои и да се етаблира, а со тоа веруваме дека догодина на јубилејот ќе имаме можност да направиме културен настан што ќе трае повеќе од три дена и кој ќе понуди многу повеќе музички проекти со интернационален предзнак.Оливер Јосифовски, басиси, селектор на програмата.