Вклучувањето во Јужниот тек и интензивирањето на економската соработка со Русија, не значи откажување од стратешката цел - влез во НАТО и во ЕУ, вели Благоја Марковски, претседател на балканскиот форум за безбедност во разговор за Радио Слободна Европа.
Господине Марковски, кои би биле ефектите од вклучувањето на Македонија во проектот Јужен Поток?
Прво треба да се има предвид дека Македонија е зависна од енергетските суровини и извори и оттука за нас е од големо значење гасификацијата на територијата на Република Македонија и тоа не само за индустријата која се наоѓа во развој, но истовремено и гасификацијата на населението, односно на домаќинствата во Република Македонија. Ние многу би добиле со начинот на добивање на вакви енергетски извори и во еден поголем број или процент би почнал развојот и снабдувањето со ваквите суровини.
Американскиот помошник државен секретар за европски прашања Филип Гордон изјави дека земјите кои за своето енергетско снабдување се зависни од само еден снабдувач се и политички зависни. Дали господине Марковски се оправдани ваквите стравувања?
И се оправдани, и не се оправдани. За да се стане политички зависен, тоа значи дека тие што стануваат политички зависни прифаќаат таква зависност. Балканот воопшто, но и Република Македонија, во ситуација кога се зависни од овој тип на енергија во суштина нема причина за страв дека тие ќе станат политички зависни, затоа што економијата не е баш секогаш компактибилна со она што се вели политичка зависност. Политичката зависност не ја гледам во смисла на тоа дека ако добиваме гас од Русија дека на тој начин политички се приближуваме кон нив.
Токму тоа сакав да ве прашам. Дали вклученоста на Македонија во овој проект може да значи и свртување на македонската геостратешка политика кон Русија, односно дали тоа може да ги наруши односите со САД?
Република Македонија, без оглед на нејзините стратегиски цели, зачленување во структурите на НАТО и на ЕУ, не треба да подразбира директно дека таа се откажува од своите сопствени стратегиски цели. Значи, таа паралелно може да ги развива и односите со секоја од соседните земји или со секоја земја со која има економски интерес и паралелно да си ги остварува овие цели и оттука не гледам зошто Македонија би ги напуштила своите стратегиски цели. Напротив, Македонија само ќе развие еден поблизок пријателски однос со Русија или со кои било други во некоја слична ситуација и апсолутно не сум убеден дека тоа ќе претставува и политичка зависност.