Истакнатиот југословенскиот комунист Светозар Вукмановиќ Темпо не ја негирал Македонија, туку бил за нејзино обединување, вели битолскиот доктор по историја Александар Литовски во неговата нова книга „Соработката на народноослободителните движења од Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија во Втората светска војна“.
Истакнатиот југословенскиот комунист Светозар Вукмановиќ Темпо се залагал за обединување на Македонија на крајот на Втората светска војна и политички прострадал за ваквата идеја зашто од Тито бил разрешен од сите политички функции.
Ваква светлина врз ликот на Темпо дава битолскиот доктор по историја Александар Литовски наспроти досегашните тврдења дека тој е негативен лик од македонската историја кој ја негирал Македонија и бил против обединувањето. Литовски своите ставови ги аргументира преку документи и историска литература ги изнесува во неговата неговата нова книга „Соработката на народноослободителните движења пд Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија во Втората светска војна.
„Тој е политичка жртва за обединувањето на Македонија зашто на 15 ноември 1944 година е разрешен од сите функции во Македонија од страна на ЦК на КПЈ заради неговото тврдоглаво инсистирање да се обедини Македонија“, вели Литовски.
Повикувајќи се на документи Литовски посочува дека Темпо во октомври 1944 година доставил барање до грчкото ослободително движење за формирање на македонски борбени организации во Егејска Македонија и слободна пропаганда за независна Македонија. Тој упатил и остра критика дека ако не се исполнат барањата ќе биде преземена акција и ќе се испрати 100.000 војска. Темпо учествувал и на митингот на 7 ноември 1944 година во Битола и истакнал дека никој нема право да го дели македонскиот народ против неговата волја. Но, според Литовски, Тито бил оној кој под притисок на Велика Британија дал гаранции дека нема амбиции кон Егејскиот дел на Македонија.
„Ликот на Темпо е оцрнет во најмала рака, секако неправедно. Пред се затоа што се отиде на антијугословенство во 90-тите години и се направи мит дека тие што доаѓале од централата работеа против Македонија и Македонците, што целосно не е вистина. Ако се види книгата врз факти и документи токму најангажиран за соработката на Македонците од Вардарскиот, Егејскиот и Приринскиот дел е токму Светозар Вукмановиќ Темпо“, додава Литовски.
Ликот на Темпо е оцрнет во најмала рака, секако неправедно. Пред се затоа што се отиде на антијугословенство во 90-тите години и се направи мит дека тие што доаѓале од централата работеа против Македонија и Македонците, што целосно не е вистина. Ако се види книгата врз факти и документи токму најангажиран за соработката на Македонците од Вардарскиот, Егејскиот и Приринскиот дел е токму Светозар Вукмановиќ Темпо.Александар Литовски, доктор по историја.