Шугата е резултат на нехигиена, прикривање, на неприкажување на основните промени и преминува во масовно ширење, габични инфекции, вели д-р Виолета Кузмановска, дерматовенеролог од кумановската Општа болница.
Дерматологијата е одраз на сите случувања и промени во природата и општествениот секојдневен живот на луѓето. Населението на Куманово е изложено на издувните гасови, хемикалиите кои се испуштаат од производствените хали, стресниот начин на живот, невработеноста, а сето тоа влијае врз кожата, како и хигиено- диететскиот режим како во градот, така и во селата, вели примариус д-р Виолета Кузмановска, дерматовенеролог од кумановската Општа болница.
Таа посочува на најчестите случаи кои се пријавуваат во амбулантата, а кои потекнуваат од селските средини каде што начинот на животот е многу поразличен од градскиот:
„Има многу промени во вид на инфекции, затоа што начинот на живеење и хигиенско-диететскиот режим е поразличен од градскиот. Инфекциите се секако од животните што ги одгледуваат, вода која не е од водоводни цевки и немање канализација. Многу често инфекциите се пренесуваат преку допир, така што имаме таканаречени колективни дерматози, оти се создава една масовна инфекција при која дури и по пет-шест членови од едно семејство се заразени од иста бактерија.“
Кузмановска додава дека и шугата сè уште е присутна во кумановско.
„Таа е резултат на нехигиена, прикривање, на неприкажување на основните промени и преминува во масовно ширење, габични инфекции кои ги добиваат од животни и од земјата бидејќи се занимаваат со земјоделие.“
Не помал број пациенти се и од градската средина каде што, пак, ризик факторите се поинакви, а и заболувањата се од друг тип:
„Најчести дијагнози се невродермити, промена на кожа резултат од внатрешна нервоза. Всушност тоа се тегоби со чешање кое е неподносливо. Но тоа не оди континуирано туку циклично. Неврозата во Куманово е застапена заради икс фактори, особено што околу 80 насто од населението се невработени.“
Габичните инфекции се присутни и во градската средина бидејќи сè повеќе е моден тренд чување миленичиња дома.
„Тие ги носат редовно на прегледи кај ветеринар, сепак тоа е нешто што многу често треба да се контролира, треба навика за чување животни во домашни услови.“
Кај младите, пак, чести појави се акните.
„Тие се резултат на неадекватна исхрана. Младите, мислам на оние до 18 години кои се хранат со конзервирана храна, синтетика, производи кои се најлесно достапни, брза храна, сето тоа многу влијае на кожата. Исто така и несоодветна хигиена на младите кои пробуваат нешто што слушнале, а многу ретко имаат навика да се консултираат со дерматолог.“
Проблемите со кои младите се соочуваат, според д-р Кузмановска, се и поради тоа што тие за одредени промени се информираат преку интернет и пробуваат со самолекување.
„Кога веќе не иде, со многу влошена клиничка слика доаѓаат и веќе тука е потешко за лекување, бидејќи треба да се смири тоа што е иритирано, да се дојде до основната промена, па дури тогаш комплетно да се лекува.“
Кузмановска вели дека современиот човек не може целосно да се заштити од надворешните влијанија кои предизвикуваат кожни заболувања, но може да си помогне во смисла:
„Навика во исхрана и навика во однесување. Исхраната да биде од свежото овошје и зеленчукот и сето она што е на пазарите, во поголеми количества, за сметка на тоа да се намали брзата и конзервираната храна. Здравата храна има некој процент на влијание на севкупното здравје на организмот, а кожата е огледало на случувањата на внатрешните органи затоа едно со друго е поврзано. Да се практикува ноќно спиење, бидејќи ако организмот не е доволно одморен имунитетот се намалува и нормално има промени на кожата.“
Во такви случаи, според д-р Кузмановска, се јавуваат и херпеси, рецидивни инфекции и алергии. Таа препорачува движење на свеж воздух, употреба на понеутрални препарати дерматолошки тестирани за намалување на алергиите, како и креми со високи заштитни фактори од сонцето, кое, пак, треба да се избегнува, поради сè почестите појави на карцином на кожата.
Има многу промени во вид на инфекции, затоа што начинот на живеење и хигиенско-диететскиот режим е поразличен од градскиот. Инфекциите се секако од животните што ги одгледуваат, вода која не е од водоводни цевки и немање канализација. Многу често инфекциите се пренесуваат преку допир, така што имаме таканаречени колективни дерматози, оти се создава една масовна инфекција при која дури и по пет-шест членови од едно семејство се заразени од иста бактерија.д-р Виолета Кузмановска, дерматовенеролог од кумановската Општа болница.
Таа посочува на најчестите случаи кои се пријавуваат во амбулантата, а кои потекнуваат од селските средини каде што начинот на животот е многу поразличен од градскиот:
„Има многу промени во вид на инфекции, затоа што начинот на живеење и хигиенско-диететскиот режим е поразличен од градскиот. Инфекциите се секако од животните што ги одгледуваат, вода која не е од водоводни цевки и немање канализација. Многу често инфекциите се пренесуваат преку допир, така што имаме таканаречени колективни дерматози, оти се создава една масовна инфекција при која дури и по пет-шест членови од едно семејство се заразени од иста бактерија.“
Кузмановска додава дека и шугата сè уште е присутна во кумановско.
„Таа е резултат на нехигиена, прикривање, на неприкажување на основните промени и преминува во масовно ширење, габични инфекции кои ги добиваат од животни и од земјата бидејќи се занимаваат со земјоделие.“
Најчести дијагнози се невродермити, промена на кожа резултат од внатрешна нервоза. Всушност тоа се тегоби со чешање кое е неподносливо. Но тоа не оди континуирано туку циклично. Неврозата во Куманово е застапена заради икс фактори, особено што околу 80 насто од населението се невработени.д-р Виолета Кузмановска, дерматовенеролог од кумановската Општа болница.