Министерот може да го игнорира штрајкот, но тоа е само затварање очи пред реалноста, тоа во психологијата се вика негација. Тоа го прават децата кога ќе се најдат пред нешто страшно ги затвараат очите, вели претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар Дејан Ставриќ.
Лекарите до петок ќе штрајкуваат пред министерството за здравство, а доколку и натаму бидат невидливи за институцијата ќе преземат поригорозни мерки.
Претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар Дејан Ставриќ вели дека штрајкот се одвива низ сите градови во земјата каде што работат специјалисти. Од министерот за здравство Никола Тодоров досега никаков абер не добиле, но како што вели Ставриќ очекуваат договор, бидејќи тоа е во интерес на лекарите, пациентите и државата.
„Министерот и понатаму може да игнорира, ние и понатаму ќе штрајкуваме. Тоа пред се е неодговорно од страна на Министерството кон пациентите и кон целокупниот ресор. Тој може да го игнорира штрајкот, но тоа е само затварање очи пред реалноста, тоа во психологијата се вика негација. Негација претставува примитивна реакција на одреден проблем. Тоа го прават децата кога ќе се најдат пред нешто страшно ги затвараат очите. Тоа не е ни бегање, не е ескапизам затоа што само се стои пред проблемот и не се реагира.“
Според Ставриќ реакцијата на Тодоров не е адекватна. Министерот вчера го избегна одговорот на прашањето на новинарите дали го видел штрајкот, бидејќи премиерот Никола Груевски на владината седница рече дека лекарите штрајкуваат.
„Каков спин е ова, ова е многу интересно.“
Ставриќ додава дека притисоците врз лекарите не престануваат.
„Од закани со финансиски импликации, закани за намалување на плата, за укинување на плата, закани за кривичен прогон, закани за лов на вештерки, до подмитување во смисол на суптилна корупција, која се изразува преку акутно вработување на членови на семејствата на членовите на штрајкувачките одбори од внатрешноста, со што истите се замолчуваат и се тргаат од штрајкот.“
Според синдикатот пациентите добро реагираат и имаат разбирање за штрајкот, бидејќи тоа не влијае на работата на лекарите. Лекарите и денеска ќе ги посетат странските амбасади за да ги информираат за ситуацијата.
Тој може да го игнорира штрајкот, но тоа е само затварање очи пред реалноста, тоа во психологијата се вика негација. Негација претставува примитивна реакција на одреден проблем. Тоа го прават децата кога ќе се најдат пред нешто страшно ги затвараат очите. Тоа не е ни бегање, не е ескапизам затоа што само се стои пред проблемот и не се реагира.Дејан Ставриќ, претседател на самостојниот синдикат на Клинички центар.