Достапни линкови

Гасификацијата не трпи ,,фушерај"


Граѓаните се плашат околу безбедноста на гасифицираните домови. Според експертите, со стручна и соодветна инсталација гасот е безбеден енергенс.

Користењето на природен гас во домаќинствата е многу поисплатлива варијанта за граѓаните, но и покрај тоа тие велат дека не им е сигурно, и се сомневаат дека гасоводната мрежа ќе биде добро направена.
Мора да има соодветна инсталација, инаку не прифаќам

,,Јас сум од 11 Октомври, обавезно, ќе биде поевтино."
,,Мора да има соодветна инсталација, инаку не прифаќам."

Иако со години се разговара и се прават стратегии за гасификација на земјата, само еден мал процент од фирмите гористат гас, а за домаќинствата и да не зборуваме. Во Куманово деновите, по 4 години откако започна процесот на гасификација, почна да се користи природниот гас. Директорот на „Куманово гас“, Момчило Мирчевски вели дека нема место за сомнежи за безбедноста.
Воопшто не е опасно, ако е опасен нема цел свет да го користи


,,Воопшто не е опасно, ако е опасен нема цел свет да го користи."

Мирчевски вели дека времето за гасификација се одолговлеко бидејќи немале правилници за работа и технички нормативи.

,,Тука се губат живци, нервози. Одиш на едно на друго место, правилниците беа од 90 година."
Да внимава на изведбите на системите, да не дозволи фушерај. Во меѓувреме да се обучат неколку компании за вградување на цевките и опреамата по домаќинствата, да не дојде до нестручна монтажа затоа што последиците се жестоки

Професорот на Машински факултет Константин Димитров вели дека луѓето по правило се плашат од нешто ново.

,,Како што на времето народот се плашеше од елетрификација, нормално е сега луѓето да се плашат од гасификација. Затоа е нормално државата да избере еден стратешки партнер и да се почне со изградбата."

Фирмите што ќе бидат задолжени за гасификациај ќе се грижат и за сигурноста на гасоводот, но и за безбедноста на луѓето.

,,Да внимава на изведбите на системите, да не дозволи фушерај. Во меѓувреме да се обучат неколку компании за вградување на цевките и опреамата по домаќинствата, да не дојде до нестручна монтажа затоа што последиците се жестоки."

Во соседството, во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина поголеми делови од земјите се одамна гасифицирани, во Словенија и во Хрватска гасификацијата постои уште пред сто години. Македонија, Албанија и Косово не се гасифицирани.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG