Тирана и Приштина против Карла дел Понте

Албанија и Косово најавија дека ќе побараат независна истрага против поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте, поради нејзината, како што се наведува, тенденциозна и илегална улога во судењето против поранешниот лидер на Ослободителната војска на Косово Рамуш Харадинај. Засега нема коментари од Хаг.
Владата на Албанија соопшти дека била шокирана од неодамнешната изјава оти Карла дел Понте покренала обвинение против Рамуш Харадинај без доволно докази. Затоа, како што наведува кабинетот на албанскиот премиер Сали Бериша, Тирана ќе побара од меѓународните институции да покренат независна истрага против дел Понте која моментално е истражител на ОН за човековите права во Сирија.

Поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал Џефри Најс, деновиве во интервју за сараевскиот весник „Дневни аваз“ изјави дека тогашната обвинителка Карла дел Понте сносела голема одговорност поради ослободувањето на Рамуш Харадинај, но и на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.
Косовската влада смета дека пречекорувањата на овластувањата на Карла дел Понте и недостигот на докази и сведоци довеле до апсења на значајни косовски личности што пак му штетело на косовскиот имиџ.


Најс оцени дека постапката против сите нив била бламажа за целата канцеларија на обвинтелството на Хашкиот трибунал, но не затоа што тие биле ослободени, туку затоа што целата постапка била покрената како што не треба.

Најавата од Тирана уследи само неколку денови откако Апелациониот совет на Трибуналот го ослободи Харадинај од обвинувањата за воени злосторства направени во текот на конфликтот на Косово од 1998 до 1999 година.

„Не постојат докази што сугерираат, а камо ли да докажат дека Рамуш Харадинај присилил или инструирал војници на ОВК да извршат такви кривични дела, ниту пак дека ги поддржувал“, изјави минатата недела во Хаг судијата Баконе Молото.

Претходно иста таква пресуда судијата Теодор Мерон им прочита и на хрватските генерали.

„Апелациониот суд наредува во согласност со правилата и процедурите на Меѓународниот суд итно ослободување на Анте Готовина и Младен Маркач.“

Владата во Приштина, во образложението за барањето истрага против Карла дел Понте наведува дека косовските институции секогаш верувале и тесно соработувале со Хашкиот трибунал, но оти таа ја злоупотребувала таа готовност.

Косовската влада смета дека пречекорувањата на овластувањата на Карла дел Понте и недостигот на докази и сведоци довеле до апсења на значајни косовски личности што пак му штетело на косовскиот имиџ.

Притоа особено се посочува на, како што се наведува, нејзиното научно фантастично фабрикување во врска со обвинувањата на Дик Марти за трговијата со органи.

Пратеникот во Советот на Европа Дик Марти во 2010 година ги обвини припадниците на ОВК за трговија на органи од заробените главно срби, за време на конфликтот на Косово.

Еулекс лани го назначи амариканскиот обвинител Џон Клинт Вилијемсон да ги истражи наводите дали во тоа бил вмешан премиерот Хашим Тачи, како и други високи косовски функционери. Албанија најави дека ќе ја дозволи таквата истрага на нејзина територија.