Со идеја да се нурнат во сржта на пребогатиот фолклор на регионов и премиерно да ги донесат своите изведби на албанските староградски песни во формација на квартет, пијанистот Десар Сулејмани и неговите собеседници од гудачкиот квартет КОСОВО се решија својата заедничка
музичка потрага да ја започнат во Музеј на Град Скопје. Нивната пожелувана средба со овдешната публика овојпат е насловена како Уметничко патување со обработки на албански староградски песни и во некоја рака претставува разработка на идејата зачната пред неколку години на еден заеднички настап на солистот на виола Блерим Груби и пијанистот и диригент Сулејмани, кој 13 години живее и работи во Германија.
„Ние свириме песни од различни територии од Балканот, значи од Македонија, од Албанија како и од Косово. Станува збор за патување низ песна во формација на квартет. Овие композиции за прв пат ќе бидат изведени во Скопје што значи дека станува збор за светска премиера на овој проект.“
Десар Сулејмани е роден 1978 година во Скадар, Албанија. Средно музичко образование завршил во класата на Надежда Породини во Тирана, а магистрирал пијано, камерна музика и диригирање на Универзитетот за уметности Фолкванг во Есен. Тој е постојан диригент на Симфонискиот оркестар во Диселдорф, а настапува и како пијанист тесно соработувајќи со врвни светски музички имиња.
Гудачкото трио КОСОВО е формирано во 2003 година од страна на еминентните инструменталисти Сихана Бадивуку – виолина, Блерим Груби – виола и Антонио Гаши на виолончело. Него во 2008 година го замени Аристид Проси од Албанија, а оваа формација од основањето до денес, со репертоар на дела од барокот до современите композитори, е
чест гостин на фестивалите и на концертите не само во земјите од регионов туку и во Европа. Нивната идеја е силно да работат на промоцијата на музиката што се твори на овие простори.
Токму затоа и не чуди што Груби за престојниот концерт знае да забележи дека народите кои живеат на ова поднебје треба со посебен респект да ја негуваат традиционалната музика.
„Со стилизирање, значи се земаат темите од народниот мелос и се постигнуваат големи работи и добри цели, убаво е и за нашата публиката тука, а посебно кога овие дела ќе се изведат и во Европа и во Америка и во Австралија.“
Тој истакнува дека проектот го почнуваат со албанските староградски песни и дека потем во фокусот на нивното интересирање ќе се најдат и традиционалните музики на останатите балкански народи и верува дека со ваквиот концепт ќе бидат многу поинтересни за публиката во светот која навикнала еден камерен состав да свири дела од Брамс, Бетовен и Моцарт а не фолкорни мотиви.
Згора на ова Блерим Груби дополува дека допрва очекуваат да имаат покани за заеднички настапи со Сулејмани, а за своето гудачко трио вели дека идната година ќе музицира на сцените во Италија, Франција и во Финска.
Ние свириме песни од различни територии од Балканот, значи од Македонија, од Албанија како и од Косово. Станува збор за патување низ песна во формација на квартетДесар Сулејмани, пијанист
„Ние свириме песни од различни територии од Балканот, значи од Македонија, од Албанија како и од Косово. Станува збор за патување низ песна во формација на квартет. Овие композиции за прв пат ќе бидат изведени во Скопје што значи дека станува збор за светска премиера на овој проект.“
Десар Сулејмани е роден 1978 година во Скадар, Албанија. Средно музичко образование завршил во класата на Надежда Породини во Тирана, а магистрирал пијано, камерна музика и диригирање на Универзитетот за уметности Фолкванг во Есен. Тој е постојан диригент на Симфонискиот оркестар во Диселдорф, а настапува и како пијанист тесно соработувајќи со врвни светски музички имиња.
Гудачкото трио КОСОВО е формирано во 2003 година од страна на еминентните инструменталисти Сихана Бадивуку – виолина, Блерим Груби – виола и Антонио Гаши на виолончело. Него во 2008 година го замени Аристид Проси од Албанија, а оваа формација од основањето до денес, со репертоар на дела од барокот до современите композитори, е
Значи се земаат темите од народниот мелос и се постигнуваат големи работи и добри цели, убаво е и за нашата публиката тука, а посебно кога овие дела ќе се изведат и во Европа и во Америка и во АвстралијаБлерим Груби, Гудачко трио Косово