Скупи фестивал - Меѓу животот и театарот

Со шекспировата „12 ноќ“, во режија на Илир Бокши и изведба на Националниот театар од Приштина, Косово, утревечер од 20 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, ќе започне шестото издание на интернационалниот „Скупи фестивал“. На манифестацијата, до 18 ноември, ќе бидат прикажани и театарски проекти од Романија, Финска, Израел, Албанија и од Бугарија.
Помеѓу животот и театарот е мотото на годинешното, шесто по ред, издание на Интернационалниот театарски фестивал Скупи.
Постојано се поставува тоа прашање дали е театарот повистинит од животот или, пак, животот е театар? Дали имаме театар во нашите животи? Скупи фестивал оди некако тенко по таа линија помеѓу едното и другото. Секогаш кога сме помислиле дека имаме проблем со животот ни се случило театар и секогаш кога сме биле во театар животот ни бил поубав. Токму нашиот фестивал се обидува да го избалансира и едното и другото – што повеќе живот и што повеќе театар веројатно на сите ќе ни биде поубаво.
Сенко Велинов, уметнички директор на „Скупи фестивал“.

„Постојано се поставува тоа прашање дали е театарот повистинит од животот или, пак, животот е театар? Дали имаме театар во нашите животи? Скупи фестивал оди некако тенко по таа линија помеѓу едното и другото. Секогаш кога сме помислиле дека имаме проблем со животот ни се случило театар и секогаш кога сме биле во театар животот ни бил поубав. Токму нашиот фестивал се обидува да го избалансира и едното и другото – што повеќе живот и што повеќе театар веројатно на сите ќе ни биде поубаво“, вели Сенко Велинов, уметнички директор на „Скупи фестивал“.

Тој дополнува дека нелогично во времево на немаштија во театарот се работат сè поскапи и погломазни продукции кои се заковани за матичните сцени, та затоа тие како организатори на оваа меѓународна манифестација се решиле на домашната публика да и ги претстават помобилните проекти и оние за кои сметале дека со естетиката што ја донесуваат вредат да бидат видени.
Ова е за нас нов голем предизвик и ние сме почестени што сме тука во Македонија. Додека трае фестивалот ќе работиме на тоа да ја прилагодиме претставата која говори за поединецот, семејството, општеството и колективните правила во време криза, на сосема поинакви услови за нејзино прикажување.
Миира Сипола, режисерка.

Од таму како посебност се издвојува една од најинтересните актуелни балкански театарски претстави - шекспировата „12 ноќ“ во режија на Илир Бокши и изведба на Националниот театар од Приштина, а на манифестацијата ќе ги видиме и „Игри позади куќа“ и „Амалиа диши длабоко“, обете во продукција на АКТ од Букурешт, Романија, орвеловата „Животинска фарма“ во адаптација на Гај Мастерсон, режија на Ран Шахав и изведба на Нир Менки од израелската Независна продукција, тука е и албанскиот Билис театар кој доаѓа со проектот „За еден кажан збор“, потем Драмскиот и куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија, кој ќе ја одигра „Кокошка“ на Николај Кољада во режија Александра Кардалевска, за да конечно кругот биде затворен со „А плус“ - продукција креирана при „Европската работилница за Актери – Автори“ зад која стојат „МТФ Скупи фестивал“, „Л‘ескалиер“ од Париз, Францијас и косовскиот „Ода театар“.

На сцената на Македонскиот народен театар, каде патем трета година по ред се одржува овој меѓународен фестивал, ќе се случи и премиерната изведба во затворен простор на „Божествена комедија 3.0“ на „Мили театар“ од Хелсинки. Овој проект кој е работен по делото на Данте Алигиери и во кој екипата е составена од уметници од Финска, Португалија, Грција и Јапонија, како авторката и режисерка го потпишува Миира Сипола. Таа е среќна што по летната праизведба на мермерната сцена покрај едно португалско езеро проектот конечно ќе осамне и во театар.

„Ова е за нас нов голем предизвик и ние сме почестени што сме тука во Македонија. Додека трае фестивалот ќе работиме на тоа да ја прилагодиме претставата која говори за поединецот, семејството, општеството и колективните правила во време криза, на сосема поинакви услови за нејзино прикажување.“

Инаку, сите девет проекти ќе бидат во конкуренција за единствената награда на манифестацијата – најдобра претстава во целина за која овојпат ќе одлучува жирито составено од актерите Емил Рубен и Салаетин Билал и драматургот Ана Багриана од Бугарија.