Погранична соработка меѓу Новаци и грчката општина Алмопија

Жители на општина Новаци.

Половина од 520 илјади евра, општината Новаци ќе ги насочи за реконструкција на куќата на Калеш Анѓа во селото Старавина која е целосно руинирана, но и за други знаменитости.
Општина Новаци и грчката Општина Алмопија потпишаа договор за реализација на грант во вредност од 520.000 евра за погранична културна соработка со цел развој на туризмот. „Жива историја, жива природа“, е насловот на проектот за заштита на културното наследство, а неговата реализација ќе започне со почетокот на идната година. Половина од парите, македонската општина Новаци ќе ги насочи за реконструкција на куќата на Калеш Анѓа, која е целосно руинирана, разурната и стои како потсетник на времето минато во селото Старавина, но и за други знаменитости.
Ние имаме изработено проекти кои опфаќаат реновирање и реконструкција на мостот во Зовиќ и воденица има таму, која е под заштита на културното наследство и реновирање и оспособување на куќата на Калеш Анѓа во село Старавина. Имаме и реконструкција на црквата Свети Димитрија во село Градешница.
Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.

„Ние имаме изработено проекти кои опфаќаат реновирање и реконструкција на мостот во Зовиќ и воденица има таму, која е под заштита на културното наследство и реновирање и оспособување на куќата на Калеш Анѓа во село Старавина. Имаме и реконструкција на црквата Свети Димитрија во село Градешница“, истакнува градоначалникот Лазар Котевски.

Стариот мост во село Зовиќ, општина Новаци.


Проектот ќе биде насочен кон документирање и истражување на поврзаноста на природните локалитети во секоја област и нивно промовирање како вредни и атрактивни туристички квалитети на двете општини.

„Планирано е да се издаде туристички водич со цел развој на селскиот туризам и искористување на огромните потенцијали на мариовскиот предел. Од Општината се надеваме дека по реализација на овој проект, ќе се зголеми интересот за инвестиции во мариовскиот дел, за градење хотелски капацитети, оти доста атрактивен е овој дел, бидејќи имаме чиста еколошка природа.“
Старавина и Зовиќ имаат малку жители, старостната граница е многу висока, затоа ние како Општина сето ова го преземаме, ако не можеме населението да го вратиме, барем останатите жители да ги задржиме. Тие миграциони движења од 60 и 70-те години ги опустошија тие села. Има голем број иселеници и од урбаните средини кои се преселени и од нив има многу заинтересирани кои сакаат да се вратат на некој начин.
Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.

Градоначалникот Котевски вели дека веќе има интерес и на домашни и на странски инвеститори во сферата на руралниот туризам, освен хотелски капацитети за отворање и на воздушни бањи. За да се стимулираат инвеститорите, општинскиот совет донесе одлука да се издадат под концесија, долгорочно и бесплатно, повеќе објекти во надлежност на Општина Новаци.

Куќата на Калеш Анѓа во селото Старавина.


„Старавина и Зовиќ имаат малку жители, старостната граница е многу висока, затоа ние како Општина сето ова го преземаме, ако не можеме населението да го вратиме, барем останатите жители да ги задржиме. Тие миграциони движења од 60 и 70-те години ги опустошија тие села. Има голем број иселеници и од урбаните средини кои се преселени и од нив има многу заинтересирани кои сакаат да се вратат на некој начин.“

Овој проект за погранична културна соработка, акцентира Котевски, секако најмногу ќе придонесе за интензивирање на организираните посети преку туроператорите, на знаменитостите во двете општини Новаци и Алмопија, но и за анимација и транзит туристите. Бенефитите ќе се ефектуираат во двете општини.

„Бидејќи и тие во нивните проекти имаат реконструкција, уредување на цркви, на културното наследство кое е во делот од грчката страна, и затоа беше добро прифатен овој проект од Европската унија. И се гордеам со тоа што сме скоро единствени во Македонија од руралните средини кои имаме добиено ваков проект“, вели градоначалникот Котевски.

Новаци од туристички аспект е една од најатрактивните рурални Општини во Македонија и затоа што токму овде поминува линијата на Солунскиот фронт од Првата светска војна. Овде има многу магацини, ровови, се уште може да се најдат и француски коњаци од француските војници, тука е и спомен костурницата, но и многу други знаменитости кои заедно со еколошките потенцијали го чинат огромниот потенцијал, како мамка колку за инвеститорите, толку и за туристите од земјава и странство.